fbpx
Таг: невработеност

таг: невработеност

Шести европски конгрес за мали и средни претпријатија во Катовице

Шестиот европски конгрес за мали и средни претпријатија се одржа во Катовице, Полска, од 10 до 12 октомври. На конгресот оваа година учествуваше и делегација од Стопанската комора на Македонија, предводена од претседателот Бранко Азески. - Улогата на малите и на средните претпријатија во македонската економија е сè поголема и позначајна. Имајќи го предвид силниот потенцијал за развој на приватниот сектор во...

Светска банка ни предвидува економски пораст од само 2 проценти, најмал во регионот

Економскиот пораст во Македонија се очекува да забави и да достигне ниво од само 2 проценти во 2016 година под влијание на намалувањето на инвестициите, се вели во најновиот економски извештај на Светска банка за Југоисточна Европа, кој денеска беше презентиран во Скопје. - Првпат по шест години, инвестициите имаа негативен придонес во економскиот пораст, што е спротивно на земјите...

Стапката на невработеност во Канада се зголемила на 7 проценти

Во Канада во август се отворени 26.000 нови работни места, додека стапката на невработеност се зголемила за седум проценти, покажуваат податоците на канадската влада. „Зголемувањето на невработеноста се случи бидејќи повеќе луѓе учествуваа на пазарот на трудот,“ се наведува во соопштението на канадската статистичка канцеларија, а пренесуваат светските агенции. Зголемувањето на стапката на невработеност се случува во тешки времиња за канадската економија,...

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ нема кредибилитет да зборува за плати и за работнички права

СДСМ одамна го изгуби кредибилитетот да говори за минималната плата и за работничките права, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Драган Тевдовски, претседател на комисијата за економија и член на извршниот одбор на СДСМ. „СДСМ затвори 684 фабрики и остави на улица повеќе од 200.000 работници. Лагите на СДСМ и лицемерната грижа за работниците веќе не поминуваат. СДСМ...

Стапката на невработеност изнесува 24 проценти во второто тримесечје

Во второто тримесечје од годинава, стапката на невработеност изнесува 24 проценти, објави Државниот завод за статистика. Бројот на активно население е 948.376 лица, од кои вработени се 720.674, а 227.702 се невработени. Во однос на првиот квартал, стапката на невработеност е намалена за 0,5 отсто.

ВМРО-ДПМНЕ: Во времето на СДСМ странските инвеститори бегаа од Македонија

Во времето кога СДСМ беше на власт, граѓаните масовно се ограбуваа, а странските инвеститори бегаа од Македонија како што Заев бега од избори, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Петре Шилегов. „Затоа СДСМ не може да наброи ниту една инвестиција и не смее да помисли да спомене која било компанија на која ѝ бил побаран поткуп и се откажала од каква...

Темпото на вработување во ЕУ забавува

Во Европска Унија се забавува темпото на вработувања, така што статистиката покажува дека секој шести е невработен, во првите три месеци годинава. Работа пронашле 15,4 проценти од невработените, односно три милиони невработени, наведува Евростат. Со тоа, темпото на вработување било забавено во однос на четвртото тримесечје лани, кога работа успеале да пронајдат 18 проценти од невработените или 3,5 милиони луѓе. Извештајот...

Невработеноста во Велика Британија под 5 проценти првпат од 2005 година

Стапката на невработеност во Велика Британија заклучно со мај oпадна на 4,9 проценти, што е најниско ниво од 2005 година, соопшти денеска британската канцеларија за статистика. Како што наведува њујоршката агенција „Блумберг“, британскиот пазар на труд продолжил да покажува сигнали на закрепнување по одлуката Велика Британија да излезе од Европската Унија. Кога станува збор за платите, порастот на основните примања неочекувано...

ВМРО-ДПМНЕ реагира на прес-конференцијата на Дамјан Манчевски

Срамната изјава на Дамјан Манчевски е показател дека на СДСМ не само што му пречи успешна Македонија, туку му пречат и луѓето кои се едни од најважните членови на тимот што постигнува врвни економски резултати во време на економски и политички кризи, реагираат од владејачката ВМРО-ДПМНЕ на денешната изјава на Манчевски. „Ставрески беше дел од економскиот тим кој ја намали невработеноста...

Стапката на невработеност е 24,5 проценти во првото тримесечје годинава

Во првото тримесечје од 2016 година, активното население во Македонија брои 945.821 лице, од кои вработени се 714.435, а 231.386 лица се невработени, објави Државниот завод за статистика Стапката на вработеност изнесува 42,6 проценти, додека стапката на невработеност е 24,5 проценти.

Повеќе од 24 отсто невработеност во Грција

Во Грција останува висока стапката на невработеност. Според податоците на грчкиот завод за статистика објавени денеска, во март во Грција имало 24,1 отсто невработеност. Бројката е пониска во споредба со претходните години, што покажува мало намалување на невработеноста во споредба со лани. Во март 2015 година невработеноста била 25,7 отсто, додека во февруари годинава - 24,2 отсто. Процеките на заводот...

Мирно завршија протестите во Бања Лука

Мирно и без инциденти завршија двата протести што денеска се одржаа во Бања Лука. Под мотото „Да ја ослободиме Српска“, опозицијата ги повика граѓаните да го искажат незадоволство од актуелната политичка и економска состојба и ги обвинија властите во Бања Лука дека се корумпирани и дека се главни виновници за високата невработеност. За време на протестите, не беше дозволено движење на демонстрантите...

ММФ: Корупцијата годишно „јаде“ два отсто од глобалната економија

Давањето мито вшмукува 1.500 до 2.000 милијарди долари годишно во светот, што ја нагризува економијата и ја влошува социјалната заштита за сиромашните, се наведува во најновиот извештај на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) за состојбите со корупцијата. Корупција, мито и другите облици на измами кои се заеднички и за сиромашните и за богатите земји, го ограничуваат економскиот пораст и ја поткопуваат политиката на...

Се зголемува невработеноста во САД

Во американската економија во март биле отворени 215.000 работни места, но стапката на невработеност се зголемила, покажуваат денеска објавените податоци на американското министерство за труд. Бројот на нови работни места е подобар во однос на очекувањата на аналитичарите кои прогнозирале отворање на 200.000 работни места, но и покрај тоа стапката на невработеност се зголемила на пет отсто од 4,9 отсто...

ВМРО-ДПМНЕ: Намалувањето на невработеноста е најголем успех на оваа Влада

„Намалувањето на невработеноста е најголем успех на оваа Влада и СДСМ тоа добро го знае. Отворени се работни места во секој град, вкупно 150.000“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ, по повод соопштението на СДСМ за вработувањата. Понатаму во него се потсетува за „намалување на даноците, воведувањето на најнизок рамен данок во Европа, како и за намалените стапки за придонеси за пензиско...

Во областа Гора невработени се 95 проценти од жителите

Македонското друштво „Илинден“ од Тирана ја повика владата на Албанија итно да преземе соодветни мерки за подобрување на состојбата во областа Гора, истовремено искажувајќи ја својата загриженост за крајно неповолната положба на тамошните етнички Македонци. - Сметаме дека досегашното однесување кон областа Горa и кон тамошното население значи кршење на основните човекови права според меѓународните конвенции. Потврда за ваквиот наш...

Најниска стапка на невработеност во еврозоната

Во еврозоната во декември минатата година имало 15,5 милиони невработени луѓе, односно најмалку во последните четири години, покажуваат податоците на европската служба за статистика Евростат. Бројот на невработени е намален за 49.000, што е најмала бројка на невработени лица од октомври 2011 година, пренесува АП. Стапката на невработеност на месечно ниво во декември е намалена на 10,4 проценти, така што е најниско ниво од...

Ременски: Бројот на невработени во ПИОМ и во ДЗС се разликува за 160.000

Техничката министерка за труд и социјална политика, Фросина Ташевска-Ременски, во интервју за граѓанското здружение „Цивил“, го покренува прашањето за тоа колку е реална стапката за намалената невработеност, имајќи предвид дека постои разлика во статистиката на државните институции за бројот на невработените. - Имаме и голема дилема во делот на бројките, особено ако се има предвид дека Фондот за пензиско и...

48 магистри и еден доктор на науки на списокот на невработени во Охрид

Според официјалната статистика, Охрид е на врвот на листата според иселувањето, а главната причина е невработеноста, која годишно се зголемува за близу 500 нови баратели на работа. Во Охрид, за вбработување чекаат 763 лица со факултетска диплома, а меѓу нив се и 48 магистри и еден доктор на науки. Во Агенцијата за вработување, заклучно со август 2015 година, евидентирани се вкупно 4.583 лица...

Груевски: Опозицијата ги минира преговорите за да ги одложи изборите

Премиерот Никола Груевски во интервју за телевизијата „Сител“ вечерва најави изградба на нов студентски дом во Скопје, рече дека во моментов во Македонија има историски најниска невработеност од 26,8 проценти и ја обвини опозицијата дека ги минира преговорите за да ги одложи изборите договорени за април идната година. Груевски, кој најчесто се појавува токму на „Сител“, изјави дека од осамостојувањето...