fbpx

Ременски: Бројот на невработени во ПИОМ и во ДЗС се разликува за 160.000

-

Техничката министерка за труд и социјална политика, Фросина Ташевска-Ременски, во интервју за граѓанското здружение „Цивил“, го покренува прашањето за тоа колку е реална стапката за намалената невработеност, имајќи предвид дека постои разлика во статистиката на државните институции за бројот на невработените.

– Имаме и голема дилема во делот на бројките, особено ако се има предвид дека Фондот за пензиско и инвалидско осигурување за 2014 година, избројал 536.191 вработен, додека Државниот завод за статистика избројал 696.000 вработени! Значи, станува збор за бројка од 160.000 (не)вработени што се јавува како разлика, со бројот на Заводот за статистика, кој го утврдил врз основа на анкета, а не врз основа на реални показатели. Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, пак, оваа бројка ја има регистрирано врз основа на плаќање придонеси од работодавците. Останува нејасно, каде се губи таа бројка од 160.000 вработени во период од една година?! Односно, дали за тие 160.000 лица разлика, се плаќаат придонеси во Фондот или не се плаќаат? – вели Ременски.

Министерката во интервјуто се задржа и на манипулациите со корисниците на социјалната заштита и со социјално ранливите категории воопшто.

– Бројни извештаи нотираат одредени злоупотреби од одговорни лица, особено во делот на изборите, кога со списокот се оди од врата до врата и се заканува со укинување на право на социјална помош, само ако не се испочитува волјата да се даде гласот за владејачката партија. И во периодот што следува, примарен фокус е отстранување секаква злоупотреба во тој дел, односно повикување на одговорност на секој што ќе пристапи до злоупотреба на овие податоци. Секоја злоупотреба во овој период, особено пред избори, за изнудување глас за избори или за заплашување, ќе биде строго санкционирана. Овие обврски се веќе во изборниот законик и за тоа се одговара кривично, со казна затвор – рече Ременски, притоа повикувајќи ги сите корисници на социјална помош, да пријавуваат секаква закана или нелагодна позиција, во која ќе се најдат поради службено лице, за некоја друга услуга, а не за тоа што е потребно за остварување на правата.

„Цивил“ – Центарот за слобода, за да придонесе кон политичкиот дијалог во општеството во пресрет на вонредните избори во 2016 година, почна со серија интервјуа со претставници на граѓанското општество, експертската заедница и со владата.

Покрај интервјуто со Ременски, кое е прво во серијалот на „Цивил“, побарани се интервјуа и од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, министерот за надворешни работи Никола Попоски и со министерот за правда Аднан Јашари.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Температурните разлики се шок за луѓето, летоска можно е да има грмотевични бури

Деновиве се случуваат големи температурни осцилации. Влеговме во пролет со летни температури, а сега имаме ниски температури. Чувствителните луѓе реагираат на овие драстични временски разлики бидејќи организмот не може...