fbpx
Таг: НАТО

таг: НАТО

Џафери ќе се залага за поинтензивна парламентарна соработка со Норвешка

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, денеска на шефот на норвешката дипломатија, Борге Бренде, му заблагодарил за помошта и за поддршката што Норвешка ѝ ја дава на Македонија во процесот на евроатланската интеграција и истакнал дека ќе се залага за поинтензивна парламентарна соработка меѓу двете држави. Министерот, честитајќи му го изборот на функцијата на претседателот Џафери, ја нагласил подготвеноста за продолжување на...

Бренде до Заев: Норвешка ќе ѝ помогне на Македонија на патот кон ЕУ и кон НАТО

Премиерот Зоран Заев, придружуван од министерот за надворешни работи, Никола Димитров, денеска со шефот на норвешката дипломатија, Борге Бренде, разговараше за состојбата во Македонија и за приоритетите на новата влада. Заев го информирал Бренде дека новата влада работи посветено на реформите и на демократските вредности. Тој истакнал дека иднината на Република Македонија е во Европската Унија и во НАТО. На средбата,...

Димитров и Гарет разговарале за реформските приоритети

Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров, денеска се сретна со британскиот амбасадор Чарлс Гарет, со кого разговарал за остварувањето на надворешно-политичките приоритети на новата реформска влада, со акцент на силната определба за зацврстување на владеењето на правото и на демократијата во земјата. Димитров и Гарет разговарале и за имплементирањето на итните реформски приоритети, при што Димитров искажал...

Шефот на норвешката дипломатија Бренде во посета на Македонија

Министерот за надворешни работи на Кралството Норвешка, Борге Бренде, денеска ќе биде во посета на Македонија, каде што треба да се сретне со државниот врв. Бренде во 11 часот ќе се сретне со македонскиот министер за надворешни работи, Никола Димитров, по што ќе следува средба помеѓу делегациите на двете земји, а потоа двајцата министри ќе даваат изјави за медиуми. Како што...

Шекеринска – Алтхаузер: Македонија треба да биде таму каде што припаѓа – во НАТО и во ЕУ

Со реализацијата на реформските зафати, во областа на владеењето на правото, слободата на медиумите и контролата на извршната власт, за краток период ќе покажеме дека на Македонија ќе може да се гледа како на земја која повторно ја воспостави суштината на демократските принципи. Ова го истакнала министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, на денешната средба со амбасадорката на Германија во земјава,...

Експлозија во близина на воен објект на НАТО во Турција

Послаба експлозија одекна утринава во близина на воен објект на НАТО во провинцијата Измир, во западниот дел на Турција, објавија турските медиуми. Како што се наведува, во експлозијата е оштетен ѕид во близина на воен објект на НАТО, но во инцидентот никој не е повреден. Полицијата ја обезбедила областа и ја истражува причината за несреќата.

Заев – Нинова: Kако левичари, ќе придонесеме за поголема демократија во државите

Премиерот Зоран Заев, во својство на претседател на СДСМ, денеска во седиштето на Бугарската социјалистичка партија се сретнал со претседателката на партијата, Корнелија Нинова. Нинова ја поддржала Македонија во интегративните процеси кон НАТО и кон Европската Унија. „Договоривме најмалку еднаш да држиме билатерални конференции за да ги размениме сите неопходни искуства. Ние веруваме дека како левичари, во оштеството можеме да бидеме авангардата на демократизација на...

Заев од Софија: Договорот за добрососедство ќе го потпишеме на Илинден во Македонија

Премиерот на Македонија, Зоран Заев, и неговиот домаќин, бугарскиот премиер Бојко Борисов, денеска во Софија разговарале за приближувањето на ставовите на двете земји околу договорот за добрососедство, кој како што изјавил Заев по средбата, ќе биде потпишан на 2 август, односно на празникот Илинден, кој заеднички ќе биде чествуван во Македонија, пренесува бугарската агенција БГНЕС. - Разговаравме за приближувањето на...

Џафери: Македонија заедно со САД, ЕУ и со НАТО подготвува стратегија за кибер-одбрана

Македонија во соработка со САД, Европската Унија и со НАТО подготвува стратегија за кибер-одбрана, со која треба да се зајакнат капацитетите на државната безбедност. Ова го истакнал претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, на денешната средба со Роберт Питинџер, американски конгресмен и претседател на конгресната работна група за тероризам и за неконвенционално војување. Средбата меѓу Џафери и Питинџер...

Владата на тематска седница ќе го утврдува правецот на реформските приоритети

Владата денеска ќе одржи тематска седница што ќе биде посветена на утврдувањето на правецот на реформските приоритети. Седницата, како што соопштија од Владата, е закажана за напладне, а еден час подоцна, односно во 13 часот, владиниот кабинет ќе ја одржи седмата редовна седница. „Во согласност со предложениот дневен ред, на седмата владина седница ќе бидат разгледани состојбите и напредокот во процесот на...

Заев со Чавушоглу: Реформската влада ги отвора евроатлантските перспективи

Премиерот Зоран Заев, придружуван од министерот за надворешни работи, Никола Димитров, и од пратеникот Мухамед Зекири, попладнево се сретна со Мевљут Чавушоглу, министер за надворешни работи на Република Турција, придружуван од пратениците Хусејин Бурге и Шабан Дишли, како и од амбасадорката на Турција во Македонија, Тулин Еркал Кара, соопшти Владата на Република Македонија. Според соопштението, на средбата соговорниците изразиле заедничка определеност...

Чавушоглу: На Македонија ѝ се нанесува голема неправда

Односите меѓу двете држави, приоритетите на Македонија, членството во ЕУ и во НАТО, како и политичката ситуација во земјава и надвор од неа, се темите за кои разговарале министерот за надворешни работи на Турција, Мевљут Чавушоглу, и министерот за надворешни работи на Македонија, Никола Димитров. Шефот на македонската дипломатија посочи дека со турскиот колега зборувале за развивање на економските односи...

Шефот на турската дипломатија Чавушоглу се сретна со претседателот Иванов и со Груевски

Турскиот министер за надворешни работи,  Мевљут Чавушоглу, денеска се сретна со претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, како и со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. „На средбата беше разговарано за понатамошното продлабочување на билатералните односи и за зголемување на соработката меѓу Република Македонија и Република Турција. Изразувајќи благодарност за цврстата и принципелна поддршка на Република Турција во однос на нашите...

Руското МНР иронично му забележа на Столтенберг за изјавата по средбата со Заев

Портпаролката на руското министерство за надворешни работи, Марија Захарова, на денешниот брифинг за новинарите иронично ја искоментира изјавата на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, по средбата со македонскиот премиер Зоран Заев, во понеделникот оваа недела во Брисел. Захарова се осврна на изјавата на Столтенберг, во која тој рече дека секое мешање однадвор во внатрешните политички процеси на некоја земја...

Димитров: Во Атина ќе барам помош, поддршка и разбирање

Не сум во Атина за да извршам притисок, тука за да побарам помош, поддршка и разбирање, изјави синоќа шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров, во интервју за грчката телевизија „Скај“. - Би сакал Грција да биде нашиот најголем сојузник, бидејќи ние сме соседи. Ќе бидеме тука, ќе делиме граница, а се надеваме еден ден, ако имаме заедничка европска идина, да нема...

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да ги поддржи интеграциските процеси, 11 години ги кочеше

„ВМРО-ДПМНЕ имаше 11 години за да ги придвижи интеграциските процеси и да работи на полноправно членство на Македонија во ЕУ и во НАТО. Но, спротивно од тоа, ВМРО-ДПМНЕ со години работеше на изолација на Македонија и спротивно на државните и на интересите на граѓаните, ги кочеше евроатлантските интеграции“, се вели во реакцијата на СДСМ на прес-конференцијата на пратеникот на...

Ѓорчев: СДСМ да обезбеди влез во ЕУ и во НАТО без задирање во идентитетот

„Новиот министер за надворешни работи, Никола Димитров, не смее да отстапи од највисоките државни и национални интереси, а тие се веќе дефинирани: членство во евроатлантските структури и одбрана на македонскиот идентитет“, порача пратеникот Владимир Ѓорчев денеска на прес-конференција во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ. Тој посочи дека Република Македонија треба да стане членка на НАТО и на ЕУ веднаш и без одложување, но притоа...

Столтенберг: НАТО останува на ставот од Букурешт – да се реши спорот за името

НАТО и остатокот од меѓународната заедница беа шокирани од нападот во Собранието, истакна генералниот секретар на НАТО, Јен Столтенберг, на заедничката прес-конференција со македонскиот премиер, Зоран Заев. Тој истакна дека од април досега е направен голем напредок во Македонија, но дека новата влада треба да работи на подобрување на доброто владеење, владеење на правото, зајакнување на демократските институции, подобрување на...

Заев попладнево ќе има одделни прес-конференции со Хан и со Столтенберг

Премиерот Зоран Заев и еврокомесарот за проширување и за добрососедска политика, Јоханес Хан, попладнево во 14.30 часот ќе имаат заедничка прес-конференција. На прес-конференцијата ќе бидат соопштени детали од разговорите што Заев ги имал со Хан во однос на европската перспектива на Македонија, како и за можноста за отстранување на условеноста од препораката за членство на земјата во ЕУ. Се очекува Заев...

ВМРО-ДПМНЕ: Преговори за името без да се задира во идентитетот

„Сите очекуваат СДС да го оствари и ветувањето за брз влез во НАТО и во ЕУ без притоа да се задира во идентитетските прашања и да се прават договори на штета на македонскиот народ“, се вели во утринското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ. Од опозициската партија додаваат дека без разлика на повторувањето на грчките црвени линии од страна на шефот на грчката...

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...