fbpx
Таг: НАТО

таг: НАТО

Столтенберг: НАТО останува на ставот од Букурешт – да се реши спорот за името

НАТО и остатокот од меѓународната заедница беа шокирани од нападот во Собранието, истакна генералниот секретар на НАТО, Јен Столтенберг, на заедничката прес-конференција со македонскиот премиер, Зоран Заев. Тој истакна дека од април досега е направен голем напредок во Македонија, но дека новата влада треба да работи на подобрување на доброто владеење, владеење на правото, зајакнување на демократските институции, подобрување на...

Заев попладнево ќе има одделни прес-конференции со Хан и со Столтенберг

Премиерот Зоран Заев и еврокомесарот за проширување и за добрососедска политика, Јоханес Хан, попладнево во 14.30 часот ќе имаат заедничка прес-конференција. На прес-конференцијата ќе бидат соопштени детали од разговорите што Заев ги имал со Хан во однос на европската перспектива на Македонија, како и за можноста за отстранување на условеноста од препораката за членство на земјата во ЕУ. Се очекува Заев...

ВМРО-ДПМНЕ: Преговори за името без да се задира во идентитетот

„Сите очекуваат СДС да го оствари и ветувањето за брз влез во НАТО и во ЕУ без притоа да се задира во идентитетските прашања и да се прават договори на штета на македонскиот народ“, се вели во утринското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ. Од опозициската партија додаваат дека без разлика на повторувањето на грчките црвени линии од страна на шефот на грчката...

Заев во Брисел ќе ја потврди посветеноста на Владата на евроатлантските интеграции

Премиерот Зоран Заев денеска е во прва официјална посета на Брисел, откако стапи на премиерската функција. Заев, кој е придружуван од вицепремиерката и министер за одбрана Радмила Шекеринска, вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи и од министерот за надворешни работи Никола Димитров, ќе има средби со претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, со високата претставничка за заедничка надворешна и безбедносна политика...

ВМРО-ДПМНЕ: Коѕиас не придонесува за надминување на спорот за името

„Република Македонија ги исполни сите услови за членство во НАТО уште во 2008 година на самитот во Букурешт. Само поради непринципиелната блокада од страна на Грција, Македонија не е членка на НАТО“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕиас, кој уште еднаш повтори дека грчката влада не отстапува од...

Заев утре првпат официјално во Брисел, на средби со Туск, Могерини, Хан и со Столтенберг

Премиерот Зоран Заев утре во Брисел ќе се сретне со високи претставници на ЕУ и на НАТО, информираат од Владата. Ова претставува прва официјална посета по преземањето на должноста претседател на Владата. Оттаму велат дека целта е Владата да ја потврди својата целосна посветеност на интеграциите во ЕУ и во НАТО, како стратешка цел на земјата и да ги презентира...

Коѕиас: Грчката влада не отстапува од ставот за името и нема да потклекне на притисоци

„Грчката влада не отстапува од своите ставови и нема да потклекне под притисоци за прием на БЈРМ во НАТО под привремената референца, како што интензивно периодов се слуша од различни политички и медиумски извори и во двете држави“, изјавил шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕиас, во својот говор во Кожани. „Сега, кога работите се стабилизираа, повторно ќе дојдат некои европски политичари и...

Пломп: Прв приоритет на новата Влада треба да биде подобрување на животот на граѓаните

„Новата Влада треба да ги одреди своите приоритети, но ако ме прашувате мене, јас би рекол дека првиот приоритет треба да биде подобрување на животот на сите граѓани во државата“, вели амбасадорот на Холандија во Македонија, Ваутер Пломп, во неделното интервју за „Радио Слободна Европа“. Како приоритети, амбасадорот исто така ги спомна и владеењето на правото, отчетноста, инклузивноста и генерално спроведувањето...

Меркел до Заев: Ја имате поддршката на Германија, се гледаме на 12 јули

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска испратила честитка до Зоран Заев по повод неговиот избори за премиер и по повод формирањето на новата Влада. „Срдечно Ви честитам за Вашиот избор за премиер. Сојузната влада решително ја поддржува целта на понатамошното приближување на Вашата земја до Европската Унија и НАТО. Сојузна Република Германија со задоволство ќе Ве поддржи во Вашите заложби“, вели...

Османи-Река: Зајакната регионална соработка е клучна за влезот на Западен Балкан во ЕУ

Убеден сум дека во вакви времиња кога ЕУ се соочува со многу предизвици, интеграцијата на Западен Балкан треба да се гледа како одговор во справувањето со овие предизвици. Целосна интеграција на сите земји од Западен Балкан во Европската Унија и во НАТО е неопходна, нагласил вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи на денешната средба со амбасадорот на Република Албанија,...

Заев – Кара: Владата ќе ги унапредува односите со сите држави, особено со пријателските

Премиерот Зоран Заев денеска имал средба со амбасадорката на Турција во Македонија, Еркал Кара, на која било поздравено пријателството меѓу две земји и била изразена подготвеност за унапредување на соработката базирана на демократски принципи, на економски план, како и во сите области од интерес на граѓаните. „Примарна цел на Владата е да ги унапредува односите со сите држави, особено со земјите...

Груевски до Хан: И како опозиција, силно ќе работиме Македонија да стане членка на ЕУ

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, денеска се сретна со еврокомесарот за проширување и за добрососедска политика, Јоханес Хан, во Брисел. На средбата, Груевски истакнал дека ВМРО-ДПМНЕ и како опозиција силно ќе работи Македонија да почне преговори со Европскaта Унија и да добие членство во НАТО. „По толку многу направени реформи, редно време е Македонија да ги почне преговорите за членство во...

Заев до Тимоние: Подготвени сме за брзо и ефикасно спроведување на реформите

Премиерот Зоран Заев денеска со францускиот амбасадор Кристијан Тимоние разговарал за приоритетите на новата Влада, како и за отворањето на перспективите на Република Македонија кон Европската Унија и кон НАТО. - Подготвени сме за брзо, квалитетно и ефикасно спроведување на клучните реформи што ќе обезбедат квалитетен живот за сите граѓани, а ќе ги осигураат и евроатлантските интеграции на Македонија -...

Тачи до Жбогар: Дијалогот да продолжи со посредство на меѓународната заедница

Лидерот на ДПА, Мендух Тачи, и евроамбасадорот Самуел Жбогар денеска разговарале за актуелната политичка ситуација, како и за неопходните реформи што Македонија мора да ги спроведе на патот кон евроатланските интеграции, соопштија денеска од ДПА. „Тачи го информираше амбасадорот на ЕУ за ставовите на ДПА околу политичката ситуација во земјата, како и за погледите на ДПА за решавање на внатрешните...

Лавров: САД и ЕУ сакаат повторно да загосподарат со Балканот

„Нашите западни колеги, пред сè САД и водечките европски земји, се опседнати со идејата повторно да загосподарат со Балканот. ЕУ има некои планови во тој поглед. Преговарачките процеси се во тек, а во нив се Србија, заедно со Косово, Македонија и Црна Гора“, изјави денеска шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров. Тој додаде дека Русија нема ништо против овие земји...

Заев до Марковиќ: Приемот на Црна Гора во НАТО е силна мотивација за новата влада

Премиерот Зоран Заев испрати честитка до премиерот на Црна Гора, Душко Марковиќ, за приемот на Црна Гора во Северноатлантската алијанса (НАТО). „Овој сигнал на отворени врати на Алијансата е силна мотивација за новата влада на Република Македонија да продолжи да работи според демократските вредности и владеењето на правото, вложувајќи во потребната модернизација на Армијата според стандардите на НАТО, за во најкус можен...

ЛДП: Честитки за Црна Гора, наредна земја во НАТО да биде Македонија

Либерално-демократската партија (ЛДП) го поздрави приемот на Република Црна Гора во НАТО, што, како што вели, ќе ја подобри стабилноста и безбедноста на регионот. Партијата изрази надеж дека наскоро ќе се случи истото и со Македонија и побара од новата власт сериозна работа на спроведувањето на реформите за евроатлантските вредности. „Претходната влада, на чело со Никола Груевски, не успеа да ги...

„Гардијан“: Русија една деценија работела на оддалечување на Македонија од НАТО

Руски шпиони и дипломати речиси една деценија работеле на ширење пропаганда и на провоцирање раздор во Македонија, како дел од пошироките напори на Кремљ да го зголеми своето влијание во земјите од поранешна Југославија и да го спречи нивното членство во НАТО, како и да ги држи подалеку од западното влијание, пишува британскиот весник „Гардијан“. Овие активности почнале во 2008...

Димитров: Новата Влада е цврсто решена Македонија да стане членка на ЕУ и на НАТО

Новата реформска влада на Република Македонија е сериозно подготвена и цврсто решена нашата земја да стане дел од евроатлантските интеграции. Ова го истакнал министерот за надворешни работи Никола Димитров на состанокот на шефовите на дипломатиите на земјите од Западен Балкан што се одржа вчера во рамките на самитот на лидерите од Процесот Брдо - Бриони, во Брдо кај Крањ,...

Сега треба да се спроведат итните реформи и да има владеење на правото, порача Столтенберг

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, соопшти дека му честитал на премиерот Зоран Заев за формирањето нова влада. „Разговарав денеска со премиерот Заев и му честитав за неговите нови одговорности. Се согласивме за важноста од итно спроведување на реформите, вклучувајќи го доброто владеење и владеењето на правото. Овие реформи ќе бидат од корист за сите граѓани на поранешната југословенска Република...

Пет илјади ученици полагаат тестови за меѓународната студија ТИМСС

Вкупно 5.000 ученици од 150 училишта во државата деновиве се тестираат за потребите на ТИМСС меѓународната студија. Како што информира Билјана Михајловска, директорката на Државниот испитен центар (ДИЦ), децата...