fbpx

Шекеринска – Алтхаузер: Македонија треба да биде таму каде што припаѓа – во НАТО и во ЕУ

-

Со реализацијата на реформските зафати, во областа на владеењето на правото, слободата на медиумите и контролата на извршната власт, за краток период ќе покажеме дека на Македонија ќе може да се гледа како на земја која повторно ја воспостави суштината на демократските принципи. Ова го истакнала министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, на денешната средба со амбасадорката на Германија во земјава, Кристине Алтхаузер.

Шекеринска, како што соопштуваат од нејзиниот кабинет, се заблагодарила за континуираната поддршка од Германија на патот кон полноправно членство на Македонија во НАТО и процесите за реформи и за модернизација на вооружените сили.

„Министерството за одбрана е посветено на членството во НАТО како наша стратешка цел, а ќе работи и на унапредување на транспарентноста на институцијата и процесот на модернизација на Армијата на Република Македонија“, додала министерката за одбрана.

Алтхаузер, на средбата истакнала дека Германија недвосмислено ја поддржува интеграцијата на Македонија во евроатлантските организации.

„Македонија треба да биде таму кај што припаѓа – интегрирана во НАТО и во Европската Унија“, порачала германската амбасадорка.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...