fbpx
Таг: НАТО

таг: НАТО

ВМРО-ДПМНЕ: Чекаме Заев час поскоро да ја внесе Македонија во ЕУ и во НАТО

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска соопшти дека во Собранието ќе гласа за членство на Македонија во Европската Унија и во НАТО и го повика премиерот Зоран Заев „да го искористи моментот и веднаш, час поскоро, да ја внесе земјата во ЕУ и во НАТО“. Од партијата велат дека ги поздравуваат средбите и телефонските разговори што ги имаше Заев со челниците на поважните земји од...

Собранието треба да усвои декларација за забрзување на реформите од планот „3-6-9“

Комисијата за европски прашања на Собранието на денешната седница, на чиј дневен ред е реформскиот план на Владата „3-6-9“, треба да усвои декларација за забрзување на реформските и на интегративните процеси за зачленување на Македонија во Европската Унија и во НАТО. Целта на декларацијата, како што е наведено во образложението од Комисијата, е да ја „потврди консензуалната и надпартиска сплотеност...

Борис Џонсон: Британија ќе направи сè што може за Македонија да влезе во НАТО и во ЕУ

Велика Британија ќе направи сè што може за да ѝ помогне на Македонија на нејзиниот пат за влез во Европската Унија и во НАТО, истакнал шефот на британската дипломатија, Борис Џонсон, на средбата со македонскиот премиер Зоран Заев, во рамките на самитот за Западен Балкан во Трст, Италија. Џонсон, кој ја претставувал британската премиерка Тереза Меј на самитот, нагласил дека...

Ципрас: Прво да се реши спорот за името, потоа влез во ЕУ и во НАТО

Грчкиот премиер Алексис Ципрас денеска ги повтори ставовите на Атина дека спорот за името меѓу Грција и поранешната југословенска Република Македонија мора да се реши пред малиот балкански сосед да се приклучи кон Европската Унија и кон НАТО, пишува грчкиот весник „Катимерини“. Говорејќи на заедничката прес-конференција со српскиот претседател Александар Вучиќ, пред трилатералниот самит на лидерите на Грција, Србија и...

Иванов – Бејли: Потребен е нов импулс за членството на Македонија во НАТО

Претседателот на државата, Ѓорге Иванов, денеска во „Вила Билјана“ во Охрид имал средба со амбасадорот на САД во земјава, Џес Бејли, на која истакнал оти очекува дека ќе продолжи американската поддршка и ангажман околу членството на Македонија во Европската Унија и во НАТО. „Македонскиот претседател истакна дека е неопходно да се создаде нов поттик и дополнителен импулс за членството на...

Ахмети: Влез во НАТО со привремената референца, па решавање на спорот за името

Двата главни приоритети на новата владина коалиција во Македонија се решавање на долгогодишниот спор со Грција околу уставното име на државата и влегувањето во НАТО под референцата „поранешна југословенска Република Македонија“, изјави лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во интервју за грчки „Катимерини“. - Решавањето на спорот за името е еден од најголемите приоритети. Ние сме соседи и нашата заедничка иднина...

Димитров: Потребна ни е насочена дипломатија и зголемено внимание

„Балканот не е на европската периферија географски, туку на периферијата на политичкото внимание. Во моментот ни е потребна добро насочена дипломатија и зголемено внимание. Геополитиката се враќа на Балканот“, изјави министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров, кој вчера и денеска учествуваше на Глобалниот форум во Варшава. - Една од лекциите што ги научивме низ справувањето со кризата е...

Борисов: Во интерес на Бугарија е Македонија да влезе во НАТО

Во интерес на Бугарија е да ѝ помогне на Македонија да влезе во НАТО, изјави бугарскиот премиер Бојко Борисов, на првата јавна дискусија меѓу Бугарија и САД, на Атлантскиот клуб во Софија. - За Македонија, се разбира дека договорот за добрососедство, кој очекуваме да го потпишеме во август, е многу важен. Треба како на најблизок сосед и народ да оставиме историчарите...

Иванов: Верувам дека ЕУ и НАТО ќе извлечат поуки од погрешениот пристап кон Македонија

„Македонија направи многу за безбедноста на Европа, а сè уште се третира како трета земја, па дури и пристапот кон одредени безбедносни инструменти на ЕУ ни е ограничен. Македонија е пример за тоа како една земја може да биде предмет на двојни стандарди кои се граничат со лицемерство“, изјави претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, на отворањето на 28....

Заев и Османи напладне ќе ги откријат деталите од реформскиот план „3 – 6 – 9“

Премиерот Зоран Заев и вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, денеска напладне на прес-конференција во Владата ќе ги соопштат деталите од предлог-планот „3 – 6 – 9“ за спроведување на реформските приоритети. Владата на вчерашната седница го усвои планот, кој треба да придонесе за добивање неусловена препорака за почеток на преговорите со ЕУ, како и да се забрза интегрирањето во...

Македонија, кодомаќин на средба со потпретседателот на САД

Македонија ќе биде кодомаќин на средбата на потпретседателот на САД, Мајк Пенс, со земјите членки на Јадранска повелба, која ќе се одржи на  2 август во Подгорица. Република Македонија која е претседавач на Јадранската повелба оваа година, заедно со Црна Гора е кодомаќин. Во Јадранската повелба членуваат Македонија, Албанија, Хрватска, Црна Гора и Босна и Херцеговина, а Србија, Косово и Словенија...

Османи – Манжин: Македонија нема друга алтернатива освен евроатланската интеграција

Проширувањето на ЕУ мора да продолжи, а Македонија нема друга алтернатива освен евроатланската интеграција, заклучија на денешната средба вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи и директорката за континентална Европа при француското министерство за надворешни работи, Флоренс Манжин. – Изгубивме премногу време пред вратите на ЕУ и тоа лошо се одрази на состојбите во Македонија. Сакаме да ја искористиме оваа можност,...

Димитров: Не ни требаат стотици споменици за да бидеме горди Македонци

„Оваа Македонија која ја претставувам е позрела Македонија. Нам не ни требаат стотина споменици на плоштадот во Скопје за да бидеме горди Македонци. Оваа Македонија им пристапува на своите соседи без предрасуди и страв“, изјави шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров, во интервју за регионалната телевизија „Н1“. Во интервјуто дадено во Дубровник, за време на Самитот на земјите учеснички во Процесот...

Иванов од Дубровник: Интеграцијата на Балканот е клучна за безбедноста на ЕУ

Европската Унија треба да го забраза интегративниот процес како витален дел од нејзината долгорочна стратегија за безбедност, порача претседателот на државата, Ѓорге Иванов, во своето обраќање на „Дубровник форум 2017“, што денеска се одржува на тема „Јадранско-медитеранска соработка и безбедноста на Југоисточна Европа“, соопшти неговиот кабинет. Балканските земји, посочил Иванов, кои сè уште не се интегрирани во Европската Унија се...

Бартол – Заев: Македонија е на добар пат кон евроатлантската интеграција

Премиерот Зоран Заев денеска се сретна со Горазд Бартол, шеф на Канцеларијата за врски на НАТО во Република Македонија. Бартол му пренел на Заев дека правецот во кој се движи Македонија е добар и отвора перспективи за граѓаните и за евроатлантските аспирации на земјата. - Поттикнавте позитивна енергија што се чувствува во земјата, а ја чувствува и Брисел, преку демократските...

Шекеринска во Брисел ќе учествува на состанокот на Северноатлантскиот совет

Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, денеска во Брисел ќе учествува на состанокот на Северноатлантскиот совет, соопшти Министерството за одбрана. Во фокусот на дискусијата, во која ќе учествуваат 39 министри за одбрана на земји-членки на НАТО, ќе биде безбедносната состојба во Авганистан и иднината на мисијата „Одлучна поддршка“, која според одлуката на земјите членки на НАТО од 25 мај, треба продолжи...

Жбогар: Има напредок, но треба да се работи на реализирање на итните реформи

Собраниската Комисијата за европски прашања денеска ја одржа својата прав седница, на која беше разговарано за унапредувањето на европската реформска агенда. Претседателот на комисијата, Артан Груби, побара комисијата да усвои заклучок за Собранието да донесе декларација за забрзување на реформските и на интегративните процеси за зачленување на Република Македонија во Европската Унија. Ваквиот предлог беше едногласно прифатен од членовите на...

Столтенберг: Канада и европските членки на НАТО ќе ги зголемат вложувањата

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, рече дека европските членки и Канада во 2017 година ќе ги зголемат издвојувањата за одбраната за 4,3 отсто. - Европските сојузници мора повеќе да вложуваат во одбраната, не затоа што САД го бараат тоа, туку затоа што е во нивен интерес – рече Столтенберг пред состанокот на министрите за одбрана на членките на НАТО во...

Груевски до Бејли: ВМРО-ДПМНЕ ќе ги поддржи сите реформи што се во интерес на граѓаните

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, заедно со членот на извршниот комитет на партијата, Никола Тодоров, денеска со американскиот амбасадор Џес Бејли разговараше за актуелната состојба, приоритетите и за предизвиците на државата. Како што соопштија од партијата, на средбата била констатирана заложбата на земјава што поскоро да добие позитивна одлука за членство во НАТО, што, како што се истакнува, преставува стратешка определба...

Владата напладне ќе ја одржи десеттата седница

Денеска со почеток во 12 часот, Владата на Република Македонија ќе ја одржи својата десетта седница. На седницата, според информациите од прес-службата, Владата ќе расправа за состојбата и за напредокот во процесот на европската интеграција, за степенот на користење и на имплементација на фондовите од ЕУ, како и за статусот на реализација на приоритетите на РМ за влез во НАТО и за статусот...

В понеделник ќе биде врачена наградата „Роман на годината“

Во понеделник, на 20 мај, во Драмскиот театар во Скопје, со почеток во 19 часот и 30 минути ќе се одржи свечено врачување на наградата „Роман на годината“ за...