fbpx
Таг: НАТО

таг: НАТО

Груевски: Пред нас е борба за современа и просперитетна Македонија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, испрати честитка до граѓаните по повод државниот празник Илинден, иако делегација на ВМРО-ДПМНЕ вчера на Мечкин камен во Крушево положи цвеќе и се поклони пред споменикот на илинденците, несакајќи тоа да го стори денеска, при официјалната прослава. „Пред нас е нова борба, борба за современа, просперитетна и економски напредна Македонија, рамо до рамо со другите европски...

ВМРО-ДПМНЕ нема да даде поддршка на Договорот, му порача Груевски на Борисов

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, и бугарскиот премиер Бојко Борисов разговараа за односите помеѓу Република Македонија и Република Бугарија и за заедничката посветеност за унапредување на добрососедските односи во сферите од заеднички интерес, како и за интеграцијата на Република Македонија во Европската Унија и во НАТО, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ. Груевски истакнал дека ВМРО-ДПМНЕ е за продлабочување на пријателството со Бугарија,...

Шпански и фински авиони пресретнале руски летала кај Естонија

Шпански и фински борбени авиони пресретнале три руски авиона кои летале во близина на воздушниот простор на Естонија, соопшти НАТО. Руските летала се идентификувани како два авиона „миг-31“ и еден транспортен авион „антонов АН-26“, додава НАТО. За пресретнувањето полетале два шпански авиона „Ф-18“ од воздухопловната база Амари во Естонија, како и фински авиони. Последниве години зголемен е бројот на руски авиони што се пресретнати...

Шекеринска – Каракачанов: Бугарија ќе ѝ помогне на Македонија на патот кон НАТО

Зајакнувањето на добрососедските односи меѓу Македонија и Бугарија се од полза не само за двете земји, туку и за регионот и за цела Европа, оценија министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, и нејзиниот бугарски колега, Красимир Каракачанов, на работната средба одржана по потпишувањето на Договорот за добрососедство помеѓу Бугарија и Македонија. Шекеринска се заблагодарила на брзата реакција на бугарската влада која...

Хелсиншки комитет бара одговорност за приведувањето на активистите

Хелсиншкиот комитет за човекови права денеска се огласи со осуда за задржувањето на четворицата граѓански активисти од страна на припадниците на полицијата за време на одржувањето на презентацијата на воена опрема на војската на САД и на АРМ во саботата, на 29 јули 2017 година, во центарот на Скопје. Од организацијата велат дека побарале одговорност за сторителите на присилното приведување. „Хелсиншкиот...

Борисов: Договорот за добрососедство веднаш ѝ го отвора патот на Македонија кон НАТО

Договорот за добрососедство ѝ дава европска перспектива на Македонија и веднаш ѝ го отвора патот кон НАТО, изјави бугарскиот премиер Бојко Борисов на Конгресот на европските студенти демократи во Варна. - По тамошната политичка криза, имав средби со мојот колега Никола Груевски, со премиерот Зоран Заев и со претседателот Ѓорге Иванов. Се надевам дека како и во нашиот, така и...

Бејли: САД работат на тоа да ја видат Македонија во НАТО

САД работат на тоа да ја видат Македонија како станува дел од НАТО, било тоа да е преку поддршка на реформите за зајакнување на демократијата или вежби како што е „Змеј заштитник 17“ (Dragoon Guardian 17), изјави амбасадорот на САД во Македонија, Џес Бејли, во Куманово, за време на заедничката воена вежба на македонската и на американската војска. Амбасадорот Бејли...

Груевски го информирал Гарет за партизација на институциите од страна на власта

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, денеска се сретнал со амбасадорот на Велика Британија во Македонија, Чарлс Гарет. На средбата, како што информираат од ВМРО-ДПМНЕ, Груевски го истакнал значењето на брзото зачленување на Македонија во ЕУ и во НАТО и очекувањето западните партнери да дадат максимален придонес во таа насока. На средбата било разговарано за повеќе актуелни теми со посебен осврт на,...

Македонија е следна држава што ќе влезе во НАТО, смета генерал Ставридис

Македонија е следна држава што треба да се приклучи на НАТО, изјави поранешниот командант на Северноатлантската алијанса, Џејмс Ставридис, за „Гласот на Америка“. - Се надевам дека Грција ќе биде во можност да работи со Македонија во решавање на спорот за името, со што ќе се отвори врата за Македонија да влезе во НАТО. Мислам дека Македонија е следна држава што ќе се приклучи...

Бушати и Димитров договорија заедничка владина седница наесен

Албанија и Македонија немаат отворени прашања, истакнаа на заедничката прес-конференција во Тирана министрите за надворешни работи на двете земји, Дитмир Бушати и Никола Димитров, и додадоа дека ќе работат на подобрување на соработката, која е клучна за евроатлантските интеграции. Бушати и Димитров најавија дека наесен во Подградец ќе се одржи заедничка седница на двете влади, на која ќе се разговара...

Димитров – Илдем: Треба да се зајакне видливоста на Македонија во НАТО

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, денеска се сретна со помошникот генерален секретар на НАТО за јавна дипломатија, Таџан Илдем. На средбата било афирмирано значењето на соработката помеѓу Република Македонија и НАТО во областа на јавната дипломатија и во промовирањето на преземените реформи и достигнувања на Македонија на патот на евроатланските интеграции. Димитров и Илдем разговарале за зајакнување на видливоста на Македонија во...

Пинингтон: Канада ја поддржува Македонија во НАТО-аспирациите

Владата на Република Македонија презема сè што е потребно да го отвори патот кон евроатлантските интеграции и со тоа да го обезбеди и да го осигури квалитетот на живот на граѓаните, изјави премиерот Зоран Заев на средбата со амбасадорот на Канада за Република Македонија, Филип Пинингтон. Како што соопшти владината прес-служба, Заев истакнал дека новата влада сака да го спречи...

Заев – Илдем: Охрабрувачка порака за интеграција на Македонија во НАТО

Премиерот Зоран Заев попладнево се сретна со помошникот на генералниот секретар на НАТО за јавна дипломатија, Таџан Илдем, придружуван од шефот на Канцеларијата за врски на НАТО во Република Македонија, Горазд Бартол. Високиот претставник на НАТО пренел охрабрувачка и поддржувачка порака од генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, до премиерот Заев и до новата влада. „За краток период направен е напредок...

Бартол: Решавањето на спорот со Грција и реформите – клучни за зачленување во НАТО

Решавањето на спорот за името е од клучно значење за зачленување на Македонија во НАТО, но, покрај заемно прифатливото решение на спорот, тука е и важноста на реформите и стабилноста во земјата, вели капетан Горазд Бартол, шеф на воената канцеларија за врски на НАТО во Скопје, во интервју за „Јуропиан Вестерн Балканс“. Тој вели дека во поглед на евроатлантските интеграции...

Димитров до Рејндерс: На патот кон ЕУ и НАТО ни се потребни пријатели

Шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров, денеска во Брисел се сретна со белгискиот министер за надворешни работи, Дидие Рејндерс, соопштија од македонското Министерство за надворешни работи. На средбата било разговарано за билатералните односи и било заклучено дека постои простор за подинамична соработка меѓу двете земји. Министерот Димитров на средбата исто така го презентирал и планот „3-6-9“, чија имплементација ќе го подигне...

Напладне Владата ќе ја одржи петнаесеттата седница

Во 12 часот, Владата ќе ја одржи петнаесеттата седница на чиј дневен ред се користењето и имплементацијата на фондовите од ЕУ, состојбите и наредокот во процесот на европската интеграција и статусот на реализација на приоритетите на Македонија за влез во НАТО. Освен тоа, точки на дневниот ред на владината седница се и статусот на реализацијата на Рамковниот договор, информација за постапување...

Едногласно усвоена предлог-декларацијата за забрзување на процесот за зачленување на Македонија во ЕУ и во НАТО

Собраниската Комисија за европски прашања денеска ја усвои предлог-декларацијата за забрзување на реформските и интегративните процеси за зачленување на Република Македонија во ЕУ и во НАТО. Комисијата бара предлог-декларацијата да биде ставена на дневен ред на посебна наредна седница. Во документот се наведува дека се потврдува натпартиската сплотеност околу заедничките напори за обезбедување позитивна клима за реализирање на стратешката определба за...

ВМРО-ДПМНЕ: Чекаме Заев час поскоро да ја внесе Македонија во ЕУ и во НАТО

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска соопшти дека во Собранието ќе гласа за членство на Македонија во Европската Унија и во НАТО и го повика премиерот Зоран Заев „да го искористи моментот и веднаш, час поскоро, да ја внесе земјата во ЕУ и во НАТО“. Од партијата велат дека ги поздравуваат средбите и телефонските разговори што ги имаше Заев со челниците на поважните земји од...

Собранието треба да усвои декларација за забрзување на реформите од планот „3-6-9“

Комисијата за европски прашања на Собранието на денешната седница, на чиј дневен ред е реформскиот план на Владата „3-6-9“, треба да усвои декларација за забрзување на реформските и на интегративните процеси за зачленување на Македонија во Европската Унија и во НАТО. Целта на декларацијата, како што е наведено во образложението од Комисијата, е да ја „потврди консензуалната и надпартиска сплотеност...

Борис Џонсон: Британија ќе направи сè што може за Македонија да влезе во НАТО и во ЕУ

Велика Британија ќе направи сè што може за да ѝ помогне на Македонија на нејзиниот пат за влез во Европската Унија и во НАТО, истакнал шефот на британската дипломатија, Борис Џонсон, на средбата со македонскиот премиер Зоран Заев, во рамките на самитот за Западен Балкан во Трст, Италија. Џонсон, кој ја претставувал британската премиерка Тереза Меј на самитот, нагласил дека...

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...