fbpx
Таг: НАТО

таг: НАТО

Коѕиас: Разговорите во Давос ќе покажат во која насока се движиме

Разговорите за одредени теми, в среда во Давос ќе покажат каде се движиме, одговорил министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕиас на новинарско прашање за решавање на спорот за името, јавува Македонската информативна агенција (МИА). „Никој не не притиска, ниту пак дозволуваме некој да не притиска. Се разбира, грчката дипломатија го користи притисокот што го има другата страна, за да...

Ципрас: Не е неразумно терминот Македонија да е вклучен во името кое ќе важи за сите

Веќе 25 години соседите се признаени со името „Република Македонија“ од голем број земји, додека ние насекаде се бориме сите да ги нарекуваат ФИРОМ, вели грчкиот премиер Алексис Ципрас во интервјуто за „Етнос“. Ципрас вели дека македонска нација никогаш не постоела во античко време, како што не постоела и нација на Атињаните или Спартанците и дека „не е апсурдно терминот...

Иванов: Владата наместо на квантитетот да се фокусира на квалитетот на реформите

Како претседател на Република Македонија како и до сега ќе продолжам да соработувам со Владата и ќе ги поддржувам суштинските европски реформи кои ќе произлезат од отворена и вистинска јавна дебата и околу кои ќе се постигне широк консензус. Ова вечерва, меѓу другото, го рече претседателот Ѓорге Иванов во своето обраќање на приемот за членовите на дипломатскиот кор што...

Нема план Б за влез во НАТО, името мора да се реши, порача Столтенберг

Мора да бидам искрен со вас и не е добро да ве лажам - нема план Б и нема влез во НАТО сè додека не се реши проблемот со името, порача Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг во три наврати, одговарајќи на новинарски прашања дали е можен прием со привремената референца на денешната прес-конференција по средбата со премиерот Зоран...

Јанева до Столтенберг: Работата на СЈО е важна за членството на Македонија во НАТО

Специјалното јавно обвинителство е од исклучителна важност за обезбедување на владеењето на правото како еден од клучните предуслови за членство на Македонија во НАТО, истакнала специјалната јавна обвинителка Катица Јанева на средбата со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, во рамките на неговата посета на земјава, соопштија од СЈО. Јанева на Столтенберг му подарила значка со логото на Специјалното јавно...

Пораките на Столтенберг се јасен сигнал дека сме на вистинскиот пат, изјави Тунтев

Обраќањето на Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг и пораките што ги испрати се јасен сигнал дека сме на вистинскиот пат, изјави координаторот на пратеничката група на СДСМ, Томислав Тунтев. - Столтенберг ги препозна и ги поздрави реформските процеси на Владата кои се основа на нашите интеграции. Тоа ни дава поттик да продолжиме понатаму. Со задоволство ја прифативме пораката на...

Ахмети: НАТО очекува Македонија храбро да ги спроведе реформите

Столтенберг пренесе порака дека НАТО ќе ја почитува волјата на мнозинството граѓани за членство на Македонија во Алијансата, изјави лидерот на ДУИ, Али Ахмети на прес-конфереција по неговата средба со генералниот секретар на НАТО. - Ние сме многу благодарни за се што НАТО има придонесено за државата. Столтенберг истакна дека НАТО ќе ја почитува волјата на мнозинството граѓани за членство...

Столтенберг: Вратата е отворена, но преминувањето на прагот бара работа

Вратата на НАТО е отворена за нови членови, но преминувањето на прагот бара сериозна работа, порача Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, во обраќањето пред пратениците, државниот врв и првите луѓе на повеќе институции на седница на Собранието на Република Македонија. Во него тој посебно се осврна и ги пофали ратификацијата на Договорот за добрососедство со Бугарија и изгласувањето...

Пред Собранието протести против НАТО и бандера кутната од ветрот

Припадниците на Левица и поранешната пратеничка Солза Грчева одржаа протест пред Собранието на Република Македонија пред пристигнувањето на Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенбер, кој треба да се обрати пред пратениците. Покрај демонстрантите, кои извикуваат анти-НАТО пароли, се наоѓа падната бандера, која била кутната од ветрот.

Димитров-Столтенберг: Членството во НАТО ќе значи стабилност за земјата и регионот

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров за време на средбата со Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, кој е во прва официјална посета на Република Македонија нагласил дека посетата е од круцијално значење за Република Македонија и претставува силно охрабрување за нашите очекувања дека 2018 година ќе биде историска година за земјата како и за регионот, информираат од МНР. Димитров...

Иванов до Столтенберг: Неопходно е да го добиеме одамна заслуженото членство во НАТО

Претседателот Ѓорге Иванов утрово се сретна генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг со кого разговарал за евроатлантските интеграции на Република Македонија, за реформите во одбраната и безбедноста во согласност со НАТО стандардите, како и за унапредувањето и продлабочувањето на соработката со Северноатлантската алијанса, информираат од претседателскиот кабинет. Иванов и Столтенберг оцениле дека односите и соработката меѓу Република Македонија и Алијансата...

Столтенберг: Прво името, па потоа покана за НАТО

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг во интерјуто за МИА вели дека има две главни пораки за време на посетата на Скопје - НАТО останува посветен на поддршката на Македонија на патот кон членството во алијансата и не охрабрува да продолжиме со спроведувањето на реформите, кои ќе го зајакнат владеењето на правото и демократските институции. За Столтенберг решавањето на прашањето за...

Генералниот секретар на НАТО денеска и утре на средби со државниот врв во Скопје

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска и утре ќе престојува во официјална посета на Македонија. Се очекува да се сретне со претседателот Ѓорге Иванов, со премиерот Зоран Заев, со министрите за надворешни работи и за одбрана Никола Димитров и Радмила Шекеринска, како и со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Столтенберг утре напладне ќе се обрати и пред пратениците во...

НАТО го осуди убиството на Ивановиќ, за Русија тоа е кукавички чин

НАТО го осуди убиството на Оливер Ивановиќ и апелираше сите страни да покажат воздржаност и да им овозможат на правосудните органи да спроведат сеопфатна истрага. „КФОР продолжува да ја гарантира безбедноста, сигурноста и слободата на движење низ Косово“, изјави портпаролката на НАТО, Оана Лонгеску. Таа додаде дека НАТО во целост го поддржува дијалогот помеѓу Белград и Приштина во посредство на ЕУ...

Шекеринска: Посетата на Столтенберг е порака сама по себе

Посетата на генералниот секретар на НАТО на Македонија, Јенс Столтенберг е порака сама по себе, изјави министерката за одбрана Радмила Шекеринска по повод посетата на Столтенберг на Македонија в среда и четврток. - Тоа значи дека во изминатите шест месеци успеавме Македонија да ја вратиме назад на евроатлантската патека и успеавме да ги неутрализираме сите оние лоши вести, кои во континуитет...

Лавров: Русија ќе го прифати името што ќе го договорат Скопје и Атина

Кое било решение (за спорот за името) што ќе го изнајдат Македонија и Грција и кое ќе биде поткрепено во македонскиот Устав, ние (Руската Федерација) најверојатно ќе го прифатиме, изјави шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, одговарајќи на прашање на грчки новинар на годишната прес-конференција на министерот за надворешни работи на Русија, што се одржува денеска. Лавров истакна дека спорот...

Мицкоски разговарал со претставници на ЕУ за актуелните случувања во Македонија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска имал средба со Жан-Кристоф Белијард, директор во службата за надворешна политика на Европската Унија, Ангелина Ајхорст, директор за Западна Европа, Западен Балкан и Турција и Геновева Руиз Калавера, директор во Директоратот за проширување на Европската комисија, соопштија од партијата. На средбата присуствувал и Амбасадорот на ЕУ во Македонија, Самуел Жбогар. На неа, како што...

Владата ќе расправа за евроатлантската интеграција и за борбата против корупцијата

Владата на Република Македонија денеска со почеток во 15 часот ќе ја одржи редовната, 48. седница, на која ќе се расправа и за напредокот на напорите за интеграција во ЕУ и во НАТО, но и за користење на европските фондови, како и за Рамковниот договор. На предлог на министерството за правда, министрите ќе го разгледаат предлог – законот за изменување...

Столтенберг ќе се обрати пред македонските пратеници на 18 јануари

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, кој месецов доаѓа во посета на Македонија, на 18 јануари на пленарана седница ќе им се обрати на пратениците во македонското Собрание. Седницата, како што е наведено на официјалната веб-страницата на Собранието, е закажан за точно напладне и освен неа за овој ден не се закажани други седници на законодавниот дом. Инаку, посетата на Столтенберг...

Заев: Вечерата со Бутарис е порака дека постои волја за решавање на спорот за името

Премиерот Зоран Заев бил на вечера со солунскиот градоначалник Јанис Бутарис за Нова година во Солун за да испрати позитивна порака дека постои волја за решевање на спорот со името. Ова денеска го изјави Заев, во својот прв коментар пред македонските новинари по вечерата со Бутарис. Одговарајќи на прашања на новинарите во врска со посетата на Солун тој рече дека создадената...

ВМРО-ДПМНЕ: Заканите на ДУИ за дестабилизација нема да нè поколебаат

ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение жестоко ги отфрла обвинувањата и тактиките за поттикнување страв што ги користи ДУИ. „Македонскиот народ се изјасни низ демократските процеси, а обидите за поткопување на неговата волја...