Заев: Вечерата со Бутарис е порака дека постои волја за решавање на спорот за името

-

Премиерот Зоран Заев бил на вечера со солунскиот градоначалник Јанис Бутарис за Нова година во Солун за да испрати позитивна порака дека постои волја за решевање на спорот со името. Ова денеска го изјави Заев, во својот прв коментар пред македонските новинари по вечерата со Бутарис.

Одговарајќи на прашања на новинарите во врска со посетата на Солун тој рече дека создадената атсмосфера на пријателство може да биде од корист за подобрување на околностите и изнаоѓање на решение за проблемот со името.

Заев рече дека за време на престојот во Солун имал телефонски разговор со грчкиот премиер Алексис Ципрас и министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕиас.

– Создаваме пријателска атмосфера и предуслови за во првата половина од годината суштествено и на вистински начин да влеземе во решавање на проблемот. Убеден сум дека можеме да најдеме решение. За време на посетата се слушнав со министерот за надворешни работи и со Ципрас, но мора да разберете дека не е лесно и за грчката страна. Но, со пријателско однесување може да се најде решение за во 2018 година да добиеме покана за членство во НАТО и за отпочнување на претпристапните преговори за влез во Европската Унија – изјави Заев, одоговарајќи на новинарски прашања по состанокот со министерот за финансии, Драган Тевдовски околу реализацијата на капиталните инвестиции во 2017 година.

Еврокомесарката за проширување Марта Кос смета дека Македонија и Косово се тажни приказни

Регионот во некои аспекти пред 20 години беше во подобра состојба отколку денес. Македонија и Косово се тажни приказни во однос на евро-интеграциите. Вака евро-комесарката за проширување, Марта Кос, во интервју...

Министерот Тошковски се сретна со семејствата на загинатите во пожарот во „Пулс“

Во Министерството за внатрешни работи денеска се одржа средба меѓу министерот Панче Тошковски и семејствата настраданите во пожарот што избувна во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 16 март 2025 година кога...

По протестот на семејствата на жртвите од Кочани, обвинителството со отворен повик до јавноста

Еден и пол месец по трагедијата во импровизираната дискотека „Пулс“ во Кочани во која загнаа 62 главно млади лица, и по средбата со семејствата на загинатите на денешниот протестен марш во...

„Системот убива, институциите молчат“ – протестен марш на семејствата на жртвите од Кочани

Со транспаренти на кои пишуваше „Ги изгоревте децата со вашата алчност и негрижа“, „Селективна одговорност е неодговорност, бараме правда!“, „Не умираме од несреќи, умираме од корупција“ и „Системот убива, институциите молчат“,...

Еврокомесарката за проширување Марта Кос смета дека Македонија и Косово се тажни приказни

Регионот во некои аспекти пред 20 години беше во подобра состојба отколку денес. Македонија и Косово се тажни приказни во однос на евро-интеграциите. Вака евро-комесарката за проширување, Марта Кос,...