fbpx
Таг: НАТО

таг: НАТО

Заев: Не сакаме во НАТО за да напаѓаме, туку заради мир во светот

Премиерот Зоран Заев по вчерашните силни предупредувања од амбасадорот на Русија, Олег Шчербак кон Македонија за нејзината намера да стане членка на НАТО, денеска порача дека земјава сака во НАТО заради мирот во светот и почитувањето на човековите права. Заев на денешната прес конференција изрази надеж дека двете земји ќе бидат фокусирани на градење пријателство, а не на кавги. – Постапивме...

Шчербак: Во евентуален судир меѓу Русија и НАТО, Македонија ќе биде легитимна мета

На денешната прес-конференција на која зборуваше за трагедијата во трговскиот центар во сибирскиот град Кемерово, кога во пожар во трговскиот центар загинаа 64 луѓе, како и за протерувањето на рускиот дипломат од Македонија, амбасадорот на Руската Федерација во Македонија, Олег Шчербак, упати силни предупредувања кон Македонија во поглед на нејзината намера да стане членка на НАТО. Тој предупреди и...

Заев: Нашето интегрирање во НАТО не е насочено против Русија

Македонскиот премиер Зоран Заев одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференцијата по тематската седница на Владата денеска порача дека тежнеењето на Македонија да се интегрира во НАТО не значи спротивставување на Русија и дека тоа членство е повеќедецениска аспирација на македонските граѓани. Според Заев, зачленувањето во НАТО е важно за стабилноста и безбедноста на Македонија и на регионот. Коментирајќи го соопштението на...

Москва предупреди на негативните последици од влезот на Македонија во НАТО

Рускиот заменик-министер за надворешни работи Александар Грушко на денешната средба со македонскиот амбасадор во Москва, Гоце Карајанов, рекол дека „плановите за влез на Македонија во НАТО може да имаат негативни последици за регионалната безбедност и билатералните односи“. Според соопштението на руското Министерство за надворешни работи, двајцата дипломати „дискутирале за актуелните билатерални прашања, при што и двете страни изразиле подготвеност за...

Пејчиновиќ Буриќ: Поважен е патот кон ЕУ и реформите, отколку целта

Шесте земји од Западен Балкан различно чекорат по патот кон ЕУ, при што, поважен е патот и квалитетното спроведување на реформите отколку целта, рече денеска шефицата на хрватската дипломатија, Марија Пејчиновиќ Буриќ, која е во посета на Македонија. На прес-конференцијата со министерот за надворешни работи, Никола Димитров таа додаде дека реформите се клучни за напредокот на секоја земја на патот...

Помошникот државен секретар на САД, Вес Мичел, денеска во Скопје

Помошникот државен секретар за европски прашања на Стејт Департментот на САД, Вес Мичел денеска престојува во официјална посета на Скопје. Мичел ќе се сретне со премиерот Зоран Заев во Клубот на пратеници по што ќе дадат заедничка изјава за медиумите. - Посетата на високиот претставник на Стејт департментот е потврда на пријателството, но и поддршка за евроатланските интегративни процеси на Македонија...

Заев – Марфи: Македонија се движи во правилна насока на патот кон НАТО и ЕУ

Премиерот Зоран Заев се сретна со членот на Сенатот на САД, Крис Марфи и со американската делегација кои беа придружувани од амбасадорот Џес Бејли. Како што соопшти владината прес служба, на средбата било констатирано дека Македонија се движи во правилна насока низ реформските процеси и низ чекорите на градење пријателства со соседите на патот кон НАТО и кон ЕУ. Сенаторот од САД,...

Готмелер: НАТО се надева на решение за името

Многу е добро што прашањето за името е високо на агендата и се надеваме дека може да се создаде позитивен моментум, вели заменик-генералниот секретар на НАТО, Роуз Готмелер, во интервју за грчката телевизија „Скај“, јави дописникот на МИА од Атина. Во однос на членството на Македонија во Северно-атлантската алијанса, таа ја споменува неодамнешната посета на генералниот секретар Јенс Столтенберг на...

Шекеринска и Димитров се сретнаа со Алваргонзалес и Поповски

Вицепремиерот и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска и министерот за надворешни работи Никола Димитров, денеска, во Клубот на пратеници се сретнаа со амбасадорот Алехандро Алваргонзалес, помошник на генералниот секретар на НАТО за политички прашања и безбедносна политика и Мачеј Поповски, заменик генерален директор за соседска политика и преговори за проширување при Европската комисија. -Република Македонија беше во сериозна политичка криза...

Заев: Промената на Уставот не е неопходна оти не би значела конечна гаранција

Премиерот Зоран Заев во интервју за „Фајненшл тајмс“ оценува дека Македонија и Грција се приближуваат кон решение за спорот за името и дека ова прашање би можело да биде затворено пред самитот на НАТО во Брисел во јули годинава. – Јас сум оптимист. Многу е тешко, и свесни сме за тоа. Но, би било добро за двете страни да најдеме...

Заев – Меј: Велика Британија ја поддржува Македонија во евроатланските аспирации

Премиерот Зоран Заев и вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи вчера присуствуваа на прием, кој премиерката на Велика Британија го приреди во чест на шефовите на владите на земјите од Западен Балкан. Од владината прес-служба информираат дека Меј и британскиот министер за надворешни работи Борис Џонсон, на одвоената средба со Заев и Османи, изразиле посебен интерес за спроведувањето на...

Иванов – Јилдирим: Поканата за НАТО е важен поттик за реформите и безбедноста

Претседателот Ѓорге Иванов за време на неговата официјална посета на Република Турција денеска во Анкара се сретна со турскиот премиер, Бинали Јилдирим, и со претседателот на Големото национално собрание на Република Турција, Исмаил Караман. Како што информираат од кабинетот на Иванов, на средбите биле разменети мислења за севкупните билатерални односи меѓу Република Македонија и Република Турција, при што било оценето...

Лавров: Проширувањето на НАТО е грешка и кршење на „џентлменскиот договор“ со САД

Проширувањето на НАТО е грешка и истовремено претставува кршење на „џентлменскиот договор“ меѓу САД и повеќето европски земји (дека Алијанската нема да се шири кон исток) од 1990-те години, вели шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, во интервју за српската новинска агенција „Бета“, одговарајќи на прашањето - „Дали Москва има намера да се спротивстави на очекуваното пристапување на Македонија...

Лавров: Референдумот е сè понепопуларен метод за проверка на расположението на народот

Проширувањето на НАТО е грешка и истовремено претставува кршење на „џентлменскиот договор“ меѓу САД и повеќето европски земји (дека Алијанската нема да се шири кон исток) од 1990-те години, вели шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, во интервју за српската новинска агенција „Бета“. Прашан за конкретен став за Македонија, Лавров дипломатски вели дека не издвојуваат никого и дека зборуваат за...

Заев: Се надеваме на решение за името до јули, по што ќе станеме членка на НАТО

Македонија се надева дека до Самитот на НАТО во јули ќе се пронајде решение за спорот со Грција околу уставното име на земјава, изјави премиерот Зоран Заев во интервју за австриската радиостаница ОРФ, пренесува „Ројтерс“. - Верувам дека ќе успееме успешно да ги завршиме преговорите до самитот на НАТО во јули - рече Заев. Премиерот нагласува дека влезот на Македонија во...

Столтенберг повикува на флексибилност во преговорите за името

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, денеска на прес-конференција во Брисел повика на флексибилност во преговорите меѓу Македонија и Грција за спорот со името. - Јас би бил многу внимателен и не би шпекулирал околу можноста за договор. Имаме посредник на ОН, кој сега изложува некои предлози како да се реши прашањето за името. Се надевам дека актуелните иницијативи ќе...

Потрошените пари за „Ден на дрвото“ и ефектот од акцијата денеска на владина седница

Владата денеска ќе ја одржи својата редовна, 54 седница со 104 точки на дневен ред. Како пред точки се најавени расправата за состојбите и напредокот во процесот на европска интеграција, користење и имплементација на фондовите од ЕУ, статус на реализација на приоритетите на Македонија за влез во НАТО и статус на реализација на Рамковниот договор. На денешната седница повеќе точки од дневниот...

„Евротинк“: 62 отсто не знаат за планот „3-6-9“, а 73 отсто не чуле за Извештајот на Прибе

Над 63 отсто од граѓаните сметаат дека членството во ЕУ е добра работа, за 13 проценти повеќе отколку пред три години, покажува анкетата на невладината организација „Евротинк“. Слична е поддршката и за членство на земјата во НАТО – 65,8 отсто од испитаниците се согласуваат дека е тоа добро, додека скоро 20 отсто не се согласуваат. Гледано по етнички групи, околу...

Мицкоски отворен за постојана комуникација со претставниците на ЕУ во Македонија

Македонско-германските односи, актуелната политичка состојба и стратешките приоритети на земјава биле темите за кои на денешаната средба разговарале лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и амбасадорот на Германија во Македонија, Томас Герберих. Двајцата соговорници констатирале дека и во иднина ќе продолжат постојаните контакти и комуникации помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и амбасадата на Германија, како и со претставниците на Европската Унија во Македонија. Мицкоски на...

Коѕиас: Разговорите во Давос ќе покажат во која насока се движиме

Разговорите за одредени теми, в среда во Давос ќе покажат каде се движиме, одговорил министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕиас на новинарско прашање за решавање на спорот за името, јавува Македонската информативна агенција (МИА). „Никој не не притиска, ниту пак дозволуваме некој да не притиска. Се разбира, грчката дипломатија го користи притисокот што го има другата страна, за да...

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...