fbpx

Коѕиас: Разговорите во Давос ќе покажат во која насока се движиме

-

Разговорите за одредени теми, в среда во Давос ќе покажат каде се движиме, одговорил министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕиас на новинарско прашање за решавање на спорот за името, јавува Македонската информативна агенција (МИА).

„Никој не не притиска, ниту пак дозволуваме некој да не притиска. Се разбира, грчката дипломатија го користи притисокот што го има другата страна, за да се отвори нејзината европска перспектива“, изјавил Коѕиас по завршување на Советот за надворешни прашања на ЕУ во Брисел.

Тој додал дека „преговорите за името, што се водат помеѓу двете земји, биле олеснети со фактот што Европејците и Американците сфатиле дека не треба да се мешаат.“

Коѕиас исто така изјавил дека „официјална Атина нема да дозволи државата да се интегрира во НАТО, доколку не се задоволат потребните услови и ако не се реши прашањето за името“. Според него „во минатото не постоело вето, туку бил потребен консензус за проширување на Северноатлантската алијанса.“

За протестите во Солун, Коѕиас рекол дека „тоа е демократско право на граѓаните и тие не влијаеле на преговорите за името.“

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Израел ја бомбардира Сирија, има над 40 жртви

Израел го бомбардираше регионот околу градот Алепо во Северна Сирија, пренесува Гардијан. Израелските сили таргетирале членови на либанската паравоена организација Хезболах. Има повеќе различни контрадикторни информации за бројот на убиени,...