fbpx

Шекеринска и Димитров се сретнаа со Алваргонзалес и Поповски

-

Вицепремиерот и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска и министерот за надворешни работи Никола Димитров, денеска, во Клубот на пратеници се сретнаа со амбасадорот Алехандро Алваргонзалес, помошник на генералниот секретар на НАТО за политички прашања и безбедносна политика и Мачеј Поповски, заменик генерален директор за соседска политика и преговори за проширување при Европската комисија.

-Република Македонија беше во сериозна политичка криза изминатите неколку години, но граѓаните и Владата покажаа дека доколку имаме волја, доколку сме посветени и цврсто решени да продолжиме на патот на реформите, ние имаме капацитет тоа и да го направиме. Во исклучително краток период, Република Македонија успеа повторно да се наметне како позитивен пример во регионот. Ги вложуваме сите напори да ги реализираме реформите кои се насочени кон секој припадник на Армијата, кон условите во кои тој работи, кон неговата опременост, знаења и вештини – рече Шекеринска.

Вицепремиерката истакнала дека е важно да се спомене дека со приемот на Република Македонија, НАТО ќе има уште еден член кој има капацитет да даде свој придонес кон напорите на Алијансата за мир и безбедност на глобално ниво.

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, ја реафирмирал определбата на земјата за што поскоро зачленување во НАТО, како еден од врвните приоритети на надворешната политика на Република Македонија.

Според него, Република Македонија веќе долго време дејствува како де-факто земја членка на Алијансата, особено во споделувањето на заедничките одговорности со земјите членки на НАТО.

Алваргонзалес и Поповски дале признание за реформите што ги спроведува Владата на Република Македонија, како и за придонесот во мисиите „Одлучна поддршка“ во Авганистан и АЛТЕА во БиХ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Петровска го доби Ковачки на суд и се откажа од 10.000 евра што требаше тој да ѝ ги плати за клевета

Основниот граѓански суд - Скопје утврдил граѓанска одговорност за клевета врз министерката Славјанка Петровска од Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ. Петровска на својот профил на Фејсбук ја објави пресудата. „Како што...