fbpx
Таг: НАТО

таг: НАТО

Заев: Нема веќе ФИРОМ, договорена е Република Северна Македонија

Република Северна Македонија преведено на сите јазици е името што попладнево на прес-конференција го потврди премиерот Зоран Заев како решение на спорот со Грција. Според Заев македонски јазик, Македонец, Македонка се заштитени и зајакнати „еднаш за секогаш“. “Име кое е достоинствено, Републикa Северна Македонија со превод на сите јазици за севкупна употреба се прецизира со амандман во Уставот, потврда на македонскиот...

Кеј Хачинсон: НАТО ќе ја брани Македонија од руската агресија

Исходот од разговорите за името се чека и во седиштето на НАТО во Брисел. Македонија ги исполнува сите услови, потребен е финалниот чекор со заокружување на преговорите за името за Македонија да влезе во НАТО уште на претстојниот самит во јули, порача амбасадорката на САД во НАТО, Кеј Бејли Хатчисон. - Од претходните самити е јасно дека НАТО е подготвен...

НАТО од денеска редовно патролира на небото над Црна Гора

Борбени авиони на воздухопловните сили на Италија и Грција, во соработка со воздухопловството на Војската на Црна Гора, од денеска започнуваат со редовно патролирање во црногорскиот воздушен простор, како и негова заштита, соопшти црногорското Министерство за одбрана. По тој повод, како и по повод првата годишнина од членството на Црна Гора во НАТО, ќе биде организирана вежба на приземјување на...

Македонија заслужува датум за преговори со ЕУ и покана за НАТО, сметаат Османи и Димитров

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи и министерот за надворешни работи, Никола Димитров, учествуваа на работна средба со амбасадорите на земјите – членки на Европската Унија во Македонија, организирана од страна на амбасадорот на Република Бугарија во земјава, Иван Великов Петков. Тема на состанокот беа политичките состојби околу евроинтегративните процеси во Република Македонија, а во контекст на пораките...

Нова демократија не прифаќа решение за името „на рати и со одложено дејство“

Околу можноста за решение на проблемот со името и можноста а постигнување на договор Ципрас – Заев, извори од опозиционата Нова демократија (НД) за грчка „Иефимерида“ велат дека нема да прифатат никакво решение „на рати“,  бидејќи сметаат дека со тоа не би се исполнил условот договорот да биде траен. Лидерот на Нова демократија, Киријакос Мицотакис, денеска е во Софија на...

Грчката влада демантира: Само сложено име за сите употреби ги отвора вратите на ЕУ и НАТО

Промената на уставното име на Македонија е услов за поддршката на Грција за интеграцијата на соседот во ЕУ и НАТО, нагласуваат владини извори, кои ги пренесува грчката државна телевизија ЕРТ, како реакција на информациите кои ги пласираше десничарскиот весник „Естиа“. Според грчката влада, тврдењата на весникот дека "НАТО како ПЈРМ и со цврст меѓународен договор“ не ја отсликуваат реалноста. Поточно, истите извори,...

Матис до Шекеринска: Не сакаме да ве видиме запрени пред вратите на НАТО

Македонија и САД имаат цврсто стратешко партнерство. САД ги ценат чекорите кои Македонија ги презема кон НАТО и не сакаат да ја видат Македонија запрена пред вратите на Алијансата, е порака од официјалната средба на министерката за одбрана на Република Македонија, Радмила Шекеринска, со американскиот секретар за одбрана, Џејмс Матис, во Пентагон. Матис на почетокот од средбата потсетил на зборовите...

Шекеринска од Вермонт: Македонија го заслужува членството во НАТО

Вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска за време на нејзината официјална посета на САД изјави дека Македонија го заслужува членството во НАТО. Таа на прес-конференција во американската сојузна држава Вермонт порача дека Македонија покажала дека е посветен партнер на кој членките на Алијансата можат да сметаат. -Мојата цел е да ја побарам поддршката од стратешкиот партнер на Македонија, САД, во...

Мета: Албанците и Македонците заедно да најдат решение со Грција

Албанците и Македонците заеднички да го решат прашањето за името со Грција, побара албанскиот претседател Илир Мета по денешната посета на Струга и средбата со градоначалникот Рамиз Мерко, јави Алсат-М. Мета потенцира дека е оптимист дека ќе се дојде до решение пред самитот на НАТО во јули во Брисел. -Името е прашање за кое Македонците и Албанците заедно треба да се...

Шекеринска во Стејт Департментот: Македонија е подготвена за членство во НАТО

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска на вториот ден од официјалната посета на САД се сретна со заменик – помошникот на секретарот за одбрана Лора Купер и со високи официјални лица во Стејт Департментот. Како што соопшти Министерството за одбрана, на средбата со првиот заменик – помошник секретар во Бирото за европски и евроазиски работи на Стејт Департментот, Елизабет Милард, министерката...

Столтенберг: НАТО е подготвенa да ја покани Македонија веднаш штом се реши името

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, изјави дека Алијансата е подготвена да ја покани Македонија за членство веднаш штом ќе се реши прашањето за името. Столтенберг на денешната прес-конференција во Брисел рече дека и покрај тоа што Русија се спротивставува на ширењето на западниот воен сојуз, вратите на НАТО остануваат отворени. - Јас го посетив Скопје и јасно реков дека...

Столтенберг: Русија не одлучува за членството на Македонија во НАТО

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, денеска порача дека само Македонија и 29-те земји членки на Алијансата можат да одлучуваат за членството на земјата во Алијансата, пренесува МИА. На прес-конференција ден пред состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО членките во Брисел, генералниот секретар Столтенберг, прашан да ги коментира изјавите на рускиот амбасадор во Македонија дека земјата ќе стане...

Робертсон, Солана, Ле Роа, Ишингер и Гелбард како „Група Охрид“ ќе помагаат за ЕУ и НАТО

Премиерот Зоран Заев денеска на заедничка прес-конференција со поранешниот генерален секретар на НАТО, лордот Џорџ Робертсон, ја промовираше „Групата Охрид“ за поддршка на Македонија на нејзиниот пат кон членство во НАТО и ЕУ - Во оваа група има членови кои ставија печат со нивната дипломатска кариера и дадоа поддршка за нашите напори за изградба на демократска, стабилна и просперитетна држава. Тие...

Шчербак: За националните интереси погубно е кога солидарноста се става над здравиот разум

Рускиот амбасадор во Македонија, Олег Шчербак денеска изјави дека секоја држава има сопствен избор за градење на националната безбедност, без разлика дали тоа е со членство во НАТО или воена неутралност.  Според него, секоја земја треба самостојно со референдум и почитување на волјата на мнозинството да одлучи за членство во сојузи. - Постојат успешни воено неутрални држави во Европа и...

Поранешниот генерален секретар на НАТО, Џорџ Робертсон, денеска на прием кај Заев

Премиерот Зоран Заев денеска ќе прими висока делегација предводена од поранешниот генерален секретар на НАТО, лордот Џорџ Робертсон. Во делегацијата која ја предводи Робертсон, ќе допатува и поранешниот бугарски претседател Росен Плевнелиев. По заедничката прес-конференција во Клубот на пратениците во 15.30 часот, ќе се одржи панел дискусија на која ќе учествуваат министерката за одбрана Радмила Шекеринска, Робертсон, Плевнелиев и Ален Ле Роа. За високата делегација ќе...

Шекеринска: Можно е годинава да добиеме покана од НАТО, очекувам поддршка од САД

Фокусирани сме до крајот на јуни да најдеме решение за спорот за името, со цел во јули да се случи пресврт и Македонија да добие покана за членство во НАТО. За нашиот прием во НАТО очекувам безрезервна поддршка од САД, рече вицепремиерката и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска, на денешната средба со новинарите, по повод нејзината официјална посета на...

Груби – Павлова: Датумот за почетокот на преговори е следниот предизвик

Бугарија ќе вложи напори за повеќе инфраструктурни, енергетски и други проекти за приближување на земјите од Западен Балкан кон ЕУ на претстојниот Самит на шефови на држави во Софија на 17 мај, истакнала бугарската министерка за регионален развој Лилиана Павлова на средбата со претседателот на собраниска Комисија за европски прашања Артан Груби во Софија. Како што соопштија од собраниската Комисија,...

Ердоган на средбата со Џафери го потврдил ставот за употребата на уставното име

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, во рамките на официјалната посета на Турција, се сретнал со претседателот Реџеп Таип Ердоган во Анкара. Ердоган ја нагласил поддршката на Турција за интеграција на Македонија во НАТО, како и принципиелниот став во однос на употребата на уставното име на Република Македонија. „Тој подвлече дека Турција беше една од првите држави што ја призна нашата земја...

Коѕиас: Нема доволно време Македонија во јуни да стане членка на НАТО

На следниот НАТО самит во јули, Македонија нема да стане членка, бидејќи временскиот период е краток, изрази шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас во интервју за грчкото радио „247“. Според Коѕиас, договорот треба да се ратификува на различни начини, а веќе е април. – Тие сакаат да распишат референдум. За референдум во земјата пријател на север, потребни се два месеци. Само...

Бејли: Македонија има реална можност наскоро да стане дел од НАТО

Реалната можност Македонија наскоро да се приклучи кон НАТО е најголемата разлика кога зборуваме за земјата денеска во споредба со минатото, порача американскиот амбасадор Џес Бејли денеска на трибината „НАТО и ти“, организирана од Министерството за одбрана, Евроатлантскиот совет на Македонија (АТА-Македонија), НАТО Канцеларијата за врски и Хрватската амбасада по повод Денот на Алијансата – 4 Април. – Што значи...

ВМРО-ДПМНЕ: Заканите на ДУИ за дестабилизација нема да нè поколебаат

ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение жестоко ги отфрла обвинувањата и тактиките за поттикнување страв што ги користи ДУИ. „Македонскиот народ се изјасни низ демократските процеси, а обидите за поткопување на неговата волја...