fbpx

Робертсон, Солана, Ле Роа, Ишингер и Гелбард како „Група Охрид“ ќе помагаат за ЕУ и НАТО

-

Премиерот Зоран Заев денеска на заедничка прес-конференција со поранешниот генерален секретар на НАТО, лордот Џорџ Робертсон, ја промовираше „Групата Охрид“ за поддршка на Македонија на нејзиниот пат кон членство во НАТО и ЕУ

– Во оваа група има членови кои ставија печат со нивната дипломатска кариера и дадоа поддршка за нашите напори за изградба на демократска, стабилна и просперитетна држава. Тие се тука да го поддржат нашето членство во ЕУ и НАТО – рече Заев.

Во групата, освен Џорџ Робертсон, се вклучени и поранешниот висок претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Хавиер Солана, поранешниот шведски премиер и министер за надворешни работи Карл Билд и истакнатите дипломати како Кристофер Гајд, Роберт Гелбард, Ален Ле Роа, Волфганг Ишингер, Дајмонд Вилсон и Зоран Чичак.

Робертсон посочувајќи дека поминале 17 години, откако последен пат се обратил на прес-конференција во Македонија, истакна дека името „Група Охрид“ е избрано, бидејќи тој град има големо значење за земјата, со оглед на тоа дека таму е потпишан Охридскиот договор, но исто така тоа е и град заштитен од УНЕСКО.

Тој потсети дека 11 пати заедно со Солана ја посетиле земјава и биле сведоци на потпишувањето на Охридскиот договор.

– Земјата, која беше на работ на граѓанска војна, стана земја која тропна на европските врати и ја разбра потребата за подобра иднина – рече Робертсон и додаде дека оваа група нема да се меша во внатрешната работа на земјата, ќе ги советува Владата и министрите, но ќе биде достапна и за опозицијата и претседателот на државата.

Робертсон, исто така кажа дека решението за спорот за името со Грција ќе го остави на двете држави и дека нема да се меша во одлуката.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...