Столтенберг пренесе порака дека НАТО ќе ја почитува волјата на мнозинството граѓани за членство на Македонија во Алијансата, изјави лидерот на ДУИ, Али Ахмети на прес-конфереција по неговата средба со генералниот секретар на НАТО.

– Ние сме многу благодарни за се што НАТО има придонесено за државата. Столтенберг истакна дека НАТО ќе ја почитува волјата на мнозинството граѓани за членство Алијансата и дека сè уште има место за знамето на Македонија – рече Ахмети.

Тој додаде дека Мaкедoнија треба да работи на прифатливо решение за спорот со името и дека НАТО го охрабрува овој процес.

Ахмети потенцираше дека НАТО очекува Македонија храбро да делува да ги исполни реформите во земјата и да се бори против корупцијата и организираниот криминал.

Лидерот на ДУИ истакна дека не ја очекувале одлуката на Иванов да не го потпише Законот за јазиците и рече дека тој сега имал историска шанса да го поправи имиџот пред граѓаните Албанци.

-Поднесувањето на амандмани за овој закон е непотребно затоа што дебатата е исцрпена и законот е донесен во согласнот со Уставот – рече Ахмети.

За преговорите за спорот со името рече дека ДУИ се вклучени во рамки на владејачката коалиција и искажа загриженост за изјавата на Наумовски дека предлозите на Нимиц се „далеку од достоинствено решение“, која ја дал без консултација со иституциите.