fbpx
Таг: напад

таг: напад

Либан: Девет загинати во самоубистевн напад во кафуле

Девет лица загинаа, а 37 се повредени откако двајца бомбаши-самоубици се разнесоа во кафуле во либанскиот град Триполи. Како што јавуваат локалните медиуми, прво се разнел едниот бомбаш-самоубиец, а кога гостите почнале да бегаат, вториот се разнел на излезот на кафулето. Групата Џебхат ал Нусра, разгранок на терористичката мрежа Ал Каеда, ја презеде одговорноста за нападот.

ИД презема одговорност за нападот на „Шарли ебдо“

Абу Сад ал-Ансари, еден од лидерите на Исламска држава (ИД), рекол дека оваа исламска организација стои зад нападот на весникот „Шарли ебдо“ во кој беа убиени 12 лица, пренесува „Дојче пресе агентур“ (ДПА). - Почнавме операција во Франција за која преземаме одговорност. Утре тоа ќе биде Британија, Америка и други земји - рекол Абу Сад ал-Ансари за време на молитвата...

Двајца убиени во новата заложничка драма во Париз (директно)

Најмалку две лица се убиени во супермаркетот во Париз, во кој влета неидентификуван маж и киднапира неколку лица. Засега не се знае дали напаѓачот е поврзан со браќата Кауши. За време на нападот во супермаркетот, две лица загинаа, а уште најмалку пет се држат како заложници во супермаркетот. Напаѓачот упаднал во бакалницата со кошер-производи, а како што јавуваат француските медиуми,...

Видеоснимка од нападот врз францускиот весник „Шарли ебдо“

Видеозапис на кој е документиран нападот врз сатиричниот весник „Шарли ебдо“ објави „Франс 24“. Од прилогот се гледа како новинарите бегаат по покривот од зградата во која се наоѓа редакцијата на медиумот и се кријат од рафалите на напаѓачите. Според досегашните информации, тројца напаѓачи со маски на лицата и со капи упаднале изутринава во париското седиште на весникот, вооружени со...

Дванаесет мртви во напад врз сатиричен весник во Франција

Дванаесет лица - десет новинари и двајца полицајци - загинаа во напад врз редакцијата на францускиот неделен сатиричен весник „Шарли ебдо“ утринава во Париз. Три тешко вооружани маскирани лица упаднале во редакцијата на весникот и почнале да стрелаат, според сведоците. „Шарли ебдо“ е познат сатиричен весник кој често бил мета на критика и на контроверзи. Редакцијата беше нападната еднаш, но при тоа беше предизивикана само...

Самоубиствен напад во Истанбул

Двајца полицајци се ранети во самоубиствен напад на полициска станица во центарот на Истанбул. Експлозивот го детонирала жена, која говорела англики, јавува „Хуријет“. Повредени се полицајците кои се обиделе да ја спречат жената да влезе во станицата, поради што таа ја активирала бомбата на влезот на зградата. The tourism police station where the attack took place in Istanbul's old city, #Sultanahmet....

Претепан и ограбен чувар на ЈП „Исар“

Педесет и тригодишен штипјанец, чувар на бунарите на ЈП „Исар“, бил пренесен на скопските клиники со повреди на главата откако бил нападнат од две лица во обид да сечат дрва во близина на бунарите. Според полицијата, чуварот бил нападнат вчеравечер, околу 17 часот, кога напаѓачите со тупаници му нанеле тешки повреди во пределот на главата. При тоа, му биле одземени и...

Боко харам зазеде воена база во Нигерија

Припадниците на исламистичката група Боко харам зазедоа воена база во североисточниот нигериски град Бага. Како што јавуваат светските медиуми, во базата, во која се наоѓа штабот на мултинационалните сили од Нигер, Нигерија, Чад и од Камерун, во моментот на нападот се наоѓале само нигериски војници.

Напаѓач стрелал кон канцеларија на турскиот претседател

Маж, чиј идентитет не се соопштува, денеска стрелал кон зграда во Истанбул, во која се наоѓа канцеларија на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, а потоа фрлил и бомба која не експлодирала, објавија турските медиуми. Напаѓачот бил уапсен на самото место, пред палатат Долмабахче, а засега не се знае дали турскиот претседател бил во својата канцеларија за време на нападот. Турските медиумите известуваат...

ИД ја презеде одговорноста за нападот на погреб

Сунитската екстремистичка група Исламска држава денеска ја презеде одговорноста за самоубиствениот бомбашки напад на погреб во близина на Багдад, во кој загинаа 16 лица. Во вчерашниот напад во градот Таџи, со мнозинско сунитско население, на 22 километри северно од Багдад, ранети се 34 лица. Нападот е извршен на погреб на татко на двајца членови на провладината милиција, позната како Сахва,...

Индија: 43 лица загинаа во напад на сепаратистите

Најмалку 43 лица, меѓу кои четири жени, денеска се убиени во повеќе напади на племенските сепаратисти во индиската држава Асам, на североистокот на земјата, соопшти полицијата. Нападите беа извршени во две области, Кокраџар и Сонитпур, а полицијата верува дека зад нив стојат припадниците на Националниот демократски фронт Бодоленд, кој со децении бара независност во дел од државата Асам. Претставникот на полицијата...

Абот: Можни се нови напади во Австралија

Премиерот на Австралија, Тони Абот, денеска предупреди дека се можни нови напади во земјата, додавајќи дека безбедносните служби регистрирале засилена комуникација меѓу терористите по минатонеделниот напад во сиднејското кафуле „Линд“. Абот истакна дека засега немаат податоци кога ќе се случи тоа, ниту, пак, знаат какви се намерите, но имаат податоци дека се способни за нови напади. Австралискиот премиер не го зголеми...

Скопјанец со нож го нападнал својот татко

Скопјанец вчера попладне го нападнал својот 65-годишен татко и со нож му нанал расеченица на лицето, информираат од полицијата. Како што појаснуваат оттаму, вчера околу 16 часот меѓу таткото Т.Г. и неговиот син К.Г. (41), настанала расправија во која синот првин искршил врата од соба, а потоа го нападнал својот татко и со нож му нанел расеченица во пределот на устата. Синот...

Уапсени помагачи на напаѓачите во Пешавар

Пакистанската полиција уапси неколку осомничени за помагање на напаѓачите кои минатата недела во Јавното воено училиште во Пакистан масакрираа 148 лица, од кои 135 беа деца, соопштија пакистанските власти. Шест лица, меѓу кои и една жена, се уапсени во централната покраина Панџаб. - Притворени се неколку осомничени кои ги помагале напаѓачите - соопшти министерот за внатрешни работи Насир Али Кан, притоа...

Тетовец со нож нападнал такси-возач

Четириесет и шестгодишен тетовец под дејство на алкохол вчеравечер со нож му нанел повреди на такси-возач, информираат од полицијата. Инцидентот се случил околу 20.45 часот, пред клиничката болница во Тетово, кога тетовецот, кој бил во алкохолизирана состојба, влегол во такси-возилото, што го управувал С.Н., и го нападнал со нож поради нерасчистени долгови. На такси-возачот му била укажана лекарска помош во клиничката...

Се зголемува бројот на загинатите во военото училиште во Пакистан

Бројот на загинатите во напад на талибанци врз воено училиште во пакистанскиот град Пешавар се искачи на 130 лица. Како што јавуваат локалните медиуми, 122 лица се повредени, од кои 25 се во критична состојба. Пакистанските власти соопштуваат дека над 100 од убиените се деца и оти бројот на жртвите веројатно ќе се зголемува. загинати може да се зголеми. Според...

Во напад во Пакистан, 104 лица убиени, меѓу кои 84 деца

Во нападот врз училиште во пакистанскиот град Пешавар најмалку 104 лица биле убиени, меѓу кои 84 деца. Според неофицијалните информации, има и многу повредени. Талибанците ја презедоа одговорноста за нападот. Според нив, овој напад бил одмазда за воените операции на пакистанската армија во Северен Вазиристан.  

Пукано врз жител на струшко Велешта

Триесет и шестгодишен жител на струшкото село Велешта синоќа бил жртва на обид за убиство, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски. Ранетиот А.С. бил пренесен во струшката болница, каде биле констатирани повеќе прострелни рани, по што врз него била извршена хируршка интервенција која траела неколку часови. Повредениот во моментов се наоѓа во стабилна состојба. Велештанецот, над кој е извршен нападот,...

Нападната амбасадата на Израел во Атина

Израелската амбасада во Атина беше мета на вооружен напад рано изутринава. Зградата на амбасадата во атинската населба Нео Психико била нападната околу 3 часот наутро, со оружје од типот „калашников“. Околу зградата се најдени 54 истрелани куршуми. Во нападот нема повредени и причинета е само голема материјална штета на фасадата на амбасадата. Полицијата го води случајот како терористички напад, а...

Нападнат ученик во „Панче Караѓозов“

Петнаесетгодишен ученик вчера, доцна попладнето, бил нападнат од две лица, во државното средно училиште „Панче Караѓозов“, кои со остар предмет му нанеле исеченици на градниот кош и на рамото, информира полицијата. Нападот, според полицијата, се случил околу 17.40 часот. Ученикот бил пренесен во Ургентниот центар, а полицијата презема марки за откривање на сторителите.

Кривична пријава против вработена во СВР Скопје, примала мито од 12.500 евра

Поднесена е кривична пријава против 41-годишната И.М. од селото Буковиќ во скопската општина Сарај, а која била вработена во СВР Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични...