Најмалку две лица се убиени во супермаркетот во Париз, во кој влета неидентификуван маж и киднапира неколку лица. Засега не се знае дали напаѓачот е поврзан со браќата Кауши.

За време на нападот во супермаркетот, две лица загинаа, а уште најмалку пет се држат како заложници во супермаркетот. Напаѓачот упаднал во бакалницата со кошер-производи, а како што јавуваат француските медиуми, едно лице е повредено.

Некои од вработените за време на нападот успеале да истрчаат надвор, јавува „Паризиен“.

Како што јавува „Фигаро“, напаѓачот бил вооружен со „клашников“, а набргу на местото на настанот пристигнале и француската полиција и војската.

Полицијата претпоставува дека станува збор за осомничениот за убиството на полицајката во Монруж, чиј идентитет денеска е утврден.

Претставничка на Партијата на левицата, Ракел Гаридо, на својот твитер-профил објави дека во квартот Порт де Висен, на североистокот на градот, се пука и оти полицијата ги евакуира граѓаните.

https://www.youtube.com/watch?v=BFwedk4dBCc&feature=youtu.be