fbpx
Таг: нафта

таг: нафта

Падна цената на нафтата на светските берзи

На светските берзи падна цената на суровата нафта поради сè поголемите резерви со кои располагаат САД и сè посилниот долар. Американската лесна нафта за испорака во април на берзата во Њујорк поевтини за речиси половина долар на 44,37 долари, додека нафтата од типот „брент“ на берзата во Лондон се продава за 54,21 долари, што е поевтинување за 46 центи.

Пораст на цената на нафтата

На светските берзи, денеска е забележан пораст на цената на нафтата откако беше најавено дека вработените во рафинериите во САД ќе го прекинат штрајкот со кој дојде до пад на цената на нафтата. Американската лесна нафта за испорака во април на електронските тргувања на Њујоршката берза поскапе за 12 центи на 47,18 долари за еден барел, додека цената на северноморскиот „брент“...

Цената на нафтата ќе се намали на 40 долари

„Интернешнел бизнис тајмс“ (The International business times) објави дека цената на суровата нафта ќе почне да опаѓа кога глобалните резерви ќе почнат да се зголемуваат, така што на пазарот во САД таа наскоро ќе достигне 40 долари за еден барел. Според весникот, цената на нафтата од типот „брент“ исто така ќе се намали под притисок на зголемените резерви, а нафтата од...

Пронајдено ново наоѓалиште на гас во Црно Море

Ново наоѓалиште на гас во Црно Море пронашле компанијата „Петром“, единствениот локален произведувач на нафта и на гас во Романија, и американскиот гигант „Ексонмобил“. Двете компании соопштуваат дека сè уште ги проучуваат податоците од сондата „Пеликан“, распоредена во делот „Нептун“ во Црното Море. Во 2013 година вкупната потрошувачка на гас во Романија изнесуваше 12,5 милијарди кубни метри.

САД: Се преврте воз-цистернa, евакуиран цел град

Товарен воз кој превезувал повеќе од 100 цистерни сурова нафта, излета од шините при снежното невреме во американската држава Западна Вирџинија. Барем една цистерна излетала в река, а 14 се запалиле, што предизвикало голем пожар и истекување на нафта, соопштија претставниците. Гувернерот на американската држава Западна Вирџинија, Ерл Реј Томблин, прогласи вонредната состојба во окрузите Канавха и Фајет за да им се овозможи...

Горивата поскапуваат

Од денеска на полноќ, нафтените деривати поскапуваат, информираат од Регулаторната комисија за енергетика. Малопродажната цена на „еуросупер БС-95“ се зголемува за 3 денари за еден литат во однос на цената утврдена со одлуката од 26 јануари годинава и со тоа цената на „еуросупер БС-95“ изнесува 62 денари за еден литар. Цената на „еуросупер БС-98“ се зголемува за 3,5 денари во однос на цената утврдена со одлуката...

Либија: Нападнато наоѓалиште за нафта

Вооружени милитанти го нападнаа либиското наоѓалиште на нафта Ал-Мабрук, на околу 170 километри јужно од пристаништето Сирта, при што убија тројца чувари. Портпаролот на либиската нафтена компанија изјави дека се евакуирани останатите вработени во наоѓалиштето, на кое експлоатација врши францускиот нафтен гигант „Тотал“ и оти никој не е повреден. Ниту една милитантна група не ја презеде одговорноста за овој напад.

Бензинот и дизелот повторно певтинуваат

Нови намалени цени на горивата ќе има од денеска на полноќ, соопштија од Регулаторната комисија за енергетика. Малопродажната цена на „еуросупер БС-95“ се намалува за 1,50 денар за еден литар и ќе изнесува 59 денари. Цената на „еуросупер БС-98“ се намалува за 2 денари и ќе изнесува 60,50 денари за еден литар. Малопродажната цена на „еуродизел“ (Д-Е V) се намалува за 2,50 денари...

Цената на нафтата и понатаму во слободен пад

Денеска продолжија да паѓа цената на нафтата на светските берзи. Американската лесна нафта поевтини за 58 центи и сега се продава за 45,31 долари за еден барел, додека цената на „брент“ од Северното Море се намали за 54 центи и се продава за 46,05 долари за еден барел. Цените на нафтата се намалуваат уште од јуни минатата година, но почна забрзано да се намалуваат...

Цената на нафтата и понатаму се намалува

Цената на нафтата продолжува да опаѓа, па денеска еден барел „брент“ поевтини 92 центи и чини 46,51 долари, а американскиот бренд WTI поевтини 72 центи и чини 45,23 долари за еден барел. Увозот на нафта во Кина во декември достигна рекордно ниво, првпат надминувајќи 7 милиони барели за едно деноноќие. Но, и покрај огромниот увоз, цената на нафтата продолжува да се намалува.

Бензините и дизелот поевтинуваат за еден и пол денар

Бензинот и дизелот ќе поевтинат за еден и пол денар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика. Малопродажната цена на „еуросупер БС-98“ се намалува за 1 денар и ќе изнесува 62,5 денари. Малопродажната цена на „еуросупер БС-95“ се намалува за 1,5 денар и од полноќ ќе се точи по 60,5 денари за еден литар. Дизелот поевтинува за 1,5 денар и од полноќ неговата цена ќе изнесува...

Еврото му се доближи на доларот

Вредноста на еврото падна на минимум во последниве десет години во однос на американскиот долар. Цената на европската нафта „брент“, паак,  денеска падна под 50 долари за еден барел, што е првпат од 2009 година. Еврото во однос на доларот изутрината во Европа се разменува за 1,1842 долари. Забавувањето на глобалниот пораст и зголемувањето на понудата на нафта и на...

Цената на нафтата и понатаму паѓа

Цената на нафтата и понатаму паѓа поради зголемената понуда и намалувањето на побарувачката. Русија, наспроти ова, руши рекорди во производство, додека, пак, Ирак бележи невиден извоз. Сепак, за состојбата со цената на нафтата дополнително силно влијае и одлуката на ОПЕК од ноември минатата година дека нема намера да го намали производството на нафта и дека земјите-членки на оваа организација лесно ќе...

Паѓа цената на нафтата во светот

Поради порастот на производството во Русија и во Ирак, цената на нафтата на светските пазари продолжува да паѓа. Во моментов вредноста на еден барел нафта „брент“ чини 56,42 долари, што е за 1,58 отсто помалку од вчера.

Пониски цени на бензините и на нафтата

Од ноќеска на полноќ бензините и дизелот  ќе поевтинат за 3,5 денари, одлучи Регулаторната комисија за енергетика. Цената на „еуросупер БС-95“ ќе изнесува 62 денари, на „еуросупер БС-98“ – 63,50, додека „еуродизел“ (Д-Е V) ќе се продава за 52,50 денари за еден литар. Малопродажната цена на екстралесно масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 3 денари и ќе изнесува 41,50 денари за еден...

Путин: Западот сака да ја окова „руската мечка“

Западот сака да ја окова „руската мечка“, да ѝ ги извади забите и да ја препарира, предупреди денеска рускиот претседател Владимир Путин на конференцијата со новинарите, додавајќи дека антируските санкции се цената на независноста. Путин употреби живописна метафора за Русија, нарекувајќи ја„окована мечка“ додека одговараше на прашањето дали верува дека проблемите на руската економијас е вратка за анексијата на Крим. - Не...

Цената на нафтата падна на 59 долари за еден барел

Под 59 долари се спушти цената на еден барел нафта на меѓународните берзи. Тоа се случи по најавата од големите производители дека ќе се задржи производството на досегашното ниво и покрај прекумерното снабдување и намалената побарувачка. На лондонската берза, цената на еден барел нафта се намали за 1,20 долари, во однос на претходното затворање, на 58,81 долари. На американската берза со...

Од полноќ бензините поевтинуваат за 4,5 денари, а дизелот за 4 денари

Од ноќеска на полноќ, малопродажните цени на бензините и на дизел-горивото поевтинуваат за 4,5, односно за 4 денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Со новото намалување, еден литар „еуросупер БС-95“ ќе се продава за цена од 65,50 денари, а еден литар „еуросупер БС-98“ ќе чини 67 денари. Малопродажните цени на „еуродизел“ ќе изнесува 56 денари за еден литар, а екстралесното...

Од поевтината нафта граѓаните нема да се офајдат

Падот на цената на нафтата на светските берзи и намалувањето на цената на горивата на домашниот пазар, не се очекува да го растовари буџетот на граѓаните, бидејќи нема многу или воопшто нема да влијае на цените на  производитево малопродажба, сметаат експертите што ги консултираше „Мета“. Според професорот Атанаско Туневски, падот на цената на нафтата сигурно ќе се одрази поволно на индустриите...

Од полноќ поевтинуваат бензините

Регулаторната комисија за енергетика одлучи за два денари по литар да ги намали малопродажните цени на „еуросупер БС-95“, „еуросупер БС-98“, „еуродизел (Д-Е V)“ и на екстралесното масло за домаќинство (ЕЛ-1). Со оваа одлука, која ќе стапи на сила денеска на полноќ, новата цена на „еуросупер БС-95“ ќе биде 70 денари за еден литар, а на „еуросупер БС-98“ - 71,5 денари за еден литар. Новата цена...