Од полноќ поевтинуваат бензините

Регулаторната комисија за енергетика одлучи за два денари по литар да ги намали малопродажните цени на „еуросупер БС-95“, „еуросупер БС-98“, „еуродизел (Д-Е V)“ и на екстралесното масло за домаќинство (ЕЛ-1).

Со оваа одлука, која ќе стапи на сила денеска на полноќ, новата цена на „еуросупер БС-95“ ќе биде 70 денари за еден литар, а на „еуросупер БС-98“ – 71,5 денари за еден литар.

Новата цена по која од полноќ ќе се точи еден литар дизел-гориво ќе изнесува 60 денари.

Екстралесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе се продава по 48,50 денари за еден литар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 2,153 денари за еден килограм и ќе изнесува 30,866 денари.