fbpx
Таг: нафта

таг: нафта

Руската рубља со рекодрен пад во однос на доларот и на еврото

Руската рубља забележа нов пад во однос на еврото и на американскиот долар, откако ОПЕК одлучи да не го намалува производството на нафта и покрај презаситеноста на светските пазари, пренесува „Радио Слободна Европа“. Рубљата загуби 3,6 отсто од вредноста и сега за еден американски долар се добиваат 48,66 рубли, што е надминување за две копејки на претходното најниско ниво од...

Учениците во Кичево, в понеделник на училиште

Владата на Република Македонија на вчерашната седница донесе одлука со која обезбеди 50 тони нафта за греење и 10 тони нафта за превоз за кичевските училишта. Учениците од понеделник ќе се вратат во училишните клупи, а Владата подготви и програма на кој начин ќе се дополни наставата што учениците ја пропуштија поради проблемот со греењето.

Кичевските училишта сè уште без греење

Училиштата во Кичево сè уште се без греење затоа што Владата не донела одлука да се одобри нафта од стоковите резерви. Иако ова беше најавувано уште пред неколку недели, нема ништо од нафтата, а учениците веќе еден месец не одат на училиште. Министерот за образование Абдулаќим Адеми на брифинг со новинарите рече дека нафта ќе се добие, но пропуштените часови...

Бајден: Време е Европа да ја намали зависноста од руските нафта и гас

Потпретседателот на САД, Џозеф Бајден, во денешниот говор на конференцијата на Атлантскиот совет во Истанбул, рече дека е време Европа да ја подобри енергетската безбедност и да најде други извори за снабдување со енергенти за да ја намали зависноста од Русија, пренесуваат светските медиуми. Тој предупреди на досегашната практика на Русија, енергентите да ги користи како оружје во својата политика кон соседите. Американскиот...

Цената на нафтата во светот продолжува да опаѓа

Бензинот и понатаму поевтинува поради тоа што цената на нафтата во светот продолжува да опаѓа, што влијае на расположението на луѓето во позитивна насока, пишува „Вол стрит џурнал“. Постојаното намалување на цените на бензинот придонесува и за зголемување на куповната моќ, независно од еднообразното зголемуваее на платите.  

Путин: Политиката ја диктира цената на нафтата

Во цената на нафтата секогаш е присутна и политичка компонента, изјави рускиот претседател Владимир Путин на прашањата од новинарите зошто паѓа цената на овој енергент. - И не само тоа, во одредени кризни моменти се добива впечаток дека политиката преовладува во формирањето на цените на енергентите - рече Путин во интервју за кинеските медиуми пред посетата на Кина, каде ќе учествува...

Венецуела е принудена да увезува нафта

Венецуела е принудена да увезува нафта за сопствени потреби иако се проценува дека земјата ги поседува најголемите нафтени резерви. Поранешниот претседател Уго Чавез своевремено се фалеше дека ја вратил нафтената индустрија под контрола на државата, откако го национализираше вложувањето на приватните нафтени компании во земјата – „Ексон мобајл“ и „Коноко“. Деветнаесет месеци по смртта на Чавез, Венецуела не е во состојба...

Министерството за образование ќе проверува зошто смрзнуваат учениците

Зошто одредени училишта во Струга и во Кичево немаат греење од почетокот на грејната сезона, што предизвика бојкот на наставата, ќе проврува Министерството за образование. Според заменик министерот за образование, Спиро Ристовски, ќе се контролира како се трошат парите за греење во училиштата и кој дозволил учениците да смрзнуваат. - Министерството за образование секоја година доставува редовни блок-дотации до општините од кои...

Обезбедена нафта за струшките училишта

Учениците од струшкото училиште „Јосип Броз Тито“ од утре ќе продолжат со настава откако е обезбедена нафта за греење на училниците. Наставата беше во прекин затоа што родителите решија да не ги пуштаат децата на школо оти нема греење. Околу десет тони нафта претпладнето се испорачани во Централното основно училиште „Јосип Броз Тито“ во Струга, а дел од неа,...

Нови намалени цени на горивата

Малопродажните цени на „еуросупер БС-95“ и „еуросупер БС-98“ се намалуваат за 1 денар, а дизелот поевтинува за половина денар. Од полноќ, новата цени на „еуросупер БС“ изнесува 73 денари за еден литар, додека малопродажната цена на „еуросупер БС-98“ изнесува 75 денари за еден литар. Дизелот ќе се точи за 62,5 денари по литар. Новата цена на екстралесното масло за домаќинство се намалува...

Учениците во Кичево на протест поради ладните училишта

Повеќе од 1.000 ученици од основните училиште „Кузман Jосифоски-Питу“ и „Д-р Владимир Полежиноњски“ во Кичево одбиваат да следат настава поради ладните простории. Според информациите, во училиштата нема пари за нафта за парното греење, а поради застарени долгови сметките се блокирани. Поради ова, советот на родители од основното училиште „Кузман Јосифоски-Питу“ реши и денеска учениците да седат дома, а родителите најавија протест пред Општина...

ИСИС зазеде уште едно нафтено поле во Сирија

Борците на исламската држава (ИСИС) во Сирија, денеска соопштија дека заземале нафтено поле во покраината Хомс. Ова е второ плинско поле освоено во последната недела во борбите со владините сили. Радикалната сунитска група на социјалните мрежи објави 18 фотографии на кои се гледа знамето на ИСИС на нафтеното поле во Јаха, како и запленети оружје и возила. Борците на ИСИС, кои држат...

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...