Од денеска на полноќ, нафтените деривати поскапуваат, информираат од Регулаторната комисија за енергетика.
Малопродажната цена на „еуросупер БС-95“ се зголемува за 3 денари за еден литат во однос на цената утврдена со одлуката од 26 јануари годинава и со тоа цената на „еуросупер БС-95“ изнесува 62 денари за еден литар.
Цената на „еуросупер БС-98“ се зголемува за 3,5 денари во однос на цената утврдена со одлуката од 26 јануари 2015 година и со тоа цената на „еуросупер БС-98“ изнесува 64 денари за еден литар.
Малопродажната цена на „еуродизел (Д-Е V)“ се зголемува за 2,50 денари во однос на цената утврдена со одлуката од 26 ајнуари годинава и со тоа цената на овој дериват изнесува 51 денар за еден литар. Малопродажната цена на екстралесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 2,5 денари во однос на цената утврдена со одлуката од 26 јануари 2015 година и со тоа цената изнесува 39,5 денари за еден литар.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 2,174 денари по килограм во однос на цената утврдена со одлуката од 26 јануари годинава и со тоа цената на М-1 НС изнесува 23,456 денари за еден килограм.