fbpx
Таг: мерки

таг: мерки

Лазаревик: Санкциите на ЕУ треба да бидат насочени кон индивидуи, а не кон државата

„Меѓународната изолација на Македонија како мерка против сегашната влада и владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ не е адекватно решение за решавање на големата политичка криза и за граѓанските немири. Наместо да ја обесхрабри, таа ќе ја поттикне владина реторика против ЕУ и НАТО. Од изолацијата на Македонија единствено корист ќе има Владата, која, всушност, макотрпно работи да ја оддалечи земјата од ЕУ и...

Коѕиас ги заладува односите и Ципрас и со Македонија?

Напукнуваат ли добрите врски меѓу грчкиот премиер Алексис Ципрас и министерот за надворешни работи Никос Коѕиас? Грчкиот весник „То Вима“ повикувајќи се на владини извори пренесува дека климата меѓу владиниот кабинет и грчкото Министерство за надворешни работи е заладена поради контрадикторниот однос на шефот на грчката дипломатија во врска со владините политики и одлуки за комуникација со македонската влада,...

Јужната граница затворена, Управувачкиот комитет попладнево ќе одлучува што понатаму

Управувачкиот комитет за справување со мигрантската криза денеска, по 18 часот, според најавите, треба да одржи состанок на кој ќе ја утврди новата политика на земјава околу пропуштањето на бегалците, по самитот во Брисел и по утврдувањето на новите мерки за затворање на границите за најголем дел од барателите на азил, што од вчера ги воведе Словенија, дознава „Мета“. До состанокот,...

Зоран Заев од Охрид вети подобрување на положбата на жената

Ајде сите заедно да го проветриме заедничкиот дом што се вика Македонија и да си ја вратиме земјата на вистинскиот, европскиот пат. Ова денеска го истакна лидерот на опозицијата, Зоран Заев, во говорот пред жените учеснички на традиционалниот осмомартовски марш во Охрид, организиран од форумот на жени на СДСМ под мотото: „Ти си таа промена - Заедно за Македонија!“. - Промените се почнати....

Меркел е загрижена поради кризата на македонско-грчката граница

Претстојниот самит ЕУ - Турција е уште позначаен сега откако е влошена ситуацијата на грчко-македонската граница, изјави денеска германската канцеларка Ангела Меркел, пренесе агенцијата „Анадолу“. На заедничката прес-конференција со хрватскиот премиер Тихомир Орешковиќ во Берлин, Меркел ги критикуваше едностраните мерки што ги презедоа неколку држави за да го запрат протекот на мигрантите, што ја довело Грција во многу тешка состојба. Германската канцеларка...

Попоски: Мигрантската криза не може да се решава со ланската тактика

„Ние наскоро ќе сфатиме дека не може да функционира системот така како што функционирал минатата година, кога повеќе од 750.000 мигранти поминаа низ Македонија. Доколку го знаеме ова, мислам дека најдобро ќе биде да се соочиме со реалноста на терен. Ако ви кажам како изгледаат работите во последните 24 часа, на сите ќе ви стане многу јасно“, изјавил денеска министерот...

ЕУ бара да запре приливот на бегалци и да се заштитат надворешните граници

Брзо запирање на приливот на бегалците, заштита на надворешните граници на ЕУ, намалување на илегалната миграција и заштита на интегритетот на шенген-зоната се мерките што Унијата ќе ги преземе како одговор на бегалската криза со која се соочува, стои во заклучоците на Европскиот совет. Меѓу другите заклучоци, објавени денеска на веб-страницата на Европскиот совет, по првиот ден од самитот на европските лидери...

Лебот ќе поевтини од два до пет денари

Цената на лебот ќе се намали за два до пет денари поради поевтинување на српското брашно кое Македонија го увезува, најавуваат од мелничарската индустрија. Мелничарите побараа итно да се преземат мерки за да се спречи напливот на евтино увозно брашно, кое се увезува по цена колку што чини домашната пченица што мелничарите ја купуваа во жетва. Тие предупредуваат дека доколку не им се помогне во најкраток можен...

ВМРО-ДПМНЕ: Се реализираа низа проекти од интерес на младите

Од ВМРО-ДПМНЕ реагираа на соопштението на СДСМ за мерките што лидерот на владејачката партија, Никола Груевски, ги најави пред младите во Младинскиот културен центар. - Само во последните два месеци, владата на ВМРО-ДПМНЕ промовираше дури 20 проекти од кои добивките ги ползуваат сите млади лица во земјата. Денеска беа промовирани шест проекти што се од интерес на младите. Изминатите години се реализираа уште низа...

Груевски најавува како да е премиер: Стипендии за најдобрите 100 студенти

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ ја најави новата мерка наменета за младите, наречена „Млади амбасадори“. Мерката е наменета за средношколците што ќе освојат награда на една од 12-те меѓународни научни олимпијади. - За освоен златен медал, средношколецот ќе добива по 12.000 денари секој месец цела година. За освоен сребрен медал, на добитникот ќе му се исплаќаат по 10.000 денари 12 месеци. Средношколците што ќе освојат...

„Излези за воздух“: Надлежните не презедоа мерки, ќе следува граѓански одговор

Според здружените иницијативи „Излези за воздух“, Владата, Министерството за животна средина и просторно планирање и општините не презеле ниту една од краткорочните мерки за намалување на концентрациите на канцерогените честички ПМ10 и ПМ2,5, кои беа ултимативно побарани на протестот на 28 декември минатата година. „Сметаме дека надлежните, пред сè, Владата на РМ, МЖСПП и општините ја игнорираат оваа елементарна непогода...

Обама денеска ќе ги објави новите мерки против вооруженото насилство во САД

Претседателот на Соединетите Американски Држави (САД), Барак Обама, денеска треба да ги објави новите мерки против вооруженото насилство, јавуваат светските медиуми. Една од мерките е и обврската за сите продавачи на оружје да направат темелни проверки на своите клиенти пред да им продадат каков било тип на огнено оружје. Претседателот Обама и неговата администрација решија да ги објават мерките и покрај...

Манчевски: Бараме на вонредна седница да се усвојат мерки против загадувањето

Советничката група на СДСМ и на коалициските партнери во Советот на Град Скопје бара вонредна седница во деновите помеѓу новогодишните и божиќните празници. На седницата тие, од градоначалникот Коце Трајановски, ќе побараат да се усвојат вонредни предлог-мерки со кои загаденоста привремено би се довела во понормални рамки. Некои од мерките што од СДСМ ги предлагаат се итен прекин на сите градежни...

Почна протестот против загадувањето на воздухот пред Влада

Неколку стотици граѓани денеска се собраа пред Владата за да го искажат својот револт поради загадувањето на воздухот. Граѓаните, кои сè уште пристигнуваат, со себе носат транспаренти на кои пишува „Децата треба да дишат чист воздух“, „Ни го земавте здивот“ и „Имате ли план“. Протестот е поддржан од дваесетина еколошки здруженија и иницијативи од Скопје, Тетово, Битола и од Велес, каде...

Вонредни мерки поради загадувањето: трудниците и хронично болните да останат дома

Владата на вонредна седница расправала за зголеменото ниво на загаденост на воздухот, при што донела повеќе заклучоци и препораки. Оттаму информираат дека се препорачува на сите работодавци во Скопје и во Тетово, да ги ослободат од работни обврски бремените жени, лица постари од 60 години со респираторни и со кардиоваскуларни заболувања, како и лица помлади од 60 годишна возраст со дијагноза астма...

Министерство за животна средина: Владата и општините итно да преземат мерки за загадувањето

Министерството за животна средина и просторно планирање ќе препорача до Владата и до општините итно да преземат конкретни мерки против загадувањето, истакна Нурхан Изаири, министер за животна средина. Тој рече дека мерките се однесуваат на тоа Град Скопје и Општина Тетово да ги интензивираат активностите за чистење на улиците, а особено околу градилиштата. Втора мерка што ја препорачува Министерството, според...

СДСМ: За Груевски и за фамилијата здравјето на граѓаните е неважно

Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ цели 10 години не презедоа ништо за да се реши проблемот со енормно загадениот воздух, обвинуваат од СДСМ. „Граѓаните од цела Македонија секојдневно дишат екстермно загаден воздух. Во Скопје и во Тетово загадениот воздух достигнува фрапантни 18 пати повисоки концентрации на опасните честички ПМ10, што е исклучително опасно по здравјето на граѓаните. Во Битола и во Кичево...

Ќе се обновува сливот на реката Струмица за да се намали ризикот од поплави

Сливот на реката Струмица ќе се обновува за да се намали ризикот од поплавите и загадувањето, информираше постојаниот претставник на програмата за развој на Обединетите нации, Луиза Винтон. - Проектот ќе работи со локалните власти на зајакнување на капацитетите за воведување на принципите на интегрално спречување и на контрола на загадувањето од индустријата, како и на воведување на најмодерните принципи, технологии...

Руските санкции ги раскараа земјите-членки на ЕУ

Европската унија успеа да ги продолжи санкциите кон Руисија и да издејствува единство на сите 28 земји-членки на заедницата, но прашање е колку долго ќе трае тоа, пишува „Вашингтон пост“. Санкциите, кои се продолжени до јули следната година, предизвикуваат незадоволство кај одредени европски земји, како Италија и Франција, кои одамна ги одржуваат врските со Русија, вклучувајќи ја и сферата на...

СДСМ бара итни мерки против загадувањето и оставка од градоначалникот Трајановски

Состојбата со загадувањето на воздухот од ден на ден станува сè поалармантна и позагрижувачка, а ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски редат празни зборови за пред години, обвини СДСМ. „Граѓаните на Македонија буквално се задушуваат од загаден воздух со огромни концентрации на канцерогени честички ПМ10. Подолг временски период граѓаните дишат по 10, па дури и по 20 пати позагаден воздух од дозволеното. Цели...

В понеделник ќе биде врачена наградата „Роман на годината“

Во понеделник, на 20 мај, во Драмскиот театар во Скопје, со почеток во 19 часот и 30 минути ќе се одржи свечено врачување на наградата „Роман на годината“ за...