fbpx
Таг: Македонија

таг: Македонија

Последните 24 часа низ Македонија поминале 3.256 бегалци

Во последното деноноќие, на 3.256 странски државјани им се издадени потврди за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил, од кои 1.126 се од машки, 766 од женски пол, а 1.364 се деца што го придружуваат носителот на потврдата. Како што информира МВР, од нив 1.516 се државјани на Сирија, 904 се државјани на Ирак, а 836 се...

Заштита на границите на Македонија и на Србија побара Курц

Министерот за надворешни работи на Австрија, Себастијан Курц, побара заштита на границите со Македонија и со Србија за да се заштити шенген-зоната. Шефот на австриската дипломатија, пред неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ, истакна дека сè додека обезбедувањето на грчко-турската граница не функционира, треба да се соработува со Македонија, Србија и со другите земји за да се обезбеди...

За 24 часа во Македонија влегле 2.173 бегалци

Во изминатите 24 часа, издадени се потврди за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил на вкупно 2.173 бегалци и мигранти, од кои 889 од машки и 446 од женски пол, како и на 837 деца што го придружуваат носителот на потврдата и на уште едно дете што патува без придружба, соопштија МВР. Според податоците на службите, најмногу потврди...

Бакојани до Коѕиас: Дали знаете дека ЕУ ќе даде пари за Македонија да се справи со бегалците?

Поранешната шефица на грчката дипломатија и моментално одговорна за надворешна политика во Нова демократија, Дора Бакојани, активираше нов аларм за можно исклучување на Грција од шенген-зоната. Бакојани испрати пратеничко прашање до грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕиас, околу информациите дека Европската унија планира финансиска помош за Македонија за зајакнување на граничната контрола за бегалците. Во прашањето Бакојани се повикува на...

Светскиот ден за борба против ракот се одбележува и во Македонија

Во Македонија денеска се одбележува Светскиот ден за борба против ракот, кој годинава се спроведува под слоганот „Ние можеме, јас можам“ и повикува на активно вклучување на поединците, заедницата и на надлежните институции за превенција и за намалување на последиците од појавата на карциномите. Кампањата се фокусира на информирање и на едукација за зголемена свесност за превенција од карцином, обезбедување соодветен...

Димитриев: Постојниот закон за медиуми е добар

Потребно е решение за медиумите што ги задоволува потребите на Македонија, соопшти денеска премиерот за спроведување на изборите, Емил Димитриев, по средбите со трите новинарски и медиумски здруженија и асоцијации. - Како Влада стоиме на ставот дека постојниот закон за медиуми, кој е работен со помош на Европската унија, е добар, а ако се одлучи дека треба да има нов закон,...

Сијарто: ЕУ мора да постави силна одбранбена линија на југ

Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, соопшти дека ЕУ мора да воспостави „силна одбранбена линија на југот“ за да го запре напливот на бегалци, во спротивно заканите од терористички напади ќе се зголемат, а јавната безбедност на Унијата ќе се влоши. Според Сијарто, ако одбранбената линија не може да се постави на јужната страна на Грција, тогаш таа треба...

Попоски: Или ќе го решиме проблемот со контрола на границите, или тој ќе нè реши нас

Европа не е подготвена да има уште една година како 2015, рече шефот на македонската дипломатија, Никола Попоски, во своето обраќање на вториот неформален министерски состанок на ПСЈИЕ што се одржа денеска во Софија, на кој главна тема беше мигранцискиот предизвик со кој се соочува Европа. - Политичкиот притисок е сериозен и кај земјите на прием на мигранти, но и...

Почувствуван земјотрес во југоисточниот дел на Македонија

Денеска, во 13.10 часот, во југоисточните делови на Македонија, е почувствуван земјотрес со интензитет од три до четири степени според Европската макросеизмичка скала. Епицентарот на земјотресот се наоѓа на 120 километри југоисточно од Скопје, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при ПМФ.

Илјадници бегалци чекаат од грчката страна на Богородица да преминат во Македонија

Во Грција продолжува да се зголемува паниката дека државата ќе остане заглавена со илјадници бегалци и мигранти. Грчките медиуми јавуваат дека граничниот премин кај Богородица, односно Идомени е преполнет со бегалци од грчка страна бидејќи македонските граничари пропуштаат многу мал број бегалци и мигранти. Според информациите од грчката полиција, минатата ноќ се пропуштени 750 бегалци, додека во бегалскиот камп кај Идомени својот ред...

„Херитиџ“: Македонија е економски умерено слободна земја

Македонија останува во категоријата економски умерено слободни земји и е рангирана на 47. место од вкупно 166 рангирани земји, пишува во извештајот за индексот на економски слободи објавен денеска, а изработен од Фондацијата „Херитиџ“ и од „Вол стрит журнал“. Македонија има вкупна оценка 67,5 поени што е подобрување за 0,4 поени во однос на минатата година. - Иако законодавната рамка во Македонија е...

На 1 февруари доаѓа германскиот државен министер Михаел Рот

Државниот министер за надворешни работи на Германија, надлежен за Европа, Михаел Рот, ќе ја посети Македонија од 1 до 2 февруари, информираат од германската амбасада. - Тој ќе се информира за внатрешнополитичката состојба, како и за бегалската проблематика. Предвидени се разговори со претставници од Владата и од опозицијата, граѓанското општество и од невладините организации, кои се активни во областа на...

Голем интерес за годинешниот Скопски маратон

Годинешниот Скопски маратон според бројот на досега пријавените ќе биде најмасовен досега, соопшти организаторот на манифестацијата. „Ни остануваат уште 100 дена до најпопуларната и најмасовната спортска манифестација во Македонија, „Виз ер скопски маратон“. Како се доближуваме до датумот на одржувањето, 8 мај, така бројот на пријавени учесници се зголемува“, соопшти организаторот, Сојуз на спортови на Скопје. „Виз ер скопски маратон“ минатиот...

„Фридом хаус“: Македонија е делумно слободна земја

Во извештајот на „Фридом хаус“ за слободата во светот во 2015 година, со оцена 3,5, Македонија е рангирана меѓу земјите со делумна слобода. Политичките права се оценети со 4, а граѓанските слободи со оцена 3. Американската организација во новообјавениот извештај наведува дека „надолниот тренд во Македонија се должи на понатамошните информации за сериозни недостатоци во изборите во 2014 година, кои...

Спасовски и Микулеску разговараа за политичката состојба во Македонија и за бегалската криза

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, денеска имаше состанок со шефот на Канцеларијата на ОН во Белград (UNOB) и воедно специјален претставник на генералниот секретар на Обединетите нации на ОН, Симона-Мирела Микулеску, соопшти МВР. На состанокот било разговарано за политичкиот развој на настаните во Македонија и во регионот, како и за намерите и за можностите на Македонија, односно нејзиното МВР,...

Соработката меѓу полициите на Македонија и на Албанија е на високо ниво

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, денеска го прими албанскиот амбасадор Фатос Река. На средбата, како што соопштија од МВР, меѓу другото, било констатирано дека соработката меѓу македонската и албанската полиција е евидентна на повеќе нивоа, но оти секогаш има простор за нејзино понатамошно продлабочување и унапредување. Спасовски се осврнал на генералните релации помеѓу двете земји, оценувајќи дека тие се постојано...

Грчките земјоделци денеска од 11 до 13 часот ќе ги блокираат премините Богородица и Дојран

Грчките земјоделци денеска повторно ќе ги блокираат граничните премини Богородица и Дојран. Блокадата ќе биде поставена од 12 до 14 часот по локално време, односно од 11 до 13 часот по македонско време. Покрај македонската, земјоделците ги блокираат и граничните премини од Грција кон Албанија и кон Бугарија. Најлоша засега е ситуацијата кај преминот Промахонас кон Бугарија, каде грчките земјоделци...

ЕК: Нема опција за исфрлање на Грција од шенген-зоната

„Не постои план за исклучување на Грција од шенген-зоната, не е разговарано за суспендирање, ниту исклучување на членка на шенген-зоната. Такви опции нема според сегашните правила“, рече портпаролката на Европската комисија, Наташа Берто, одговарајќи на новинарско прашање за можното исклучување на Грција од шенгенската зона и за зајакнувањето на контролите на границата со Македонија. - Сепак, разговараме за можностите што постојат...

Словенија демантира: Немаше дефект на железницата и не сме барале од Македонија да ја затвори границата

Словенија денеска ги демантира информациите дека побарала Македонија да ја затвори јужната граница за влез на мигранти поради дефект на железничката мрежа и истакнува дека железничкиот сообраќај во земјата изминатите денови се одвивал непрекинато. „Република Словенија не побарала од Република Македонија да ја затвори границата со Грција. Индикациите дека сме го направиле тоа поради тешкотии во словенечката железничка мрежа, се погрешни. Железничкиот...

Границата е отворена, но само за бегалци чија дестинација е позната

Делот на македонско-грчката граница кај кота 59 е повторно отворена за влез на бегалците кои преку западно-балканаската рута транзитираат кон земјите од Европската унија (ЕУ), потврди за „Мета“ Министерството за внатрешни работи (МВР). - Од вчера попладне, јужната граница е повторно отворена за влез на бегалци и состојбата е редовна. Се пропуштаа оние странски државјани на кои во документите издадени...