fbpx
Таг: Лондон

таг: Лондон

Груевски во работна посета на Лондон

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, денеска заедно со партиска делегација, во чиј состав се пратениците од ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски и Владимир Ѓорчев, како и членот на извршниот комитет на партијата, Никола Попоски, ја почна својата посета на Лондон, Велика Британија, во рамките на која ќе се остварат повеќе средби со политичари и со влијателни личности од јавниот и општествен...

Зголемена безбедноста на транспортната мрежа во Лондон поради сомнителна направа

Лондонската полиција го подигна нивното на безбедност околу транспортната мрежа во градот, откако пред два дена била најдена сомнителна направа во воз, јавува „Би-би-си“. Вчера вооружената полиција на Лондон уапсила 19-годишно момче во северниот дел на Лондон, за кое постојат сомневања дека е поврзано со „сомнителната направа“, која еден ден претходно била уништена со контролирана експлозија на станицата во Северен...

Еквадор му го прекина интернетот на Асанж во амбасадата во Лондон, обвини „Викиликс“

„Викиликс“ денеска ги обвини властите на Еквадор дека го прекинале пристапот на интернет на нивниот основач, Џулијан Асанж, кој се наоѓа во амбасадата на Еквадор во Лондон повеќе од четири години. Организацијата на Асанж, како што јавуваат светските медиуми, за прекинот на интернетот првично обвини државна институција, без да наведе за која станува збор. Подоцна „Викиликс“ на „Твитер“ напиша дека...

Руската банка ВТБ ќе го напушти Лондон поради Брексит

Руската банка ВТБ соопшти дека размислува да го пресели своето европско седиште за инвестициско банкарство од Лондон, по одлуката Велика Британија да излезе од Европска Унија. - Преселувањето од Лондон или нашиот опстанок ќе зависи од развојот на ситуацијата поврзана со Брексит. Поради Брексит, ВТБ ќе ги прилагоди своите активности во Лондон, но нема намера да ја затвори канцеларијата таму...

Протест на аеродромот во Лондон за поддршка на „Црните животи значат“

Летовите од градскиот аеродром во Лондон се откажани откако демонстрантите ја окупираа пистата, јавуваат светските медиуми. Од полицијата наведуваат дека околу 5.40 часот по локално време биле повикани на аеродромот затоа што демонстрантите влегле на пистата. На социјалните мрежи објавени се фотографии на група млади луѓе кои лежат на пистата, а покрај нив се гледаат пароли „Црните животи значат“ (Black lives...

Во напад со нож во Лондон, загина една жена, а петмина се повредени

Една жена загина синоќа, а пет лица се повредени при напад со нож на лондонскиот Расел сквер, јавува „Би-би-си“. Полицијата синоќа околу 22.30 часот добила дојава дека маж со нож избодел неколку лица. Полицијата веднаш интервенирала и со помош на електричен пиштол успеала да го совлада напаѓачот. Како што јавуваат британските медиуми, итната медицинска помош на местото на инцидентот регистрирала шест повредени, но...

Тереза Меј со најголема предност во трката за наследник на Дејвид Камерон

Британската министерка за внатрешни работи, Тереза Меј, има голема предност пред својата најблиска конкурентка, Андреа Лидсом, во внатрепартиската трка за наследник на премиерот Дејвид Камерон, но оваа трка е засенета од повлекувањето на инвеститорите и од падот на британската фунта. Тереза Меј, која се залагаше за останување на Велика Британија во Европската Унија, освоила 165 гласови, а Андреа Лидсом, застапничка за излегувањето...

Лондон бара поголема автономија заради економска сигурност

Градоначалникот на Лондон, Садик Кан, денеска побара поголема автономија за овој град за да може да ја надмине економската неизвесност по гласањето на референдумот за излегување на Велика Британија од Европска Унија. Првиот човек на британската претстолнина изјавил дека поголемата автономија е потребна за да се заштити економијата на Лондон од неизвесноста која следува. - Ни треба поголема автономија заради заштита...

Лондон бара независност од Велика Британија и членство во ЕУ

Десетина илјади граѓани на Лондон денеска потпишаа петиција со која се бара, метрополата да остане во Европската Унија, откако градоначалникот Садик Кан изјави дека претстолнината исто така има право на глас кога станува збор за преговорите за излез на Велика Британија од ЕУ. Петицијата насловена „за прогласување на Лондон независен од Обединетото Кралство и приклучување кон ЕУ“ на сајтот „ćange.org“,...

Две експлозии во близина на телевизијата „Ај-ти-ви“

Студиото на телевизијата „Ај-ти-ви“ во Лондон е евакуирано поради дојава за бомба која наводно е сместена во сомнително возило, паркирано во непосредна близина. Според тврдења на очевидци две контролирани експлозии одекнале пред студиото „Саутбенк“. Портпаролот на лондонската полиција соопшти дека експлозиите одекнале два ипол часа откако ја добиле дојавата за сомнителното возило.

Лондон бара копија од „Панама пејперс“

Британската влада побара денеска копија од податоците што протекоа во медиумите за клиентите на адвокатската фирма од Панама, за да може да ги проучи тие информации и да дејствува по повод евентуално затајување данок. Во документите се објавени податоци на неколку стотини илјади клиенти на адвокатската компанија „Мосак Фонсека“, а во еден од документите е споменат и Ијан Камерон, покојниот татко...

Велика Британија би останала без 128 милијарди евра со излегувањето од ЕУ

Излегувањето на Велика Британија од ЕУ би можело да предизвика „сериозен шок“ за економијата на таа земја, со ризик да се изгубат речиси еден милион работни места, се наведува во истражувањето на групацијата „Си-би-ај“ (CBI). Во истражувањето се наведува дека излегувањето на Велика Британија од ЕУ би можело да го чини Лондон 128 милијарди евра до 2020 година, што е пет...

Лидингтон: Важно е изборите на 5 јуни да бидат веродостојни

Британскиот државен министер за Европа, Дејвид Лидингтон, кој е во работна посета на Република Македонија, денеска ќе има средба со министерот за надворешни работи, Никола Попоски. Вчера Лидингтон имаше средби со вицепремиерот задолжен за европски прашања, Фатмир Бесими, и со лидерите на политичките партии ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, на СДСМ, Зоран Заев, и на ДУИ, Али Ахмети, на кои во фокусот на...

Бесими и Лидингтон разговараа за бегалската криза

Вицепремиерот Фатмир Бесими денеска се сретна со висока делегација од Велика Британија, предводена од министерот за Европа, Дејвид Лидингтон. Во придружба на делегацијата беше и британскиот амбасадор во Република Македонија, Чарлс Гарет, како и претставници од британското министерство за надворешни работи. „Двете страни истакнаа дека соработката меѓу Република Македонија и Велика Британија се карактеризира со отворен и конструктивен дијалог и...

На донаторската конференција за Сирија во Лондон, собрани повеќе од 10 милијарди долари

Повеќе од 10 милијарди долари биле собрани на донаторската конференција за Сирија и за регионот во Лондон, соопштил денеска британскиот премиер, Дејвид Камерон, пренесуваат светските агенции. Како што соопштил Камерон, на конференцијата биле собрани 6 милијарди долари за 2016 година и уште 5 милијарди долари до 2020 година. Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН), Бан Ки-мун, изјавил дека меѓународната заедница никогаш...

Иванов утре на конференција за поддршка на Сирија и на регионот во Лондон

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, утре ќе учествува на Самитот за поддршка на Сирија и на регионот, што се одржува во Лондон, Велика Британија, каде ќе има и свое обраќање, соопштија денеска од кабинетот на Иванов. „Целта на самитот на шефови на држави и на влади е создавање фондови и обезбедување помош од меѓународната заедница за обновување на Сирија,...

Зголемени полициски патроли во метрото во Лондон

Лондонската полиција ги засили патролите во метрото откако маж во подземната железница со нож повреди три лица, извикувајќи „Ова е за Сирија“. Полицијата наведува дека 29-годишниот Мухајдин Мире денеска ќе биде изведен пред суд под обвинение за обид за убиство. Нападот со нож, во кој три лица беа повредени во саботата навечер, полицијата го окарактеризира како терористички чин. Британските медиуми објавија снимка...

Евакуиран терминал на лондонскиот аеродром „Гетвик“

Јужниот терминал на лондонскиот аеродром „Гетвик“ денеска е евакуиран откако се огласил противпожарниот аларм, јавија британските медиуми. Управата на „Гетвик“ на социјалната мрежа „Твитер“ им се извини на патниците поради ситуацијата и вети дека проблемот наскоро ќе биде решен. Во сличен инцидент, минатата недела беше евакуиран северниот терминал на „Гетвик“ откако полицијата приведе еден маж поради неговото „сомнително однесување“, затоа што на...

Украдено возило со белгиски регистарски таблички е причина за блокадата на Лондон

Украдено возило со белгиски регистерски таблички е причина за блокадата на Лондон. Полицијата го забележала возилото, по што го запрела и ги уапсила тројцата мажи што биле во него. По акцијата, во која учествуваше и полициски хеликоптер, амбулантно и противпожарно возило, сообраќајот во овој дел на градот е нормализиран.

Дел од Лондон под полициска блокада

Лондонската полиција целосно ја блокирала улицата Блекфрајарс, откако запрела комби и уапсила тројца мажи. Засега не се откриваат причините зошто комбито било запрено, но сообраќајот во овој јужен дел од градот и понатаму е блокиран. Локалните медиуми јавуваат дека на местото се наоѓа најмалку едно возило на итната помош, а полициски хеликоптер го надлетува овој дел од градот. Полициската акција доаѓа...

Порталб анализа: Почна летната сезона – масовно се заминува на работа покрај море

„Се нуди плата од 800 до 1000 евра, се бара келнер/шанкер, 9 работни часа“ – ова е само еден од многубројните огласи за сезонска работа во Загреб, Хрватска. Почна...