fbpx

Протест на аеродромот во Лондон за поддршка на „Црните животи значат“

-

Летовите од градскиот аеродром во Лондон се откажани откако демонстрантите ја окупираа пистата, јавуваат светските медиуми.

Од полицијата наведуваат дека околу 5.40 часот по локално време биле повикани на аеродромот затоа што демонстрантите влегле на пистата.

На социјалните мрежи објавени се фотографии на група млади луѓе кои лежат на пистата, а покрај нив се гледаат пароли „Црните животи значат“ (Black lives matter), слоган на низата протести по неколку убиства на Афроамериканци во САД.

Од полицијата наведуваат дека има девет демонстранти на пистата и дека тие се заклучиле заедно за столб. Полициски службеници преговараат со нив и чекаат да дојде екипа за да ги отклучи.

Од движењето „Црните животи значат“ наведуваат дека целта на ова е протест против загрозувањето на животот на црнците.

– Аеродромите, нуклеарните електрани и најпрометните патишта секогаш се во области во кои живее работничката класа, а тоа се области со голем број црнци. Расизмот според животната средина значи дека црнците во Британија се за 28 проценти повеќе изложени на загадување на воздухот од белците – се наведува во снимката објавена на „Фејсбук“.

Летовите за Цирих и за Женева се откажани, а летовите од Ротердам, Луксембург, Њујорк и од Франкфурт се пренасочени на друг аеродром.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...