fbpx

Руската банка ВТБ ќе го напушти Лондон поради Брексит

-

Руската банка ВТБ соопшти дека размислува да го пресели своето европско седиште за инвестициско банкарство од Лондон, по одлуката Велика Британија да излезе од Европска Унија.

– Преселувањето од Лондон или нашиот опстанок ќе зависи од развојот на ситуацијата поврзана со Брексит. Поради Брексит, ВТБ ќе ги прилагоди своите активности во Лондон, но нема намера да ја затвори канцеларијата таму – се наведува во соопштението на руската банка, а пренесуваат светските медиуми.

Британската премиерка Тереза Меј неодамна изјави дека до март 2017 година ќе почне двегодишниот процес за излегување на Велика Британија од ЕУ.

Јунската одлука на Британија за напуштање на ЕУ го разбуди стравот за масовно заминување на финансиски институции од британската претстолнина.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

(АНАЛИЗА) Јавен сектор: вработени по етнички клуч и според образование

Во четири министерства застапеноста на етничките Македонци изнесува 70 отсто од вкупниот број на вработени. Во седум ресори застапеноста на етничките Албанци е над 30 проценти, пишува Порталб.мк. Во...