Две експлозии во близина на телевизијата „Ај-ти-ви“

Студиото на телевизијата „Ај-ти-ви“ во Лондон е евакуирано поради дојава за бомба која наводно е сместена во сомнително возило, паркирано во непосредна близина.

Според тврдења на очевидци две контролирани експлозии одекнале пред студиото „Саутбенк“.

Портпаролот на лондонската полиција соопшти дека експлозиите одекнале два ипол часа откако ја добиле дојавата за сомнителното возило.