fbpx
Таг: Лондон

таг: Лондон

Велика Британија би останала без 128 милијарди евра со излегувањето од ЕУ

Излегувањето на Велика Британија од ЕУ би можело да предизвика „сериозен шок“ за економијата на таа земја, со ризик да се изгубат речиси еден милион работни места, се наведува во истражувањето на групацијата „Си-би-ај“ (CBI). Во истражувањето се наведува дека излегувањето на Велика Британија од ЕУ би можело да го чини Лондон 128 милијарди евра до 2020 година, што е пет...

Лидингтон: Важно е изборите на 5 јуни да бидат веродостојни

Британскиот државен министер за Европа, Дејвид Лидингтон, кој е во работна посета на Република Македонија, денеска ќе има средба со министерот за надворешни работи, Никола Попоски. Вчера Лидингтон имаше средби со вицепремиерот задолжен за европски прашања, Фатмир Бесими, и со лидерите на политичките партии ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, на СДСМ, Зоран Заев, и на ДУИ, Али Ахмети, на кои во фокусот на...

Бесими и Лидингтон разговараа за бегалската криза

Вицепремиерот Фатмир Бесими денеска се сретна со висока делегација од Велика Британија, предводена од министерот за Европа, Дејвид Лидингтон. Во придружба на делегацијата беше и британскиот амбасадор во Република Македонија, Чарлс Гарет, како и претставници од британското министерство за надворешни работи. „Двете страни истакнаа дека соработката меѓу Република Македонија и Велика Британија се карактеризира со отворен и конструктивен дијалог и...

На донаторската конференција за Сирија во Лондон, собрани повеќе од 10 милијарди долари

Повеќе од 10 милијарди долари биле собрани на донаторската конференција за Сирија и за регионот во Лондон, соопштил денеска британскиот премиер, Дејвид Камерон, пренесуваат светските агенции. Како што соопштил Камерон, на конференцијата биле собрани 6 милијарди долари за 2016 година и уште 5 милијарди долари до 2020 година. Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН), Бан Ки-мун, изјавил дека меѓународната заедница никогаш...

Иванов утре на конференција за поддршка на Сирија и на регионот во Лондон

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, утре ќе учествува на Самитот за поддршка на Сирија и на регионот, што се одржува во Лондон, Велика Британија, каде ќе има и свое обраќање, соопштија денеска од кабинетот на Иванов. „Целта на самитот на шефови на држави и на влади е создавање фондови и обезбедување помош од меѓународната заедница за обновување на Сирија,...

Зголемени полициски патроли во метрото во Лондон

Лондонската полиција ги засили патролите во метрото откако маж во подземната железница со нож повреди три лица, извикувајќи „Ова е за Сирија“. Полицијата наведува дека 29-годишниот Мухајдин Мире денеска ќе биде изведен пред суд под обвинение за обид за убиство. Нападот со нож, во кој три лица беа повредени во саботата навечер, полицијата го окарактеризира како терористички чин. Британските медиуми објавија снимка...

Евакуиран терминал на лондонскиот аеродром „Гетвик“

Јужниот терминал на лондонскиот аеродром „Гетвик“ денеска е евакуиран откако се огласил противпожарниот аларм, јавија британските медиуми. Управата на „Гетвик“ на социјалната мрежа „Твитер“ им се извини на патниците поради ситуацијата и вети дека проблемот наскоро ќе биде решен. Во сличен инцидент, минатата недела беше евакуиран северниот терминал на „Гетвик“ откако полицијата приведе еден маж поради неговото „сомнително однесување“, затоа што на...

Украдено возило со белгиски регистарски таблички е причина за блокадата на Лондон

Украдено возило со белгиски регистерски таблички е причина за блокадата на Лондон. Полицијата го забележала возилото, по што го запрела и ги уапсила тројцата мажи што биле во него. По акцијата, во која учествуваше и полициски хеликоптер, амбулантно и противпожарно возило, сообраќајот во овој дел на градот е нормализиран.

Дел од Лондон под полициска блокада

Лондонската полиција целосно ја блокирала улицата Блекфрајарс, откако запрела комби и уапсила тројца мажи. Засега не се откриваат причините зошто комбито било запрено, но сообраќајот во овој јужен дел од градот и понатаму е блокиран. Локалните медиуми јавуваат дека на местото се наоѓа најмалку едно возило на итната помош, а полициски хеликоптер го надлетува овој дел од градот. Полициската акција доаѓа...

Како ИД профитира: Артефактите од Палмира веќе се на продажба во Лондон!

Исламска држава (ИД) ги продава статуите, ликовите изработени во камен и фреските што интернационалните дилери на археолошки артефакти ги бараат, ги зема парите, ги предава реликвиите и потоа ги крева во воздух храмовите и градбите од каде потекнуваат за да ги прикрие доказите за тоа што е ограбено. Ова е одговорот што либанско-францускиот археолог Џоан Фарках (Joanne Farchakh) го дава...

Штрајк на лондонското метро

Подземната железница во Лондон денеска е затворена поради штрајкот на вработените, кои се противат на плановите за викенди да работат 24 часа. Поради затворањето на лондонското метро, познато како „Тјуб“, илјадници патници морале да најдат превоз до работа. Воведени се дополнителни автобуси во градскиот превоз, а многу жители на Лондон одлучиле да изнајмат велосипеди. Членовите на синдикатот запреа со работата поради...

Исламска држава ѝ се закани со напад на Велика Британија

Закани за напади во Велика Британија на 7 јули упатила Исламска држава. На 7 јули навршуваат десет години од бранот напади во лондонскиот транспортен систем. На тој датум во 2005 година, четворица британски државјани од пакистанско потекло се разнесоа во метрото и во автобус на градскиот транспорт во Лондон. Убиени беа 52 лица, а повредени 700. Одговорноста за тогашниот напад ја презеде...

Велика Британија ќе прими 500 бегалци од Сирија

Во рамките на тригодишната програма развиена со Агенцијата за бегалци при Обединетите за нации, Лондон прифати да прими 500 сириски бегалци, жени и деца. Работничката партија побара од владата на Дејвид Камерон да ја зголеми помошта за Сиријците, кои бегаат од земјите во кои се водат војни. Зборувајќи на конференција во Словачка, Камерон најави дека британска помош ќе биде скромно зголемена. Моментно...

Евакуација во Лондон, пронајдена бомба на „Вембли“

Жителите во Лондон се во паника откако британската полиција наредила итна евакуација на сите кои стануваат на подрачјето во близина на стадионот „Вембли“. Стотина куќи се испразнети за жителите да не бидат загрозени додека војската безбедно не ја демонтира неексплодираната бомба, која е од Втората светска војна. Експлозивната направа е тешка 50 килограми и ја откриле градежните работници кои извршувале работи...

Тројца британски тинејџери спречени да ѝ се приклучат на ИД

Поради сомневање дека тргнале на пат за Сирија за да ѝ се приклучат на Исламска држава (ИД), тројца британски тинејџери, на возраст од 17 до 19 години, се уапсени во Турција, по налог на Скотланд јард. Алармот стасал од родителите на тинејџерите, кои се посомневале во намерите на своите деца и навреме успеале да ја алармираат британската полиција. Во соработка...

Асанж да биде испрашан во амбасадата на Еквадор во Лондон

Џулијан Асанж да биде испрашан во Лондон, каде претстојува во Амбасадата на Еквадор, побараа шведските обвинители. Обвинителите бараат и да се направи ДНК-анализа. Шведскиот адвокат на Асанж изјави дека го поздравува барањето за неговиот клиент да биде испитан во Амбасадата на Еквадор во Лондон, додавајќи оти процесот може да потрае. Австралијанецот Асанж се наоѓа во Амбасадата на Еквадор од јуни 2012 година...

Казни за здодевни СМС-пораки

Во Велика Британија, телефонските повици и СМС-пораките од претпријатијата кон потрошувачите ќе се казнуваат парично. Од британската влада соопштија дека потрошувачите кои се вознемирени со постојани телефонски повици и со СМС-пораки ќе бидат заштитени при промената на законодавството, кое ќе предвиди казна до 500.000 фунти или 680.000 евра за оние кои се занимаваат со оваа практика.  

Ставрески во Лондон: Финансиските зони интересни за Британците

Заменик-претседателот на Владата и министер за финансии, Зоран Ставрески, вчера и денеска одржа повеќе средби со претставници на бизнис-заедницата во Лондон. Како што соопшти Министерството за финансии, на одржаните средби вицепремиерот Ставрески ги запознал стопанствениците со условите за водење бизнис и со поволноста на бизнис-климата во Македонија. - На досегашните состаноци, најголем интерес е покажан за секторите прехранбена и автомобилска индустрија....

Во Британија шестпати зголемен бројот на апсења поради тероризам

Британската полиција соопшти дека бројот на луѓе уапсени поради тетористички прекршоци е шестпати поголем во споредба со минатата година. Од Скотланд јард велат дека полицијата во 2014 година извршила 165 апсења во Велика Британија поради финансирање, подготвување или поттикнување тероризам, како и поради посетување кампови за обука. Во 2013 година, пак, бројот на такви апсења бил 25. Координаторката во полицијата за...

Подарок од „Самсунг“ – отказ за Божик

Јужнокорејската компанија „Самсунг“, без претходна најава, одлучи да ја затвори својата најголема продавница во Велика Британија, „Експиријенс стор“ во Лондон. Крајот на годинава несомнено е особено тежок за јужнокорејскиот гигант. Демонтирањето на продавницата почна ноќта меѓу 23 и 24 декември, кога сите вработени, во пресрет на Божик, добиле известување за отказ. „Самсунг“ прецизираше дека и понатаму сака да ги задржи другите...

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...