На донаторската конференција за Сирија во Лондон, собрани повеќе од 10 милијарди долари

Повеќе од 10 милијарди долари биле собрани на донаторската конференција за Сирија и за регионот во Лондон, соопштил денеска британскиот премиер, Дејвид Камерон, пренесуваат светските агенции.

Како што соопштил Камерон, на конференцијата биле собрани 6 милијарди долари за 2016 година и уште 5 милијарди долари до 2020 година.

Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН), Бан Ки-мун, изјавил дека меѓународната заедница никогаш претходно не собрала толку пари во само еден еден и за само едно кризно продрачје.

На донаторската конференција за Сирија во Лондон, учествуваа лидерите на повеќе од 70 држави од светот, претставници на ОН и на меѓународни и на регионални организации, како и претставници од невладиниот и од приватниот сектор.