fbpx
Таг: Лондон

таг: Лондон

Заев за Лондонскиот самит: Македонија имаше специјално место

Премиерот Зоран Заев во оценката за учеството на ова издание на Самитот ЕУ/Западен Балкан во Лондон вели дека Република Македонија имала специјално место на овој собир посветен на Регионалната економската соработка, потоа на надворешната политика и билатералните прашања и наследство од минатото, како и на безбедносните прашања и миграциите. - Мора да се каже дека Република Македонија има специјално место...

Заев во Лондон се сретна со претставници на Охридската група

Премиерот Зоран Заев, на маргините на Самитот на ЕУ за Западен Балкан, што денеска се одржува во Лондон, имаше средби со претставници на Охридската група, пријатели и поддржувачи на Македонија, предводени од сер Џорџ Робертсон. Од владиниот кабинет велат дека на средбите, искусните дипломати и политичари, претставници на повеќе меѓународни организации, го истакнале исклучителниот напредок на Република Македонија и ја...

Аеродромот „Сити“ во Лондон затворен поради пронајдена бомба

Лондонскиот аеродром „Сити“ е затворен откако бомба од Втората светска војна била пронајдена во близина на реката Темза. Аеродромот ќе биде затворен цел ден и сите летови се откажани, а тоа ќе има влијание врз 16.000 патници, изјави портпаролката на аеродромот. Полицијата воспостави забранета зона од 214 метри, поради што лондонскиот „Сити“ аеродром сега е затворен, стои во соопштението на...

Евакуација во Лондон поради опасност од истекување на гас

Лондонската железничка станица Черинг крос и околните хотели и ноќни клубови ноќеска се евакуирани поради истекување гас. Од клубот „Хевен“ и хотелот во близина се евакуирани околу 1.450 луѓе. Службите за брза помош биле предупредени околу два часот по полноќ дека на улицата Крејвен, во близина на железничката станица Черинг крос, е забележана голема концентрација на природен гас. На местото веднаш...

Трамп ја откажа посетата на Лондон

Претседателот на САД, Доналд Трамп ја откажа плaнираната посета на Велика Британија, во текот на која требаше да ја отвори новата американска амбасада во Лондон. Токму новата амбасада, која според Трамп е уште една лоша одлука на неговиот претходник, Барак Обама, е причината за откажувањето на посетата. „Го откажувам патувањето во Лондон затоа што не сум голем обожавател...

Пожар изби во зоолошката градина во Лондон

Пожарникарите го ставија под контрола пожарот кој ја зафати зоолошката градина во Лондон, но за сега не е познато дали некое животно е повредено. Пожарот утринава изби во кафулето на зоолошката градина, во близина на делот каде има животни. Медиумите јавуваат дека најмалку едно животно е исчезнато, но тврдењата не се официјално потврдени. Објавени се снимки на кои се гледа дека кафулето...

Полицијата во Лондон се повлекува, немало докази за пукање

По големата паника што го зафати Лондон, под сериозни сомнежи за терористички напад со пукање во метро-станицата Оксфорд сиркус, специјалните полициски сили се повлечени, а станицата е повторно отворена. Повторно е отворена и станицата Бонд стрит, која беше затворена за да не се случи огромна маса луѓе во паника да влезе во неа, обидувајќи се да се евакуираат. Според „Би-би-си“, полицијата не...

Паника во и околу метро-станицата Оксфорд во Лондон

Една од најфреквентните метро-станици во Лондон вечерва е евакуирана, откако беше пријавен инцидент со пукање. Имаше информации и дека се пукало на улиците во близина и, според досегашните сознанија, најверојатно станува збор за терористички напад. Полицијата не соопштува детали, туку само упати апел до граѓаните да не се движат во тој дел на Лондон без потреба. На улиците во близина...

Автомобил влета на тротоар во Лондон – едно лице уапсено

Неколку лица се полесно повредени откако автомобил влета на тротоар во близина на Националниот музеј во Лондон, јавуваат британските медиуми. Британската полиција соопшти дека во Лондон се случила несреќа во која повеќе лица се повредени. Репортерот на „Би-би-си“ јавува дека лицата се полесно повредени и дека нема загинати. Едно лице веќе е уапсено, но засега не се откриваат никакви детали. https://twitter.com/RavensDarkAngel/status/916673546700578816 Ова е...

Ново апсење поради нападот во лондонското метро

Двајца мажи се уапсени во Велс под сомневање дека се вмешани во минатонеделниот напад во лондонското метро, кога беа повредени 30 лица. Досега се уапсени вкупно пет лица, соопшти британската полиција. Двајца мажи на возраст од 48 и 30 години се уапсени во Њупорт и во Велс на основа на законот за тероризам. За време на викендот уапсени беа двајца мажи, еден...

Бомбата во Лондон не експлодирала целосно

Експлозивната направа што го предизвика утринскиот инцидент во воз во лондонската метро-станица Парсон грин, не експлодирала целосно, а пронајден е и тајмер. Лондонската итна помош соопшти дека 22 патници се примени во болница по експлозијата, но дека никој од нив не е посериозно повреден. Безбедносните претставници за „Си-ен-ен“ рекле дека е пронајден тајмер на експлозивна направа и оти се претпоставува дека...

Експлозија во лондонското метро

Во експлозија во воз во лондонското метро, повредени се неколку патници, кои добиле изгореници на лицето, јавува лондонскиот весник „Метро“. Како што се наведува, полицијата е запознаена со инцидентот на станицата Парсон грин во западниот дел на Лондон и веќе е на местото на настанот, заедно со возила на брзата помош. Полицијата засега не открива за што станува збор и најави...

Евакуирана метро-станица во Лондон

Станица на подземната железница „Оксфорд циркус“ е евакуирана откако во еден воз се појавил чад, пишува британски „Телеграф“. Лондонската противпожарна бригада добила повик од станицата „Оксфорд циркус“, а станицата во меѓувреме е затворена. - Се наоѓаме на местото на настанот и водиме истрага – рече портпаролката на лондонската противпожарна единица. Еден очевидец вели дека мирисало на запалена пластика.

Двокатен автобус удри во продавница во Лондон

Двокатен автобус удри во излог на продавница во Лондон, при што се повредени неколку лица, а две се заробени во горниот кат на автобусот. „Возачот на автобусот е пренесен во болница на југот на Лондон, а мал број од патниците добиле лекарска помош на самото место. Двајца патници останале заробени на горниот кат на автобусот, а противпожарните и спасувачките екипи се обидуваат...

Двајца мажи со киселина напаѓале минувачи во Лондон

Две лица на украден мопед 90 минути дивееле низ Лондон и нападнале пет луѓе со киселина, пренесува „Индепендент“. Полицијата соопшти дека напаѓачите им фрлале киселина в лице на случајните минувачи, при што еден од нападнатите е потешко повреден. Мажите кои се возеле на мотор прво нападнале 32-годишен маж, кому по нападот му го одзеле моторот. https://twitter.com/IWillRedPillYou/status/885706648471445504

Пожар на пазар во Лондон

Пожар ноќеска изби во лондонскиот пазар Кемден лок, но нема повредени лица. Засега не се знае причината за пожарот, кој е локализиран, јавуваат британските медиуми. Лондонските пожарникари на „Твитер“ објавија дека пожарот зафатил три ката и покривот на Кемден лок. Не местото на пожарот имало 10 возила на брзата помош, а 70 пожарникари се бореле со огнената стихија. Портпаролката на лондонската брза...

Нов пожар во Лондон – повторно гори зграда

Најмалку едно лице е повредено во пожар кој изби во зграда во источен Лондон, а со огнот се борат 72 пожарникари. Како што пренесува „Раша тудеј“, пожарот избил на третиот кат на зградата и се проширил на покривот, а едно лице е хоспитализирано. Засега не се знае причината за пожарот. Пред две недели во пожар во облакодерот „Гренфел“ загинаа повеќе од 70...

Демонстранти гневни поради пожарот во Лондон, упаднаа во општинска зграда

Педесетина гневни демонстранти попладнево упаднале во зградата на седиштето на лондонските квартови Кенсингтон и Челси, на чија територија се наоѓа опожарениот солитер Гренфил, кој досега одзеде најмалку 30 животи, јави „Би-би-си“, известувајќи дека според некои информации уште 70 луѓе се водат како исчезнати. Демонстрантите ја турнаа автоматската врата што води кон првиот кат и беа запрени на скалите на вториот кат...

Триесет загинати е последниот биланс од пожарот во Лондон

Најмалку 30 лица загинаа во пожарот што завчера изби во 27-катница во Лондон. Полицијата соопшти дека нема знаци дека пожарот намерно бил предизвикан. Пожарот изби еден час по полноќ, а 200 пожарникари со 40 противпожарни возила се обидуваа да го згаснат. Командантот на полицијата, Стјуард Канди, соопшти дека 24 лица се хоспитализирани, од кои 14 се во критична состојба. Британските медиуми јавуваат...

Уапсен маж со нож кај британскиот парламент

Зградата на британскиот парламент е блокирана, како и околината, а едно лице е уапсено, јавуваат светските медиуми. Како што се наведува, уапсен е маж кој бил вооружен со нож, а „Би-би-си“ пренесува дека настанот не се поврзува со тероризам. Вооружени припадници на полицијата патролираат по околните улици, зградата на парламентот е затворена, а вратите се заклучни. „Маж на возраст од околу 30...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...