недела, 19 април, 2026
Meta.mk

Ознака: Крим | 54 резултати

ОН усвои резолуција за Крим

декември 20, 2017

Генералното Собрание на Обединетите нации усвои резолуција со која остро се осудува кршењето на човековите права на полуостровот Крим, кој Русија го анектираше во 2014 година. Резолуцијата, во Русија се наведува како „окупаторска сила“, ја поднесе Украина со поддршка од 30 земји и беше одобрена од 70 држави членки. Дваесет и шест земји, меѓу кои […]

Русија го постави главниот лак на мостот за Крим

октомври 13, 2017

Цели пет часа ноќеска траел зафатот на подигнување на главниот лак, тежок 5.000 тони, на мостот за Крим, по што тој е успешно прицврстен на столбовите според плановите, јави „Раша бијонд“. Лакот е подигнат со 12 кранови, од кои секој може да подигне до 650 тони. Лакот со должина од 45 метри вчера е поставен […]

ФСБ уапси украински агент кој подготвувал саботажи на Крим

август 15, 2017

Агентот на украинската безбедносна служба Генадиј Лименшко е приведен на Крим поради планирање саботажи, соопшти руската Федерална служба за безбедност (ФСБ). „ФСБ спречи саботажи на неколку јавни и инфраструктури објекти на Крим“, стои во соопштението. Како што се наведува, припадниците на одделот на ФСБ на Крим во градот Севастопољ во текот на истражните активности го […]

Цел Крим во мрак, нема струја

јули 28, 2017

На полуостровот Крим дошло да целосен прекин на електричната енергија, соопшти денеска локалниот министер за енергетика и за гориво, Вадим Белик. – Целосниот прекин настана откако на копното е исклучен системот за автоматско реагирање во вонредни ситуации – рече Белик. Тој додаде дека напојувањето со енергија на Крим треба биде обновено што е можно побргу.

Трамп очекува Русија да го врати Крим на Украина

февруари 15, 2017

Американскиот претседателот Доналд Трамп даде до знаење дека САД очекуваат Русија да го врати Крим на Украина и да го намали насилството во Источна Украина, соопшти претставникот на Белата куќа Шон Спајсер. – Претседателот Трамп многу јасно даде до знаење дека очекува од руската Влада да го намали насилството во Украина и да го врати […]

Киев почна ракетни тестови кај Крим, руската флота ставена на готовс

декември 1, 2016

Киев денеска соопшти дека почнал дводневни ракетни тестирања во јужниот дел на земјата, во близина на Крим, поради што руските воени бродови од црноморската флота, како одговор, зазедоа позиции кај западниот брег на Крим за да  помогнат во зајакнување на воздушната одбрана на полуостровот. Ракетните тестирања во Украина ја разгневија Русија, која своите воздушни сили […]

Украинска вежба покрај Крим, Русија на готовност

ноември 30, 2016

Руските против воздушни сили на одбрана се на највисоко ниво на готовност пред планираната вежба за лансирање на проектили покрај Крим. Украинските вежби се закажани за 1 и 2 декември, а украинските власти велат дека тие се легитимни и дека ќе бидат изведени според сите меѓународни обврски и договори. Москва се противи на плановите за […]

Русија почна големи воени вежби на копно и во Црно Море

август 25, 2016

Русија денеска соопшти дека почнала големи воени вежби на копно и во водите на Црното и на Каспиското Море, јавуваат светските агенции. Министерот за одбрана на Русија, Сергеј Шојгу, изјавил дека вежбите почнале во 7 часот по московско време, во јужните, западните и во централните воени области, каде силите на армијата биле ставени во состојба […]

Порошенко: Украинско знаме над Донецк и над Крим

август 23, 2016

Претседателот на Украина, Петро Порошенко, се упати кон Донбас за да ѝ го честита на војската Денот на државното знаме, а пред тоа на плоштадот Софија во Киев изјави дека под украинска контрола треба да се вратат териториите на кои се прогласени Народна Република Донецк и Луганск. – Особено тешка задача за нас е да се направи нашето знаме […]

Порошенко: Можна е руска инвазија од поголеми размери

август 18, 2016

Украинскиот претседател Петро Порошенко изјави дека е можна ескалација на судирите со Русија и проруските сепаратисти на истокот на земјата и оти не може исклучи можноста „Русија да изврпи инвазија од пошироки размери“. Порошенко говорејќи во Лавов рече дека ситуацијата на истокот на Украина и на анектираниот Крим се влошува и оти „мора да се […]

Украина размислува да воведе визи за Русите

август 12, 2016

Официјален Киев е подготвен да го разгледа прашањето за воведување визен режим со Русија, соопшти украинскиот министер за надворешни работи Павло Климкин. Шефот на украинската дипломатија смета дека е потребно подобро да се контролира влегувањето на лица од територијата на Русија за „поефикасно да се филтрираат агентите на руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) и […]

Русија размислува за раскинување на дипломатските односи со Украина

август 12, 2016

Москва разгледува како да одговори на обидите на украинските разузнавачки служби да организираат диверзии на Крим, а меѓу опциите е и раскинување на дипломатските односи меѓу двете земји, пишува весникот „Известија“, повикувајќи се на извор од руските дипломатски кругови. Весникот наведува дека Москва би можела да ја затвори руската амбасада во Киев и да ги […]

Јункер во посета на Русија следниот месец

мај 30, 2016

Претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер следниот месец ќе ја посети Русија каде ќе учествува на економската конференција во Санкт Петерсбург, јавуваат светските агенции. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков денеска изјавил дека за време на посетата предвидено е Јункер да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин. Станува збор за прва посета на највисоко […]

Европскиот парламент го осуди кршењето на правата на Татарите на Крим

февруари 4, 2016

Европскиот парламент усвои резолуција со која се осудува кршењето на човековите права на Татарите што живеат на полуостровот Крим. Од почетокот на годината, Татарите се изложени на разни облици на насилство, како испитувања, претреси на нивните домови, конфискација на имоти и други облици на злоупотреба. Кримските Татари, кои веќе еднаш биле масовно протерувани од своите домови и […]

Знаменитостите на Крим на нова руска банкнота

декември 24, 2015

Руската централна банка издаде банкнота на која се наоѓаат главните споменици на црноморскиот полуостров Крим, кој беше анектиран од Русија во март 2014 година. Банкнотата со номинална вредност од 100 рубли (околу 1,29 евра) испечатена е во чест на влезот на Крим и на Севатсопољ во Русија, се наведува во соопштението на централната банка. На банкнотата […]

Крим: Вонредна состојба поради недостиг од струја

ноември 22, 2015

На полуостровот Крим е воведена вонредна состојба поради недостиг од електрична енергија со која Крим се снабдува од Украина. Локалните власти сметаат дека станува збор за напад на далновод во Украина. – Крим е во мрак – изјави Виктор Плакида, директор на компанијата „Енергија Крим“. Русија во март минатата година го анектираше Крим од Украина, што […]

Путин: Со Украина се управува од странство

август 17, 2015

Со Украина се управува од странство, што е понижувачки за украинскиот народ, оцени рускиот претседател Владимир Путин во посетата на Крим. – Уверен сум дека Украина, и покрај моменталните потешкотии, ќе се развива во вистинска насока и дека ќе се откаже од понижувачката практика со целата земја да се управува од странство – рече Путин […]

Летонија: Посетата на француските пратеници на Крим е срам за ЕУ

јули 27, 2015

Шефот на летонската дипломатија, Едгард Ринкевиц, ја критикуваше неодамнешната посета на група француски пратеници на украинскиот полуостров Крим, кој Русија го анектираше, оценувајќи дека тоа претставува „срам за Европа“ и „силен удар за европската солидарност“. – Посетата на француските пратеници на окупираниот Крим претставува срам за цела слободна Европа, како и силен удар за европската […]

Москва: ЕУ со санкциите се обидува да ги казни граѓаните на Крим

јуни 20, 2015

Европската унија со продолжување на санкциите за Крим и за Севастопол за уште една година, се обидува да ги казни жителите на полуостровот кои гласале за спојување кон Руската Федерација, соопшти руското министерство за надворешни работи. Во соопштението се наведува дека Крим и Севастопол се составен дел на Руската Федерација и се истакнува дека е […]

Русија може да распореди нуклеарно оружје на Крим

јуни 1, 2015

Министерството за надворешни работи на Русија издаде соопштение во кое се наведува дека „Русија има право да распореди нуклеарно вооружување долж целата својата територија, вклучувајќи го и Крим“. – Русија очигледно има право на распоредување нуклеарно оружје на својата територија, а тоа ја вклучува и опцијата за стационирање нуклеарен арсенал на Крим, доколку за тоа […]

Страна 2 од 3