fbpx

Москва: ЕУ со санкциите се обидува да ги казни граѓаните на Крим

-

Европската унија со продолжување на санкциите за Крим и за Севастопол за уште една година, се обидува да ги казни жителите на полуостровот кои гласале за спојување кон Руската Федерација, соопшти руското министерство за надворешни работи.

Во соопштението се наведува дека Крим и Севастопол се составен дел на Руската Федерација и се истакнува дека е време тоа да се прифати како факт кој не може да се смени со методите на економски и на политички уцени.

„Сметаме дека секоја дискриминација на граѓаните на Крим и на Севастопол од политички или териоторијални причини е апсолутно неприфатлива. Европскиотт совет вчера објави соопштение во кое се вели дека се продолжуваат рестриктивните мерки против Крим и Севастопол до 23 јуни 2016 година“, се наведува во соопштението на руското министерство.

Санкциите кои беа воведени поради руската анексија на Крим требаше да истечат на 23 јуни оваа година, но ЕУ вчера одлучи да ги продожи за уште една година, за што се согласија сите 28 членки на ЕУ.

Забраната се однесува на увоз на стоки со потекло од Крим и од Севастопол во ЕУ, инвестирање во тие региони, како и на суспензија на туристичките патувања, извоз на опрема за експлоатација на нафта и на гас и на телекомуникациски уреди.

Санкциите кон Русија кои беа паралелно воведени поради поддршката на проруските сили во Украина, се продолжени до јануари 2016 година.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...