fbpx

Летонија: Посетата на француските пратеници на Крим е срам за ЕУ

-

Шефот на летонската дипломатија, Едгард Ринкевиц, ја критикуваше неодамнешната посета на група француски пратеници на украинскиот полуостров Крим, кој Русија го анектираше, оценувајќи дека тоа претставува „срам за Европа“ и „силен удар за европската солидарност“.

– Посетата на француските пратеници на окупираниот Крим претставува срам за цела слободна Европа, како и силен удар за европската солидарност – рече Ринкевиц.

Посетата на десетината француски пратеници, која доби широк публицитет во Русија, ја критикуваше и шефот на француската дипломатија, Лоран Фабиус.

Во минатонеделанта посета на Крим, кој Русија го анектираше во март 2014 година, беа претставниците на партијата на републиканците, на поранешниот претседател Никола Саркози.

ЕУ по руската анексија воведе санкции што вклучуваат и забрана на туристички активности на тој црноморски полуостров.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...