fbpx

Порошенко: Можна е руска инвазија од поголеми размери

-

Украинскиот претседател Петро Порошенко изјави дека е можна ескалација на судирите со Русија и проруските сепаратисти на истокот на земјата и оти не може исклучи можноста „Русија да изврпи инвазија од пошироки размери“.

Порошенко говорејќи во Лавов рече дека ситуацијата на истокот на Украина и на анектираниот Крим се влошува и оти „мора да се воведе вонредна состојба и мобилизација“.

Претходно украинската војска соопшти дека се убиени тројца војници во борбите со проруските сепаратисти.

Портпаролот на украинската војска, Олександер Мотузјанк соопшти дека во последните 24 часа се испукани повеќе од 300 минофрлачки и повеќе од 300 артилериски гранати и оти интензитетот на оганот е сличен на оној од пред година дена.

Според податоците на ОН, од 2014 година, кога почнаа судирите во Украина, па се досега, загинале 9.500 лица.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Собранието ги изгласа измените на Законот за извршување на санкциите

Со 78 гласа „за“, Собранието денеска го изгласа Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за извршување на санкциите. Од Министерството за правда соопштија дека Законот има за цел решавање...