ФСБ уапси украински агент кој подготвувал саботажи на Крим

-

Агентот на украинската безбедносна служба Генадиј Лименшко е приведен на Крим поради планирање саботажи, соопшти руската Федерална служба за безбедност (ФСБ).

„ФСБ спречи саботажи на неколку јавни и инфраструктури објекти на Крим“, стои во соопштението.

Како што се наведува, припадниците на одделот на ФСБ на Крим во градот Севастопољ во текот на истражните активности го привеле Лименшко, агент на регионалниот разгранок на украинската безбедносна служба, кој според руската служба испратен на Крим за да изврши саботажи.

Станува збор за украински државјанин од регионот на Харков, кој бил во редовите на единица на украинската војска која учествувале во антитерористички операции во Донбас.

„Токио Гејм Шоу“ се одржа минатиот викенд

Минатиот викенд се одржа овогодишното издание на „Токио Гејм Шоу, можеби настанот со најинвентивни идеи од светот на видео-игрите. Оваа година целата манифестација пријатно ги изненади сите гејмери ширум...