fbpx
Таг: кражба

таг: кражба

Скопјанец олеснет за 100.000 денари

Непознато лице синоќа извршило тешка кражба со насилно отворање на влезната врата од стан на булеварот 8 Септември, сопственост на Г.В. (61). Крадецот одзел пари и златен накит и го напуштил местото, стекнувајќи противправна имотна корист од 100.000 денари.

Тревога во Мексико: Непознати лица украле радиоактивни материи

Прогласена е состојба на тревога во пет мексикански држави поради исчезнување на радиоактивна супстанца иридиум 192, соопшти Министерството за внатрешни работи на Мексико. Радиоактивната материја, која се наоѓала во контејнер, е украдена во понеделникот, додека контејнерот бил транспортиран во Карденас, град во јужниот дел на Табаско. Во соопштението се наведува дека супстанцата е особено штетна за луѓе доколку се отворат контејнерите во...

Украдени компјутери од Универзитетот „Свети Апостол Павле“

Вчераутро во полициската станица Центар била пријавена кражба во административните простории на Државниот универзитет за информатички науки „Свети Апостол Павле“ - Охрид, информираат од полицијата. Како што информираат оттаму, кражбата се случила во периодот меѓу 9 и 14 април, кога непознат сторител насилно, преку влезната врата, успеал да провали во просториите на Универзитетот, од каде однел три лаптоп-компјутери, марка „асус“, и...

Украдени 15 компјутери од основно училиште во Бутел

Петнаесет компјутери завчера се украдени од скопското ОУ„Панајот Гиновски“, соопшти полицијата. Кражбата е извршена во периодот од 20 до 6.30 часот, кога непознат сторител, со употреба на погоден предмет, го обил прозорецот од училницата за одделенска настава, влегол внатре и по извршеното пребарување, одзел 15 компјутери. Како што соопштува МВР, вредноста на украдените предмети се проценува на околу 245.000 денари. Се преземаат мерки...

Кичевец од село Жубрино – специјалист за кражби на машини и на алати

Полициската станица од Кичево поднесе кривична пријава против Ш.Р. (29) од селото Жубрино, кого го товари за 20 тешки кражби. За него веќе имало мерка притвор во траење од осум дена, за претходно сторени четири тешки кражби, која му е продолжена до 30 дена, информираше портпаролот на СВР од Охрид, Стефан Димоски. Во периодот од март 2013 година до февруари оваа година,...

За неколку дена ограбени три цркви

Црквата „Свети Спас“ во скопското село Добри Дол е ограбена од непознат сторител, кој одзел околу 5.200 денари. Кражбата е извршена во периодот од 15 до 21 март така што крадецот го скршил катанецот и влегол во црквата. МВР соопшти дека е ограбена и црквата „Св. Преображение“ во месноста Теферич, од каде се одземени околу 500 денари. Разбојникот влегол насилно преку влезната...

Четворица дебрани оперирале по празни станови и во стопански објекти

Полициската станица од Дебар поднесе кривични пријави против Љ.А. (18), О.Х. (19), А.М. (22), Е.К. (20) и Ј.К. (26), сите од Дебар, кои ги товари за десет тешки кражби. Од почетокот на оваа година, пријавените самостојно, но и во група, според МВР, ги извршиле тешките кражби, пред сè, во куќи низ Дебар за кои знаеле дека во нив не живее...

30 години затвор за кражбата на артефакти од Музејот на Македонија

Седуммината обвинети за кражбата на артефакти од Музејот на Македонија, Основниот суд Скопје 1 утрово ги прогласи за виновни и ги осуди на вкупна затворска казна од 30 години, пренесуваат медиумите. На поранешниот директор на Музејот, Перо Јосифовски, му е одредена највисока казна од осум години и осум месеци, Златко Видевски доби шест години и осум месеци, Софка Кушовска е осудена на три години, златарот Часлав...

Полициска патрола спречила кражба на 21 икона од црква во Дебар

Патрола на дебарската полиција утрово спречила кражба на икони од црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во градот, која се обиделе да ја извршат три засега непознати лица. Како што иформираат од полицијата, патрола на полициската станица во Дебар, утрово, околу 3 часот, на улицата Павле Џиковски забележала три лица како во автомобил, марка „голф“ со дебарски таблички, товараат предмети. Тројцата,...

Од битолска фирма украдени 700.000 денари и пакети цигари

Ноќта меѓу неделата и понеделникот, непознат сторител успеал да провали во управната зграда на битолската фирма „Агромаркетинг“ и однел плен чија вредност била проценета на повеќе од еден милион денари, соопшти полицијата. Крадецот во зградата на „Агромаркетинг“, која се наоѓа на улицата Македонска дивизија во Битола, влегол сечејќи го лимениот покрив. Од фирмата, според полицијата, биле украдени околу 700.000 денари и...

Тетовец ограбил пензионер во Струга

Струшката полиција поднела кривична пријава против 35-годишниот тетовец Џ.С., осомничен дека на почетокот на минатиот месец ограбил пензионер, информира полицијата. Против него е поднесена кривична пријава за кражба. Кражбата, според полицијата, се случила пред банка во Струга, каде 78-годишниот пензионер ја подигнал пензијата, а кога излегол надвор, две лица се втурнале во него. Кратко потоа, пензионерот забалежал дека му го нема...

Фарел Вилијамс и Робин Тик треба да платат отштета од 7,4 милиони долари

Фарел Вилијамс и Робин Тик треба да им платат отштета од 7,4 милиони долари на децата на Марвин Геј, откако е утврдено дека тие ја копирале музиката  на песната „Got to give it up“  за потребите на нивниот најголем хит од 2013 година „Blurred lines“. „Иако ја почитуваме одлуката на судот, исклучително сме разочарани и веруваме дека се работи за...

Украден бисерниот фустан на Лупита Нјонго

Актерката Лупита Нјонго остана без својот оскаровски фустан откако ѝ го украле од хотелската соба. Фустанот со 6.000 бисери на дизајнерската куќа „Келвин Клајн“ вреди 150.000 долари! Како што јавуваат американските медиуми, фустанот, кој е креација на дизајнерот Франциско Коста, исчезнал од собата на актерката и тоа еден час откако таа го соблекла. Во креирањето на фустанот учествувала и самата Нјонго, која...

Крадец провалил во две цркви во Битола

Непознат сторител, ноќта меѓу понеделникот и вторникот, провалил во две цркви во Битола и украл околу 6.000 денари, информираат од полицијата. Станува збор за црквите „Свети Јован Крстител“ и „Свети Јован Богослов“, во кои крадецот провалил со помош на погоден алат. Од црквата „Свети Јован Крстител“, крадецот однел прибор и масло за јадење, со што стекнал противправна имотна корист од...

Украдени 6.000 денари од црква во Штип

Ноќта меѓу саботата и неделата, непознат сторител провалил во црквата „Свети Климент“ во Штип и украл околу 6.000 денари, информираат од полицијата. Како што појаснуваат оттаму, крадецот влегол во црквата преку прозорец, што насилно го отворил, ги зел парите од касите поставени во објектот и побегнал од местото. Полицијата засега нема осомничено лице за кражбата и работи на негово откривање.

Тројца охриѓани заработија кривични за нелегален риболов

Тројца охриѓани заработија кривични пријави за нелегален риболов на Охридско Езеро. Претходно, полициската станица за граничен надзор им запленила повеќе рибарски мрежи, долги околу сто метри, седум килограми риба пастрмка и риболовен алат и прибор. – Последниот месец, езерската полиција регистрирала вкупно три прекршоци за непочитување на законот за внатрешна пловидба. Поради тоа, поднесени се прекршочни пријави за управување пловен објект...

Битолчанец олеснет за 4.000 евра

Непознат сторител синоќа во Битола ограбил стан на улица Прилепска, сопственост на А.Ј.(37). Крадецот одзел 1.065 евра и 180.000 денари и побегнал во непознат правец. Полицијата работи на расветлување на случајот.

Скопје: Украдени пиштол и накит во вредност од 260.000 денари

Непознат сторител вчера упаднал во куќата на М.М. (36), на улица Исаија Мажовски во Скопје,  при што украл пиштол „чешка зброевка“ и разновиден златен накит, со што на сопственикот му причинил материјална штета од околу 260.000 денари. Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителот.

За десет дена извршиле три разбојништва

МВР ги предаде лицата Д.О. (19 ) и М.А. (19), и двајцата од Скопје, поради основано сомневање дека извршиле три разбојништва и притоа стекнале противправна имотна корист од околу 39.500 денари. Од страна на судија во претходна постапка, на двете лица им е одредена мерка притвор во траење од 30 дена за секој. Кривичните дела пријавените ги извршиле во периодот од крајот на минатиот...

Украл ловечка пушка, а татко му ја предал во полиција

Дваесет и седумгодишен прилепчанец е осомничен за недозволено држење и тргување со оружје откако ловечката пушка што ја украл, неговиот татко доброволно ја предал во полиција. Според полициските информации, осомничениот на 19 декември, минатата година, од куќа на улицата Петта прилепска бригада, украл ловна пушка, карабин „црвена застава“, со калибар 8x57, и пет куршуми. По три дена, неговиот татко ја...

Учениците во Македонија од понеделник за првпат на пролетен распуст

Учениците од основните и средните училишта низ државата од понеделник, 29 април па до 6 мај, ќе бидат на пролетен распуст. Покрај пролетниот распуст кој годинава за првпат се воведе...