fbpx

30 години затвор за кражбата на артефакти од Музејот на Македонија

-

Седуммината обвинети за кражбата на артефакти од Музејот на Македонија, Основниот суд Скопје 1 утрово ги прогласи за виновни и ги осуди на вкупна затворска казна од 30 години, пренесуваат медиумите.

На поранешниот директор на Музејот, Перо Јосифовски, му е одредена највисока казна од осум години и осум месеци, Златко Видевски доби шест години и осум месеци, Софка Кушовска е осудена на три години, златарот Часлав Кузмановиќ доби седум години и осум месеци затвор, Јован Кондијанов е осуден на три години, а Андреј Ежов и Дарко Кржовски се осудени на една година затворска казна, пренесува „Плусинфо“.

Според извештаите на медиумите, родините на обвинетите бурно реагирале на пресудата и тврделе дека случајот е монтиран.

Обвинетите се товареа за оттуѓување на културно наследство од особено значење за државата, несовесно работење во службата и злоупотреба на службената положба и овластување и за прикривање.

Во истрага за случајот и во текот на судскиот процес не беа идентификувани крадците на 166 артефакти, кои сè уште не се пронајдени.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради изборите, Владата ги прогласи 24 април и 8 мај за неработни денови за сите граѓани

Владата на денешната седница заклучи дека 24 април 2024 година (среда) и 8 мај 2024 година (среда) да бидат неработни денови за сите граѓани на Република Северна Македонија, заради...