fbpx

Кичевец од село Жубрино – специјалист за кражби на машини и на алати

-

Полициската станица од Кичево поднесе кривична пријава против Ш.Р. (29) од селото Жубрино, кого го товари за 20 тешки кражби. За него веќе имало мерка притвор во траење од осум дена, за претходно сторени четири тешки кражби, која му е продолжена до 30 дена, информираше портпаролот на СВР од Охрид, Стефан Димоски.

Во периодот од март 2013 година до февруари оваа година, пријавениот насилно отворал врати и прозорци од магацински простор и од работилници на термоелектраната „Осломеј“, како и од објекти сопственост на АД „Мепсо“ и на АД-ЕЛЕМ лоцирани во РЕК „Осломеј“, од каде противправно одзел агрегат за струја, високонапонски кабли и повеќе видови работен алат и прибор.

Од хангар и од работилници одзел бормашини, брусалки, апарат за заварување и лимарски алат, плински боци, ножици за сечење кабел, рачен кран со кука и со синџири, калорифер и телевизор, 44 метални ролни од подвижна лента, повеќе акумулатори, алуминиумски лим, околу 500 килограми бакарна жица, алат и електрични машини, светилки, придушувачи, штекери, повеќе од 300 метри високонапонски и нисконапонски електричен кабел, метални боци за водород, буриња со машинско масло и други предмети.

Од стариот коп на рудникит Осломеј, одзел бакарни делови од трансформатор, а од магацин сопственост на АД „Факом“ – Скопје, кој се наоѓа во РЕК „Осломеј“, одзел апарати за заварување и повеќе кабли.

Од отпад за старо железо во Кичево, каде насилно влегол, одзел повеќе работни алати, акумулатори, како и бакарни и месингени предмети. Од товарни возила оставени на регионалните патишта во околината, одзел околу 1.000 литри гориво.

Со сторените кривични дела, сега притворениот Ш.Р. стекнал противправна имотна корист од околу 400.000 денари.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Патот до слободниот пристап до информации поплочен со тужби, нетранспарентност и молк од администрацијата

Колкава плата зема одреден министер, директор, функционер? Колку пари потрошиле пратениците за патни трошоци? Колку судски пресуди се донесени за семејно насилство? Колку чинело новогодишното украсување за секој град...