fbpx
Таг: кражба

таг: кражба

Кумановка осомничена за кражба на струја

Триесет и шестгодишна кумановка е осомничена дека со интервенција на електирчното броило, без согласност на „ЕВН Македонија“, крадела струја во нејзината аптека, информираат од полицијата. Против осомничената, СВР Куманово поднел пријава за кражба и за симнување и оштетување службен печат или знак. Како што информираат од полицијата, Н.М., во неутврден период до 30 декември 2014 година, без согласност на „ЕВН Македонија“,...

Со туѓа дебитна картичка купувале облека преку интернет

Битолската полиција поднела кривични пријави против И.Н. (29) и  З.К. (40), осомничени дека со туѓа кредитна картичка купувале облека преку интернет. Како што информираат од полицијата, против И.Н. била поднесена кривична пријава за кражба, додека З.К. се товари за оштетување и за неовластено навлегување во компјутерски систем. Според полицијата, првоосомничената, на 22 номеври минатата година, на банкомат во Битола пронашла и присвoила...

Ограбена црквата „Св. Тројца“ за 200 денари

Непознат сторител, во периодот од 9 до 29 јануари, во скопското село Чојлија, ја ограбил црквата „Св. Тројца“. Како што јавуваат од МВР, крадецот со употреба на погоден предмет, извршил упад во црквата, од каде одзел метални монети во вредност од околу 200 денари. Полицијата трага по сторителот.

Малолетник осомничен за кражба на компјутерска опрема од општинската зграда во Охрид

Малолетник е осомничен дека кон средината на октомри годинава извршил кражба на компјутерска опрема од новиот дел на општинската зграда во Охрид, кој е во изградба, информираат од полицијата. СВР Охрид до јавното обвинителство доставило посебен извештај против 16-годишното момче поради постоење основа за сомневање дека сторил тешка кражба и кражба. Според полицијата, малолетникот на 13 октомври се искачил на катот од новиот...

Украдени компјутери и опрема од две скопски училишта

Од почетокот на овој месец биле пријавени две кражби на компјутери и на компјутерска опрема од училишта во Скопје и во скопското село Патишка Река, информираат од полицијата. Една од кражбите е регистрирана во основното училиште „Рајко Жинзифов“ во Скопје, од кое, во периодот од 1 до 5 овој месец, непознат сторител од кабинатот по математика украл 20 лаптоп-копјутери. Другата кражба...

Во Тетовско, украден накит вреден 15.000 евра

Златен накит во вредност од околу 15.000 евра е украден од куќа во тетовското село Боговиње. Кражбата, како што соопшти портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски, е извршена вчеравечер во периодот од 19.30 часот и 21 часот. СВР Тетово поденесе пријава за засега непознати сторители, кои го искористиле моментот кога немало никого дома, по што со погоден клуч-калауз ја отвориле влезната...

Триесет дена притвор за малолетници кои краделе од возила

Две малолетни лица од Скопје, М.Р. (15) и Е.Р. (16), добија притвор од 30 дена поради основано сомневање дека сториле вкупно 22  тешки кражби, обиди за тешки кражби и обиди за кражба. Кривичните дела пријавените ги извршиле во периодот од 20 до 24 минатиот месец, во доцните вечерни часови на подрачјето на скопската општина Центар и тоа: 13 - на улицата 50....

Ограбена црква во тетовско Волковија

Непознат сторител провалил во црквата „Свети Ѓорѓија“ во тетовското село Волковија и украл околу 2.000 денари, соопшти полицијата. Кражбата се случила во периодот меѓу 24 ноември и 3 декември, а вкупната материјална штета била проценета на околу 14.000 денари. Крадецот во црквата влегол откако насилно ја отворил влезната врата. Полицијата презема мерки за откривање на сторителот.

Од три улици во Тетово крадел „ајфони“, камери, цигари…

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ј.А. (23) од Тетово, за сторени пет тешки кражби и два обида за тешка кражба. Во периодот од август до октомври 2014 година, на градското подрачје на Тетово, на улиците Илинденска, ЈНА и Страшо Пинџур, пријавениот со употреба на физичка сила и погоден предмет, вршел тешки кражби во супермаркети, продавници, кафулиња и аптеки, при што одзел...

Украдени 13.000 евра од куќа во кочанско Спанчево

Арамија, вчера, провалил во домот на 33-годишен жител на кочанското село Спанчево и украл 13.000 евра, информираат од полицијата. Крадецот во куќата влегол откако ја обил влезната врата, а по пребарувањето низ низ собите, во фиока од биро, ги нашол парите. Полицијата извршила увид во куќата и трага по сторителот.

Четворица кочанчци осомничени дека украле плен вреден повеќе од еден милион денари

Виничаката полиција поднела кривични пријави против четворица кочанци, осомничени дека минатиот месец од куќа во селото Ласки украле девизи, денари и златен накит, со вкупна вредност поголема од еден милион денари. Според полицијата, С.К. (49), Г.П. (36), Б.П. (32) и Б.М. (29) се осомничени за тешка кражба, која што ја извршиле на почетокот на минатиот месец. Тие провалиле во куќа во селото...

Ограбен жител на струшко Делгожди

Жител на струшкото село Делгожди, вчера во полиција пријавил дека арамија провалил во неговиот дом и украл куфер во кој имало лични документи и разновиден златен накит. По извршениот увид, вкупната материјална штета од кражбата била проценета на околу 150.000 денари. Како што информираат од полицијата, крадецот во куќата влегол откако со соодветен алат ја отворил балконската врата, а потоа отишол...

ДИК апелира да не им се попречува работата на новинарите за време на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) денеска достави писмен одговор по испратената претставка од страна на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), поврзана со случајот со прекршувањата на правата на новинарката...