Од почетокот на овој месец биле пријавени две кражби на компјутери и на компјутерска опрема од училишта во Скопје и во скопското село Патишка Река, информираат од полицијата.
Една од кражбите е регистрирана во основното училиште „Рајко Жинзифов“ во Скопје, од кое, во периодот од 1 до 5 овој месец, непознат сторител од кабинатот по математика украл 20 лаптоп-копјутери.
Другата кражба била пријавена вчера, во полициската станица Кисела Вода, и според неа, во основното училиште „Драга Стојанова“ во селото Патишка Река, непознат сторител од училница одзел монитор, тастатура и куќиште од компјутер.
Полицијата презема мерки за откривање на сторителите.