Украдени компјутери од Универзитетот „Свети Апостол Павле“

Вчераутро во полициската станица Центар била пријавена кражба во административните простории на Државниот универзитет за информатички науки „Свети Апостол Павле“ – Охрид, информираат од полицијата.

Како што информираат оттаму, кражбата се случила во периодот меѓу 9 и 14 април, кога непознат сторител насилно, преку влезната врата, успеал да провали во просториите на Универзитетот, од каде однел три лаптоп-компјутери, марка „асус“, и телевизор.

Полицијата засега нема осомничен за кражбата.