Две жени вчера биле ограбени на подрачјето на скопската општина Аеродром.
Прво, околу 17 часот и 20 минути, 61- годишната Е.П. од Скопје пријавила дека еден час претходно на автобуска постојка во Аеродром, едно лице физички ја нападнало и ѝ одзело личен накит.
Вечерта, пак, 20-годишна девојка пријавила дека околу 19 часот и 30 минути во близина на трговски центар во Аеродром, едно лице физичка ја нападнало и ѝ одзело чанта со пари, лични документи и лични предмети.
Претходно, 55-годишниот Б.М. од прилепското село Клепач пријавил дека претходниот ден околу 22 часот на подрачјето на скопски Центар бил физички нападнат од едно лице, кое му одзело и личен накит.
Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.