Актерката Лупита Нјонго остана без својот оскаровски фустан откако ѝ го украле од хотелската соба. Фустанот со 6.000 бисери на дизајнерската куќа „Келвин Клајн“ вреди 150.000 долари!
Како што јавуваат американските медиуми, фустанот, кој е креација на дизајнерот Франциско Коста, исчезнал од собата на актерката и тоа еден час откако таа го соблекла. Во креирањето на фустанот учествувала и самата Нјонго, која сакала тој да биде флуиден и да е омаж на морето. Креацијата со денови ги полнеше насловните страници на весниците.
Како што јавуваат медиумите, Нјонго не го пријавила веднаш исчезнувањето на фустанот, кој е сопственост на самата дизајнерска куќа. Полицијата го истражува случајот, но засега нема осомничени.
Украдениот фустан може да постигне голема цена на црниот пазар, а неговата вредност се зголемува бидејќи го носела славна личност.
Pearl Oscars dress worn by Lupita Nyong’o stolen, says police http://t.co/BMCPVF4X0s pic.twitter.com/9EfHtquvOK
— NDTV (@ndtv) February 27, 2015