fbpx
Таг: ковид -19

таг: ковид -19

Регистрирани уште 127 случаи на ковид-19, петмина починати и 60 оздравени

Во изминатите 24 часа се направени 1.768 тестирања, а регистрирани се 127 нови случаи на ковид-19 , соопшти Министерството за здравство. Најголемиот број од новодијагностицираните се од Скопје - 38 заразени, потоа е Куманово со 23, Прилеп 15, Гостивар 12, Тетово 8, Велес 5; по 3 нови случаи имаат Берово, Делчево, Свети Николе, Пробиштип и Штип, по 2 нови случаи...

МТСП: Етапната исплата на августовските пензии почнува утре

Исплатата на августовските пензии ќе почне од утре. Министерството за труд и социјална политика (МТСП) информира дека пензиите ќе бидат исплатени предвреме и етапно, со цел да се овозможи поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од коронавирусот КОВИД-19. Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките, за пензионерите кои не користат картички, ќе се реализира во четири...

Жител на Струга требало да седи во изолација, а бил виден во аптека во градот

ОВР Струга поднесе кривична приjава против Д.Д.(34) од струшкото село Лабуништа, со живеалиште во Струга, бидејќи во неделата, иако му е издадено решение од Државниот санитарен и здравствен инспекторат за изолација, бил забележан во аптека во Струга.

Дури 445 прекршоци на одредбата за носење маски се евидентирани во последното деноноќие

Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти дека во текот на изминатовото деноноќие, на територијата на целата земја, полицајците евидентирале 445 прекршоци на наредбата за задолжително носење заштитна маска. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со ковид -19.

Филипче: На концертот на Петар Грашо во Хераклеа прекршени протоколите, да се санкционираат одговорните

Министерот за здравство Венко Филипче денеска реагираше на прекршувањето на протоколите за спречување на ширењето на корона вирусот на концертот на Петар Грашо во Хераклеа завчера, кога античкиот амфитеатар беше полн. Филипче ги повика надлежните да реагираат и соодветно да ги санкционираат сите оние кои ги прекршуваат утврдените протоколи во борбата против коронавирусот. „Не можам да го премолчам еклатантното прекршување...

Откриени 159 нови случаи на ковид-19, шестмина починале, а 75 оздравеле

Министерството за здравство соопшти дека во последните 24 часа се направени 1.733 тестирања за ковид-19, а регистрирани се 159 нови случаи на ковид-19, и тоа: Во Скопје 32, Куманово 25, Дебар 1, Штип 8, Прилеп 7, Тетово 9, Струга 15, Велес 2, Битола 1, Охрид 4, Кавадарци 5, Гостивар 22, Гевгелија 5, Струмица 1, Радовиш 1, Кочани 2, Пехчево...

ОНЛАЈН АНКЕТА: На најголем дел од забавите на кои присуствувале младите не се почитувале препораките за заштита од ковид-19

Една третина или 30 отсто од младите, учесници на онлајн анкетата на Мета.мк во соработка со Инстаграм профилот @studentarijamk, одговориле дека во последните триесет дена посетиле некаков настан во локал, нечиј дом или на отворено, а кој броел повеќе од педесет лица. Според дадените одговори, испитаниците присуствувале на забави и настани организирани во локали во повеќе градови во државата, но...

ССНМ: Сопствениците на медиуми незаинтересирани да зборуваат за работничките права

Новинарите и медиумските работници во земјава имаат плата далеку под државниот просек, а дополнително се загрижени од неизвесноста за задржување на работното место и висината на приходите поради ковид-19. Сопствениците на медиумите, пак се незаинтересирани да разговараат за овие проблеми, соопшти Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ). Синдикатот во јуни спровел анкета меѓу вработените во медиумите за работните...

Некорисно упатството за најава и користење на системот за учење, реагираат наставниците

„Упатство и најава за користење на системот за управување со учење“, е името на документот прикачен на официјалната веб-страница на Бирото за развој на образованието (БРО), кое треба да им користи на наставниците за нивен професионален и кариерен развој. Заради епидемијата со ковид-19, одговорните во БРО креирале онлајн курс на тема „Реализација на наставата со користење на различни ИКТ...

Регистрирани 118 нови случаи на ковид-19 за едно деноноќие

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.653 тестирања, а регистрирани се 118 нови случаи на ковид-19. Институтот за јавно здравје регистрира 127 оздравени пациенти, a во изминатото деноноќие починале тројца пациенти од Тетово (64г), Штип (82г) и Струга (74г), сите во болнички услови. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува...

Обезбедени 75 единици плазма за болните од ковид-19

Од Институтот за трансфузиона медицина информираат дека се обезбедени вкупно 75 единици конвалесцентна плазма за третман на пациенти заразени со ковид-19. Повикот за дополнително и континуирано дарување на крвна плазма е активен, а оваа установа е достапна во секое време за сите донори. - Благодарни сме на сите пациенти кои доброволно донираа плазма. Ги повикуваме сите излекувани пациенти да се пријават...

Уште 108 нови случаи на ковид-19, вкупната бројка надмина 13.000

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.902 тестирања, а регистрирани се 108 нови случаи на ковид-19. Институтот за јавно здравје денеска регистрира 112 оздравени пациенти, а во изминатото деноноќие починале двајца пациенти од Куманово (64г и 72г), во болнички услови. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 13.076, бројката...

Пи-Си-Ар тест за сите граѓани од Косово што тразитираат низ Македонија

Комисијата за заразни болести, на утринскиот состанок донесе одлука да се воведе задолжителен Пи-Си-Ар тест за патниците од Косово кои минуваат низ Македонија, информира Министерството за зравство. „Транзит-патниците на граничниот премин треба да покажат негативен тест не постар од 72 часа. Предлогот од Комисијата ќе биде доставен до Владата“, информираат во министерството. Ова следува откако пред 10 дена, авион со 157...

ИЈЗ: Зголемен бројот на тестирања и оздравени пациенти, опаѓа бројот на смртни случаи и ковид позитивни

Во периодот од 10 до 16 август направени се вкупно 11.605 тестирања на ковид-19, 2.062 или 17.8 проценти повеќе споредено со претходната недела. Од направените тестирања, регистрирани сe 902 нови позитивни случаи, а во наведениот период процентот на позитивни од тестирани изнесува 7.8 проценти, што покажува тренд на континуирано намалување во однос на претходните недели кога истиот се движи...

Вистиномер: Земањето брис од носот не може да ја пробие мозочната бариера

На Фејсбук се појави статус со линкувано видео кои дезинформираат, тврдејќи дека тестирањето за Ковид-19 е причина за појава на симптоми кај асимптоматичните лица, објави Вистиномер. Ваквата дезинформација веќе неколку недели кружи на оваа социјална мрежа на разни јазици и веќе е раскринкана од партнерските сервиси за проверка на факти низ светот. Но, таа сега се појави и на...

Уште 103 нови случаи на ковид-19, тројца починати меѓу кои и 35 годишна жена од велешко

Жителка на Бузалково, велешко, на возраст од 35 години ја загуби битката со ковид-19. Таа била примена на Инфективната клиника и немала никакви коморбидитети. Министерството за здравство евидентирало уште двајца починати пациенти, едниот од Скопје на 69 годишна возраст, како и лице од Македонски Брод на 77 годишна возраст. Во денешната статистика евидентирани се 103 нови случаи на ковид-19, од...

Нови 141 случај на ковид-19, четиримина починати и 93 оздравени пациенти

Министерството за здравство соопшти дека во последните 24 часа се направени 2.006 тестирања, а регистрирани се 141 нови случаи на ковид-19. По градови, бројките се следниве: Скопје 51 нов случај, Куманово 19, Дебар 2, Штип 15, Прилеп 6, Тетово 6, Струга 16, Велес 2, Битола 4, Охрид 2, Кавадарци 1, Гостивар 2, Гевгелија 1, Радовиш 1, Пробиштип 2, Македонски...

Од денеска во Србија само со негативен PCR тест не постар од 48 часа

Македонското Министерство за внатрешни работи (МВР) извести дека на предлог на Институтот за здравје на Србија, српската влада донела одлука со која на граѓаните на Северна Македонија и на уште три земји: Хрватска, Романија и Бугарија, ќе им биде потребен ПСР тест за влез во Република Србија. Одлуката за државјаните на овие четири земји, меѓу кои и на Република Северна...

Наумовска: Учебната година да почне од 15 септември, а наставниот час да трае 30 минути

Министерството за образование и наука предлага наставниот час во основно образование да трае 30 минути, а во средно образование - 35 минути, вели заменичката-министерка за образование и наука Елизабета Наумовска во интервјуто за Мета во кое ги објаснува новите предлози на ова министерство. Сите овие предлози се веќе во завршна фаза и сега за нив треба да се усогласат...

Во изминатото деноноќие регистрирани 175 оздравени пациенти, 141 новозаразен и две починати лица

Во последните 24 часа се направени 1.848 тестирања, а регистрирани се 141 нови случаи на ковид-19, информира Министерството за здравство. Институтот за јавно здравје регистрира 175 оздравени пациенти, а во последното деноноќие починаа две лица на возраст од 88 години и 80 години. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 12.357, бројката на оздравени пациенти...

Путин го посети Си во Пекинг, повика на посилна економска соработка меѓу Русија и Кина

Рускиот претседател Владимир Путин ја истакна важноста на економската соработка меѓу Русија и Кина во посета на кинескиот претседател Си Џинпинг во Пекинг, пренесува „Њујорк тајмс“. Додека неговата армија напредува...