Излекувана пациентка од ковид-19 што дарува крвна плазма | Фото: facebook.com/filipce.venko/

Од Институтот за трансфузиона медицина информираат дека се обезбедени вкупно 75 единици конвалесцентна плазма за третман на пациенти заразени со ковид-19.

Повикот за дополнително и континуирано дарување на крвна плазма е активен, а оваа установа е достапна во секое време за сите донори.

– Благодарни сме на сите пациенти кои доброволно донираа плазма. Ги повикуваме сите излекувани пациенти да се пријават преку електронскиот формулар на веб-страницата на Институтот, со директно јавување, како и преку социалните мрежи да даруваат и со ова да помогнат на нашите пациенти да го победат вирусот – вели директорот на Институтот, д-р Седула Усеини.

Лицето кое што сака да дарува конвалесцентна плазма треба да има документиран лабораториски доказ дека било болно од ковид-19, да има два негативни теста во рок од 24 часа, да биде минимум 21 ден без симптоми, по што се прави дополнителен тест (трет) за да се потврди дека нема присуство на вирус. Исто така, вклучително на протоколите ќе биде земен и примерок за одредување на концентрација и/или титар на неутрализирачки антитела Anti-SARS-CoV-2. Пријавувањето за дарување се врши на оваа страница.

Конвалесцентната плазма содржи антитела против овој вирус создадени од човечкиот организам за сузбивање на болеста. Тие создадени антитела се присутни во плазмата и истите со дарување на конвалесцентна плазма може да се користат во сузбивање на болеста во друго лице со ковид-19.

„Дарував крвна плазма затоа што сметам дека ја зголемуваме шансата и надежта да помогнеме на секој оној којшто се бори…

Gepostet von Венко Филипче am Mittwoch, 19. August 2020