fbpx

Пи-Си-Ар тест за сите граѓани од Косово што тразитираат низ Македонија

-

Комисијата за заразни болести, на утринскиот состанок донесе одлука да се воведе задолжителен Пи-Си-Ар тест за патниците од Косово кои минуваат низ Македонија, информира Министерството за зравство.

„Транзит-патниците на граничниот премин треба да покажат негативен тест не постар од 72 часа. Предлогот од Комисијата ќе биде доставен до Владата“, информираат во министерството.

Ова следува откако пред 10 дена, авион со 157 патници од Скопје слета на аеродромот Турку во Финска. Од нив 24 биле позитивни на ковид-19. Тоа беа патници иселеници, кои доаѓаат во Македонија, или транзирираат преку Македонија од различни причини, а потоа се враќаат на работа во Западна Европа, за коишто со дозвола за престој или државјанство од ЕУ не важат рестрикциите при влез и излез од земјата. Во тој лет најголем дел од патниците патувале со косовски пасош (95 лица), фински пасош (60 лица), а останатите се со македонски (2), албански, бугарски, естонски и шведски пасоши.

Пред два дена на аеродромот во Турку, беа евидентирани уште 43 патници позитивни на ковид-19 кои слетале од Скопје. Сите 115 патници од тој лет се префрлени во карантин во градот. Финските власти сооштија дека ако некој одбие да биде во карантин, ќе биде казнет со затворска казна до три месеци или пак, ќе добие парична казна.

По првиот случај со позитивни патници кои слетаа во Финска, министерот за здравство Венко Филипче преложи задолжителен Пи-Си-Ар тест за сите кои транзитираат низ Македонија, но Комисијата го одби. Оттаму сметаа дека ковид-статусот на патникот може да се промени од негативен во позитивен додека трае патувањето, па негативен резултат не е гаранција дека патникот е навистина негативен на вирусот.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Излезноста до 13 часот е 26,3 отсто

Излезноста до 13 часот во првиот круг од претседателските избори е 26,35 отсто. Гласале 430.364 граѓани, според податоците на Државната изборна комисија (ДИК). Оваа бројка е во реалност и...