fbpx
Таг: корупција

таг: корупција

Претседателот на ФИФА, Сеп Блатер поднесе оставка

Претседателот на ФИФА, Сеп Блатер, поднесе оставка од функцијата. Тој веста ја соопшти за време на прес-конференција во Цирих, Швајцарија. Блатер пред четири дена на гласањето на конгресот на ФИФА беше реизбран на позицијата и го освои петтиот мандант по ред. Два дена пред изборите за нов претседател на фудбалската асоцијација, седум високи функционери на ФИФА беа уапсени во Цирих под сомневање...

Во ВМРО-ДПМНЕ е вистинската Антикорупциска!

Паралелно со антикорупционерите, кои денеска дадоа свечена изјава пред Трајко Вељаноски, функционира и партиска антикорупциска комисија на ВМРО-ДПМНЕ, за која се вели дека е „Антикорупциска - вистинска“! Оттаму и сомнежите дали Државната комисија за спречување на корупцијата не е само параван за работата на комисијата за антикорупција што функционира во рамките на партијата на власт. Во ВМРО-ДПМНЕ главен на оваа комисија е...

Пратениците ги изгласаа новите антикорупционери

Пратениците во Собранието денеска го потврдија изборот на новите членови на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК). За нови членови на комисијата се именувани Горан Миленков, адвокат од Скопје, Игор Тантуровски, доктор на економски науки од Скопје, Најдо Спасевски, адвокат од Скопје, Сузана Таскова-Аџикотарева, магистер по казнено право од Скопје, Жаклина Данчевска, магистер по деловно право од Прилеп,...

Софија формира тело што ќе испитува корупција на официјални лица

Tело што ќе испитува случаи на корупција меѓу официјални лица ќе формира Бугарија, соопшти денеска Владата во Софија. Телото е формирано по критиките од ЕУ поради досегашниот ад-хок пристап за такви случаи. Новото тело ќе разгледува пријави на приходи и на имот, како и евентуален судир на интереси за околу 6.000 официјални лица. Ќе бидат разгледани и евентуална корупција или други кривични...

Колку милиони евра се договорите на Јанакиески и на Груевски?

Двата спорни договори за кои се разговара во снимките што денеска ги објави лидерот на опозицијата, Зоран Заев, се однесуваат на изградба на автопатите Миладиновци - Свети Николе - Штип и Кичево - Охрид. Во еден од разговорите, министерот Миле Јанакиески и непознат соговорник разговараат за прогнозата на Агенцијата за државни патишта за цената за изградба на автопатот. Соговорникот вели дека...

Институциите да се вклучат во истрагата околу „бомбите“

Граѓанските организации од Платформата за борба против корупција внимателно го следат објавувањето на снимените телефонски комуникации, информираат од Платформата. Оттаму велат дека објавените снимки треба да бидат предмет на истрага поради сомнежите за незаконско прислушување. „Бараме содржината на снимките да биде посебно и внимателно испитана, затоа што разговорите укажуваат на можни незаконски активности. Без разлика кој е изворот на снимените...

Заев осомничен за поткуп од 200.000 евра

Министерството за внатрешни работи го сомничи претседателот на СДСМ, Зоран Заев, за случај на корупција од 200.000 евра. „Пријавениот во периодот од ноември 2013 година до денес, во својство на градоначалник на Општина Струмица, на лице од Струмица директно за себе и за друг, му побарал подарок од значителна вредност во износ пресметан од две евра за еден квадратен метар...

Заев: Ќе го објавиме само криминалот

„Материјалот за прислушувањето го добивме во текот на изборите. Додека траеше изборниот процес ми беше најавено. И тогаш се запрепастив. Но, беа потребни четири-пет месеци да објавиме за да се разгледа. Не може веднаш да се објави. Тоа е една од причините - да седнам и јас да го сублимирам материјалот. Не можам на секој во партијата да го...

Македонците не веруваат во борбата против корупцијата

Граѓаните на Македонија се најголеми песимисти дека нешто може да се направи во однос на корупцијата, таа да се намали или да се искорени и по ова прашање сме на самото дно меѓу останатите земји од Југоисточна Европа. Ова е еден од главните заклучоци од истражувањето на иницијативата „Лидерство за развој и интегритет во Југоисточна Европа“ (СЕЛДИ), во рамките на...

Презентација на проектот „Процена на корупцијата и на антикорупцијата во Југоисточна Европа“

Проектот „Процена на корупцијата и на антикорупцијата во Југоисточна Европа“ денеска ќе биде промовиран во рамки на Регионалниот извештај за антикорупција. Извештајот е подготвен од иницијативата СЕЛДИ (Лидерство за развој и интегритет во Југоисточна Европа), чија членка е и Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС). На промоцијата на проектот, свое обраќање ќе имаат амбасадорот на САД, Барт Патни, и Мартин Клауке,...

Нова истрага за корупција против Милан Бандиќ

Против загрепскиот градоначалник Милан Бандиќ, које веќе е осомничен за корупција во аферата „Аграм“, покрената е нова истрага поради сомнеж дека незаконски помагал при собирањето потписи за референдум во рамките на граѓанската иницијатива „Во име на семејството“, пренесуваат хрватските медиуми. Бандиќ, според сомневањата, се товари дека обезбедил печатење на летоци и на плакати и емитување на видеоспотови и отстапување на штандови,...

По корупцијата удираме само со дебати и со трибини

На интернет-страницата на Државната комисија за спречување корупција можат да се најдат повеќе известувања за трибини, дебати и за јавни настани, отколку информации за поведени постапки од комисијата. Имено, од јуни до денеска на интернет-страницата на ДКСК имаа само шест извествувања за постапки, седум соопштенија за оддржани настани или трибини, една јавна опомена за спречување корупција. Меѓународниот ден за борба...

Ден на борба против корупцијата

Настан за одбележување на Меѓународниот ден за борба против корупцијата денеска ќе организираат Државната комисија за спречување на корупцијата и Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), во соработка со Заедницата на единиците на локална самоуправа (ЗЕЛС). Настанот ќе почне во 11 часот, во хотелот „Александар палас“ во Скопје. За време на настанот, голем број градоначалници ќе потпишат документи за антикорупциски...

Македонија чекори во место на листата за корупција

Македонија е на 64. место од 175 земји на најновата ранг-листа што ја презентираше „Транспаренси интернешнел - Македонија“. Од земјите во регионот, подбри се Словенија на 39. место и Хрватска, која се наоѓа на 61. место. Македонија 64. место го дели со Турција и со Оман. Од другите земји во регионот, Црна Гора се наоѓа на 76. место, Србија на...

ДКСК опомени петмина пратеници поради судир на интереси

Државната комисија за спречување на корупцијата, постапувајќи по предмети од областа на судирот на интереси, констатира состојба на судир на интереси кај лицата Томислав Белакапоски, Часлав Јовановиќ, Орце Симов, Драги Давчевски и Аки Акиов, поради повреда на член 9 и член 20, став 1 и став 2 од Законот за спречување на судир на интерси и тоа: Томислав Белакапоски напрвавил...

Кржаловски: Лекарите, професорите и полицајците се најкорумпирани

Kорупција во македонското општество е на загрижувачко ниво. Според методогија која се применува во цела Европска Унија, која ја мери не само перцепцијата, туку и реалното искуство на граѓаните, најкорумпирани професии се лекарите, професорите и полицајците, објаснува во интервју за „Инбокс7“, Александар Кржаловски, прв извршен директор на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС). - Виктимолошката анализа покажува дека само ако...

Корупцијата во четири очи тешко се докажува

Тешко е да се докаже корупцијата во јавните набавки во Македонија, корупцијата на локално ново е недоволно истражена, а, во исто време, и јавната доверба во институциите надлежни за справување со корупција е ниска, покажа истражувањето на Ана Стојиловска, истражувач од „Аналитика“, автор на трудот „Ризици од корупција кај јавно-приватно партнерство во Македонија“. Трудот денеска беше презентиран во општина Битола, а...

ЕУ: Истрага за корупцијата во ЕУЛЕКС на Косово

Европската посредничак Емили О’Рајли, најави отворање на независна истрага на нејзините служби за наводите за корупција на мисијата на Европската Унија на Косово, ЕУЛЕКС, дознаваат европските медиуми, кои го објавија нејзиното писмо испратено минатиот петок до надлежните во европската служба за надворешна акција, ЕЕАС. Во писмото О’Рајли вели дека медиумските извештаи за наводите за корупција и за митo во ЕУЛЕКС го привлекле...

СДСМ: Дали зад големите пари во естрадата стои корупција со амин на власта?

Министерството за култура не даде одговор дали е донатор на наградите во вкупна вредност од дури 45.000 евра за „Скопски фестивал“! Оваа информација ја соопшти Министерството за внатрешни работи во својот првичен извештај од истрагата, по скандалот со местенките. Но, без разлика дали е тоа Министерството за култура или, како што тврди МРТВ, односно самата Македонска радиотелевизија, имаме право да знаеме...

Ирак: Сменети 26 воени офицери поради корупција

Ирачкиот премиер Хајдар ел Абади смени 26 воени офицери поради корупција и неспособност да се соочат со џихадистите од Исламска држава. - Воениот персонал мора да биде компетентен и тоа е особено важно затоа што не може да се работи како што треба ако персоналот не е ефикасен - рече Абади за ирачката телевизија. Премиерот на Ирак соопшти дека ефикасноста на војската е...

„Правиме букви“ – утре детска работилница за фонтови во „Бруталиск“

Утре, в недела во 11 часот во КЦ Бруталиск се одржува бесплатна работилница за писма, фонтови и типографија за деца над шест годишна возраст. Под менторство на Небојша Гелевски...