fbpx

По корупцијата удираме само со дебати и со трибини

-

На интернет-страницата на Државната комисија за спречување корупција можат да се најдат повеќе известувања за трибини, дебати и за јавни настани, отколку информации за поведени постапки од комисијата. Имено, од јуни до денеска на интернет-страницата на ДКСК имаа само шест извествувања за постапки, седум соопштенија за оддржани настани или трибини, една јавна опомена за спречување корупција.

Меѓународниот ден за борба притив корупција во Македонија се одбележа со трибина на која Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) потпиша меморандум за соработка со Заедниците на локалната самоуправа (ЗЕЛС).
Првиот човек на антикорупциска комисија, Ѓорѓи Сламков, вели дека оваа досега поднеле седум иницијативи за кривично гонење до Јавното обвинителство и дека годинава изрекле околу 40 јавни опомени на носители на јвни фунцкии каде што е констатиран судир на интереси. Според него, тоа е единственото средство со кое комисијата може да реагира, а е во согласност со Законот за спречување судир на интереси.
– Комисијата постојано добива претставки од граѓаните во однос на корупциски предмети, судир на интереси и постапува по нив – истакна Сламков на денешното одбележување на Меѓународниот ден за борба против корупција.

Според Слаѓана Тасева од „Транспаренси интернешнал“, не се прави ништо за да се намали корупцијата во Македонија. Таа вели дека единственото нешто што прави комисијата се патувања во странство за надградувања на капацитетите, кои потоа не ги користат во борба против корупцијата во Македонија.
– Немаа ефективна борба против корупцијата. Се организираат трибини и дебати само колку да се покаже дека нешто се работи, а, всушност, ништо не се прави. Очигледно е дека активностите што ги преземаат властите се недоволни, а институциите се неефикасни во справувањето со корупцијата. Сè уште има сериозни недостатоци во владеењето на правото, што создава недоверба кај граѓаните во судството и во Собранието како институции. Постои очигледна недоволна ангажираност на институциите за преземање мерки за расчистување на сомневањето за корупција, кои се поврзани со носителите на власта и затоа недопирливоста на одговорните за корупција е секојдневие што треба да се искорени – вели Тасева.

Меморандумот со антикорупциски политики го потпишаа повеќе од 40 градоначалници, со што ќе го почнат процесот на имплементирање на системот на интегритет во нивните општини.

Постојаната претставничка на УНДП, Луиза Винтон, порача граѓаните да го надминат чуството дека корупцијата е дел од животот и дека треба да дадат пари за да добијат подобра нега од докторите.
– Триесет и пет проценти од митото биле понудени од граѓаните, а не биле побарани од доктори или полицајци. Секој има своја улога во елеминирањето на корупцијата – заклучи Винтон.

Македонија е на 64. место од 175 земји на најновата ранг-листа што ја презентираше „Транспаренси интернешнел – Македонија“. Од земјите во регионот, подбри се Словенија на 39. место и Хрватска, која се наоѓа на 61. место. Македонија 64. место го дели со Турција и со Оман.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

За еден ден, две жени од Скопје нападнати од своите партнери

Два случаја во кои жени од Скопје се нападнати од своите партнери се регистрирани во полицискиот билтен во текот на вчерашниот ден. Околу 18 часот и 30 минути вчера, во...