fbpx

Пратениците ги изгласаа новите антикорупционери

-

Пратениците во Собранието денеска го потврдија изборот на новите членови на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК). За нови членови на комисијата се именувани Горан Миленков, адвокат од Скопје, Игор Тантуровски, доктор на економски науки од Скопје, Најдо Спасевски, адвокат од Скопје, Сузана Таскова-Аџикотарева, магистер по казнено право од Скопје, Жаклина Данчевска, магистер по деловно право од Прилеп, а членови од претходниот состав се Сеиди Халили, дипломиран економист од Тетово, и Фарије Алиу, доктор на економски науки од Гостивар.

Претседателот на комисијата за избори и именувања, Зоран Илиевски, рече дека Комисијата со своето дејствување е доста значајна во општествениот живот и во државата. Илиевски додаде дека Комисијата одлучила да има и стари и нови членови за да постои баланс, односно за досегашните членови да го пренесат нивното искуство на новите, кои ќе внесат нов дух и елан во Комисијата. На огласот за антикорупционери се пријавиле вкупно 59 кандидати.

Пратеничката Љубица Буралиева рече дека врз членовите на Комисијата која во изминатиот период ги премолчела и не постапила по најкрупните случаи има политичко влијание.

– Се поставува прашањето за оправданоста на постоењето на оваа Комисија – рече Буралиева.

Според пратеничката Роза Топузовска-Каревска, нема никаков напредок во судството и во борбата со корупцијата во државата, што, како што наведе, е нотирано во извештаиите на Европската комисија. Токму поради таа корупција, истакна, граѓаните немаат доверба во институциите на системот и во функционерите.

Во реплика, Илиоски од ВМРО-ДПМНЕ рече дека откако е оваа партија на власт, има подобрување во справувањето со корупцијата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Нов апарат за магнетна резонанца во болницата „Св. Еразмо“

Специјализираната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ во Охрид, доби нов апарат за магнетна резонанца вреден 1,2 милиони евра, а е набавен со поддршка од Европската Унија, изјави...