fbpx

ДКСК опомени петмина пратеници поради судир на интереси

-

Државната комисија за спречување на корупцијата, постапувајќи по предмети од областа на судирот на интереси, констатира состојба на судир на интереси кај лицата Томислав Белакапоски, Часлав Јовановиќ, Орце Симов, Драги Давчевски и Аки Акиов, поради повреда на член 9 и член 20, став 1 и став 2 од Законот за спречување на судир на интерси и тоа:

Томислав Белакапоски напрвавил повреда на член 9 од Законот за спречување на судир на интереси – истовремено со функцијата член на Совет на Општина Прилеп на која е избран на локалните избори одржани 2013 година ја извршува и функцијата управител на Трговско друштво за транспорт, превоз и услуги „Транс -глобал“ Илија ДООЕЛ увоз – извоз Прилеп.

Часлав Јовановиќ – повреда на член 9 од Законот за спречување на судир на интереси – истовремено со функцијата член на Совет на Општина Старо Нагоричане, на која е избран на локалните избори одржани 2013 година, ја извршува и функцијата управител на трговско друштво – Друштво за противпожарна заштита „Превентива ДПД“ Перо Чичо ДООЕЛ, Куманово.

Орце Симов – повреда на член 9 од Законот за спречување на судир на интереси – истовремено со функцијата член на Управен одбор на Фондот за иновации и технолошки развој, избран од Владата на Република Македонија, ја извршува и функцијата управител на трговско друштво – Друштво за производство, трговија и компјутерски активности „Компјунет – инжинеринг“ ДООЕЛ Орце увоз – извоз, Македонска Каменица и овластено лице на подружница во Скопје.

Драги Давчевски – повреда на член 9 од Законот за спречување на судир на интереси – истовремено со функцијата член на Совет на Град Скопје, на која е избран на локалните избори одржани 2013 година, ја извршува и функцијата овластено лице на подружница – раководител на подружница – Кале Скопје.

Аки Акиов – повреда на член 20 став 1 и став 2 од Законот за спречување на судир на интереси – истовремено со функцијата член на Совет на Општина Кочани, на која е избрана на локалните избори одржани 2013 година, прима и соодветен паричен надоместок за членување во Здружение на граѓани ЗПР – Штип.

Државната комисија за спречување на корупцијата се обратила лично до наведените службени лица со барање во рок од 15 дена, сметано од денот на приемот на барањето, доброволно да се откажат од извршување на едната од двете функции кои истовремено ги извршуваат, односно да се откажат од извршување на функцијата управител на трговско друштво или установа со што ќе ја отстранат повредата на член 9 од Законот за спречување на судир на интереси, да се откажат од паричниот надоместок што го добиваат поради членување во здружение на граѓани, со што ќе ја отстранат повредата на член 20, став 1 и став 2 од истиот закон и ќе ја спречат состојбата на судир на интереси во која се наоѓаат.

Томислав Белакапоски, Часлав Јовановиќ, Орце Симов, Драги Давчевски и Аки Акиов не постапиле по барањето на Државната комисија, поради што во смисла на член 23, став 3 од Законот за спречување судир на интереси, Државната комисија за спречување на корупцијата донесе одлука на овие лица да им изрече мерка јавна опомена.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

За еден ден, две жени од Скопје нападнати од своите партнери

Два случаја во кои жени од Скопје се нападнати од своите партнери се регистрирани во полицискиот билтен во текот на вчерашниот ден. Околу 18 часот и 30 минути вчера, во...